Оператор во контакт центар во Скопје

За компанијата: СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен 30 години. СЕТЕК сé од техника ја поседува најголемата дистрибутивна мрежа во Македонија... повеќе за компанијата »

Поради потреба од нов кадар во Скопје, СЕТЕК СЕ ОД ТЕХНИКА ДОО Скопје распишува конкурс за работа:

Оператор во контакт центар во Скопје


Ве покануваме да станете дел на нашиот професионален тим.

 

Локација: Ул. 1523 БР. 1, Горно Лисиче, Дирекција на СЕТЕК Се од Техника ДОО Скопје

 

Потребни квалификации:

  • ВСС/ССС
  • Пожелно е претходно работно искуство
  • Работно користење на компјутер – MS office
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на албански јазик ќе го сметаме за предност

 
Потребни способности и вештини:

  • Одлични комуникациски способности
  • Ориентираност кон рокови и способност за извршување на повеќе активности истовремено
  • Флексибилност за индивидуална и тимска работа, љубезност, снаодливост, комуникативност со голем праг на толеранција и способност да се снајде во разни ситуации.

 

Одговорности и задачи:

  • Грижа за корисниците и одговарање на нивните барања поврзани со нашите услуги и производи
  • Решавање на технички проблеми и сервисни процедури
  • Решавање на поплаки на корисници преку телефон, имејл и социјални медиуми
  • Давање информации за нашите понуди и промоции со цел задоволување на поребите на корисниците

 

Ние нудиме:

  • Платена обука и менторирање од колега со долгогодишно искуство
  • Работа во динамична и пријатна канцелариска атмосфера во која се негува почит, отвореност, взаемно помагање и тимска работа
  • Работата се одвива во две смени од 08,30-16,30 и од 13,00-21,00 часот

 

 

Ги охрабруваме сите заинтересирани кандидати да го достават своето CV на е-пошта [најави се за да го видиш е-маилот] со наслов на огласот “Контакт центар”.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »