
За компанијата: Со посветеност која трае веќе 15 години, со иновативни и сеопфатни услуги, Мотиви успешно им служи на најголемите компании на нашиот пазар и овозможува креирање на успешни работни односи. Од самиот почеток...
повеќе за компанијата »Мотиви Вработување, за потребите на свој клиент, објавува оглас за:
ФИНАНСИСКИ И АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ
Работни задачи:
- Подготовка и евидентирање на влезни и излезни фактури
- Проверка, обработка и архивирање на финансиска документација
- Подготовка на налози за плаќање и следење на извршените плаќања
- Следење на побарувањата и обврските кон клиенти и добавувачи
- Водење на благајничко работење и каса
- Подготовка на финансиски извештаи
- Комуникација и координација со надворешното сметководствено биро
- Следење на банкарските изводи и усогласување на плаќањата
- Водење и ажурирање на досиејата на вработените
- Комуникација со државни институции, банки, клиенти и добавувачи
- Следење на рокови за договори и административна документација
Потребни квалификации:
- Познавање на финансиско и административно работење
- Одлично познавање на Microsoft Office, особено Excel и Word
- Познавање на англиски јазик
- Основно познавање на даночни и сметководствени прописи
Сите заинтересирани кандидати може да аплицираат на копчето за брза апликација, своите професионални биографии можат да ги проследат на: [email protected] (со назначена позиција за која сте заинтересирани), или со порака на Viber: +389 78 479 313
Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.
Кандидатот, во секое време, може да ја повлече согласноста со испраќање на известување на електронската пошта [email protected]
Слични огласи »