Промовирани огласи »

Најновите огласи за работа во Скопје!

Најди работа во Скопје!

Скопје како главен град и економски центар на Македонија нуди широк спектар на можности за вработување во разни индустрии и сектори. Во последно време, пазарот на трудот во Скопје забележува зголемена побарувачка за професионалци од различни области, од технологија и маркетинг до угостителство и администрација. 

Еве некои од најновите и најпопуларни огласи за работа во градот:

Автомеханичар
Келнер/ка - F&B Service Expert
Дизајнер за внатрешно уредување
Графички дизајнер
Помлад референт за сметководство и финансии

Останатите оглси за во Скопје можете да ги најдете ТУКА.

Прочитајте и за: Огласи за работа во Тетово!

Промовирани огласи »

Колку работен стаж имаш и зошто ти е важен?

Kако стажот влијае на висината на пензијата

Работниот стаж го означува вкупниот период во кој едно лице било формално вработено и за кое редовно се уплаќале придонеси за пензиско и инвалидско осигурување. Тој има значајна улога не само при стекнување право на пензија, туку и при одредување на нејзиниот износ.

Видови работен стаж

  • Полн стаж – период во кој сте биле вработени со полно работно време и континуирано се уплаќале придонеси.
  • Прекинат стаж – се однесува на случаи кога има паузи во работниот однос, но претходно остварениот стаж останува евидентиран.
  • Бенефициран стаж – важи за одредени професии (како рударство, полиција, армија), каде поради специфичните услови на работа стажот се пресметува побрзо.

Зошто е важен работниот стаж?

  • Пензија – подолг стаж најчесто значи подобри услови и повисок износ на пензија.
  • Работнички права – должината на стажот влијае врз правото на годишен одмор, боледување, опремнина и други бенефиции.
  • Професионална стабилност – континуираниот стаж покажува сигурност и искуство пред идните работодавци.

Како да го проверите стажот?

Во Македонија, податоците за работниот стаж може да се проверат преку системот на Фондот за ПИОСМ, каде со личен или електронски пристап можете да ги видите сите евидентирани години и месеци со платени придонеси.

Тагови: ПИОМ работа работнички права стаж

Промовирани огласи »

Вработување во КАМ Маркет!

Најновите огласи за работа во КАМ Маркет!

КАМ доо е најголем национален хард-дисконт и трговец-лидер во малопродажбата во Македонија. КАМ ги следи принципите на хард-дисконт: висок квалитет по ниски цени. Зад успехот на КАМ стои внимателно избран асортиман од над 1700 производи со повеќе од 600 производи од приватни трговски марки.

Моментално отворени позиции:

Касиери - Струмица
Возач со Ц категорија
Магацински работници - подготвувачи на роба - Велес

Магацински работници - подготвувачи на роба - Куманово
Магацински работници - подготвувачи на роба - Свети Николе

Сите останати огласи од КАМ можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: Кам Доо Илинден

Промовирани огласи »

Хибридната работа останува омилен модел кај вработените

Новите бројки се јасни: Хибридната работа останува прв избор!

И покрај тоа што многу компании во последните години воведоа построги правила за враќање во канцеларија, хибридниот модел и понатаму е најпосакуваниот начин на работа за голем број вработени.

Најновите европски податоци покажуваат дека хибридната работа (2 до 4 дена работа од дома неделно) е најчестиот и најпосакуван модел. Дури 84% од вработените кои веќе работат хибридно се задоволни од својот распоред, додека 43% од целосно оддалечените работници би сакале почесто да одат во канцеларија, што покажува дека балансот е поважен од целосната работа од дома.

Дополнително, глобалното истражување на Универзитетот Стенфорд спроведено меѓу повеќе од 16.000 високообразовани вработени во 40 земји покажува дека нивото на работа од дома се стабилизирало, а хибридниот модел останува најчест избор, особено кај родителите кои бараат подобар баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот.

Истражувањата покажуваат и дека хибридната работа носи придобивки и за работодавачите поголема продуктивност, помал промет на вработени и подобра рамнотежа помеѓу тимската соработка и флексибилноста.

Пораката е јасна: иднината на работата не е само „од дома“ или „од канцеларија“ туку паметен баланс помеѓу двете.

Прочитајте и за: HR тренд: Дали „тивкото напредување“ е одговорот на „тивките откази“?

Тагови: HR трендови хибридна работа

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »