Мотиви лого

Power BI Consultant / Contractor (Project-Based | Remote)

За компанијата: Со посветеност која трае веќе 15 години, со иновативни и сеопфатни услуги, Мотиви успешно им служи на најголемите компании на нашиот пазар и овозможува креирање на успешни работни односи. Од самиот почеток... повеќе за компанијата »

Мотиви Вработување, за потребите на свој клиент, објавува оглас за:

Power BI Consultant / Contractor (Project-Based | Remote)

Бараме искусен Power BI Consultant за проектен ангажман со можност за долгорочна соработка.

Доколку имате искуство со развој на интерактивни Power BI dashboard-и, финансиско известување и KPI аналитика, ова е одлична можност да работите на интересен меѓународен проект.

Одговорности

  • Развој на Power BI dashboard-и и извештаи.
  • Креирање финансиски и оперативни извештаи.
  • Дизајн и имплементација на KPI dashboard-и.
  • Анализа и визуелизација на податоци.
  • Комуникација со клиентот за дефинирање на барањата и обемот на проектот.
  • Оптимизација и одржување на постојните извештаи.

Потребни квалификации

  • Практично искуство со Microsoft Power BI.
  • Одлично познавање на DAX и Power Query.
  • Искуство со SQL и работа со различни извори на податоци.
  • Познавање на финансиско и оперативно известување.
  • Способност за самостојно организирање на работата.
  • Добро познавање на англиски јазик (писмено и усно).

Ќе се смета за предност

  • Искуство со Azure, Fabric или Data Warehousing.
  • Познавање на ETL процеси.
  • Искуство со KPI и executive dashboard-и.

Што нудиме

  • Целосно remote ангажман.
  • Проектна соработка со меѓународен клиент.
  • Почетен проект од приближно 80–120 работни часа.
  • Можност за континуирана соработка со 4–8 часа месечно за нови извештаи и одржување.
  • Флексибилно работно време.
  • Договор по час (hourly rate) според искуството.

Доколку сте заинтересирани, испратете го вашето CV на англиски јазик, заедно со краток опис на вашето искуство со Power BI и, доколку имате, примери од претходно изработени dashboard-и.

Заинтересираните кандидати може да аплицираат на копчето за брза апликација, своите професионални биографии можат да ги проследат на: [email protected] (со назначена позиција за која сте заинтересирани), или со порака на Viber: +389 78 479 313

Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.

Кандидатот, во секое време, може да ја повлече согласноста со испраќање на известување на електронската пошта [email protected]

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »