Мотиви лого

Сметководител

За компанијата: Со посветеност која трае веќе 15 години, со иновативни и сеопфатни услуги, Мотиви успешно им служи на најголемите компании на нашиот пазар и овозможува креирање на успешни работни односи. Од самиот почеток... повеќе за компанијата »

Мотиви Вработување, за потребите на свој клиент објавува оглас за:

ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ

Работни одговорности:

  • Книжење на финансиска, документација.
  • Евидентирање и контрола на влезни и излезни фактури.
  • Пресметка и подготовка на ДДВ, данок на добивка и персонален данок.
  • Следење и усогласување на салда со купувачи, добавувачи и банки.
  • Подготовка и поднесување законски извештаи и пријави до надлежните институции.
  • Изготвување месечни, квартални и годишни финансиски извештаи.
  • Подготовка и поднесување на завршна сметка и годишни финансиски извештаи.
  • Подготовка на финансиски анализи, извештаи и информации за потребите на менаџментот.
  • Комуникација со Управата за јавни приходи, Централен регистар, банки, ревизори и други релевантни институции.
  • Следење на законските прописи од областа на сметководството, даноците и финансиското работење и нивна примена во работењето.
  • Архивирање и уредно водење на сметководствената документација согласно законските прописи.
  • Учество во подготовка на интерни контроли, пописи и ревизии.
  • Извршување и други работни задачи поврзани со сметководственото и финансиското работење.

Потребни квалификации:

  • Поседување важечки сертификат за овластен сметководител.
  • Завршено високо образование од областа на економија, финансии или сметководство.
  • Најмалку 5 години работно искуство во сметководство (предност ќе имаат кандидати со поголемо искуство).
  • Одлично познавање на сметководствените стандарди, финансиската и даночната регулатива.

Ние нудиме:

  • Работа во стабилна и професионална компанија.
  • Можност за професионален развој и континуирано усовршување.
  • Пријатна работна атмосфера и поддршка од искусен тим.
  • Можност за долгорочна кариера и напредување.

Доколку ги исполнувате наведените услови и сакате да бидете дел од нашиот тим, испратете ја вашата биографија (CV). Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.

Сите заинтересирани кандидати може да аплицираат на копчето за брза апликација, своите професионални биографии можат да ги проследат на: [email protected] (со назначена позиција за која сте заинтересирани), или со порака на Viber: +389 78 479 313

Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.

Кандидатот, во секое време, може да ја повлече согласноста со испраќање на известување на електронската пошта [email protected]

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »