Нептун Македонија лого

Продукт менаџер (Мобилни телефони)

За компанијата:

Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација - Balkan Finance Investment Group. Нептун... повеќе за компанијата »

ПРОДУКТ МЕНАЏЕР

(Категорија: Мобилни телефони)

Опис на работната позиција:

Продукт менаџерот ќе биде одговорен за собирање и анализирање на информации од пазарот на мобилни телефони и сродни уреди, креирање и имплементација на стратегија за развој на категоријата, водење преговори со добавувачи и производители, како и реализација на годишните планови и деловни цели.

Менаџерот е директно одговорен за управување со животниот циклус на производите, финансиските резултати на категоријата, уделот на пазарот, приходите, профитабилноста, оптимизацијата на залихите, како и условите и роковите за плаќање за доделениот асортиман на производи.

Идеалниот кандидат има пасија за мобилна технологија, стратешки пристап кон работењето, високо развиени аналитички и преговарачки вештини, способност за работа во динамична средина и креативен пристап во развојот и позиционирањето на производите на пазарот.

Потребни квалификации:

  • Универзитетско образование од областа на техничките науки, бизнис администрација или економија
  • Минимум 3 години работно искуство во набавка, продажба, продукт менаџмент или сродна област
  • Добро познавање на пазарот на мобилни телефони, потрошувачка електроника и актуелните технолошки трендови
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Напредно познавање на MS Office пакетот и Power BI
  • Одлични комуникациски, презентациски и преговарачки способности
  • Изразени аналитички вештини и способност за носење одлуки базирани на податоци
  • Позитивен пристап, тимски дух и ориентираност кон резултати

Што нудиме?

  • Атрактивен пакет на плата и бенефиции
  • Работа со врвни светски брендови и иновативни производи
  • Одлични услови за работа во професионална и амбициозна средина
  • Континуирани обуки и можности за професионален развој и напредување
  • Можност да влијаеш врз развојот на една од најважните и најбрзо растечки категории во компанијата

Доколку мобилната технологија е твоја страст, а бизнисот и анализата се твоја силна страна, приклучи се на тимот на Нептун и учествувај во креирањето на иднината на мобилната индустрија во Македонија.

Аплицирај преку означеното поле, најдоцна до 03.08.2026

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »