Промовирани огласи »

Според проекциите на предлог-буџетот за 2023, просечната бруто плата во Владата ќе се зголеми за 5.350 денари и догодина ќе изнесува 64.200 денари, анализира Порталб.

Во најголем дел од министерствата ќе зголеми просечната бруто-плата по вработен. Платите најмногу би се намалиле во Собранието - во просек за 6.600 денари и средната вредност би изнесувала 66.900 денари. Во Министерството за политички систем на Артан Груби намалувањето ќе изнесува дури 4.900 денари, со што просечната бруто платата ќе изнесува 38.282 денари. 

Во Министерството за образование е планиран раст за 13.500 денари при што просекот ќе достигне 58.822 денари. Позначаен раст од речиси 15.000 денари ќе има и во Министерството за финансии со што во 2023 година просечната бруто плата таму ќе достигне до 60.685 денари.

Иако просекот во Министерстви за надворешни работи е 122.243 денари, најмногу поради високите примања на амбасадорите, и во овој ресор ќе има зголемување за 5.350 денари и догодина ќе изнесува 122.243 денари.

Во Министерството за здравство и во Министерството з акултура ќе има зголемувања во просек само од 2.200, односно 2.500 денари. Симболични зголемувања ќе има во министерствата за труд и социјална политика, односно во животна средина.

Промовирани огласи »

KROMBERG & SCHUBERT е глобална индустриска групација примарно активна во автомобилската индустрија, која ја сочинуваат четири деловни единици: кабли, оn-board мрежи, пластична технологија и мехатроника. Своите производи ги пласира кај најголемите европски производители на автомобили (VW, BMW, AUDI, Mercedes, Škoda...) и вработува преку 50.000 луѓе ширум светот на повеќе од 40 различни локации.

Моментално вработува на следниве работни позиции:

ИНЖЕНЕР ЗА ПЛАНИРАЊЕ НА ПРОЦЕСИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПЛАНИРАЊЕ НА СУРОВИНИ
КНИГОВОДИТЕЛ – ПРАКТИКАНТ
ТРЕНЕР / ОБУЧУВАЧ ЗА ПРОИЗВОДСТВО
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА „КАНБАН“ ВО ОДДЕЛ ЗА ЛОГИСТИКА

 

Како и сите останати отворени и активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ поевтинуваат за 2,00 денара по литар, а малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси.

Нова цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 81,00 за литар, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе чини 83,50 денари.

Литар ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и натаму ќе се продава за 84,50 денари, Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) за 81,50 денари, а килограм Мазут М-1 НС за 42,171 денари. 

Промовирани огласи »

Многумина од нас сме со работните лаптопи на трпезариските маси, мејловите кои ни пристигнуваат во секое време од денот и викенди кои наликуваат на работни денови.

Знаци дека немате добри работни навики:

Работното однесување кое можеби се „нормализирало“ може да направи сериозна штета на вашето ментално здравје. Значи, на што треба да внимавате? Навиките кои треба да бидат означени со црвено вклучуваат испраќање е-пошта во неработни часови, не правење паузи, постојано работење, постојано одговарање на мејлови. Ова доведува до  немоќност да делегирате или да соработувате затоа што  превземате многу повеќе отколку што треба.

Постојат моменти кога се потребни дополнителни часови за одредени рокови. Но, ако прекувремената работа е постојана и работниот притисок никогаш не попушти, тогаш може да имате проблем. Преземањето сè на себе не само што ве остава исцрпени, туку можеби и лути, огорчени, па дури и виновни.

Совети како да ги подобрите лошите работни навики:

Чест проблем е мислата дека треба да кажуваме „да“ на сè. Ова доведува да изгледаме корисни и  вредни. Но исто така кога велиме „да“ ни прави  чуствуво дека мораме да направиме се сами. Ова потоа придизвкува чуствo на незадоволство и лутина, бидејќи се чуствуваме како да работиме само ние. Затоа добро одлучете кога прифакаќте нешто.

Но пак кога кажуваме „не“ можеби е тешко, но исто така е чин на грижа за себе. Да кажете „не“ им помага на луѓето да го почитуваат вашето „да“, бидејќи ќе можат да  ви веруват кога прифаќате нешто. Ако не можете да кажете „не“, тогаш обидете се да кажете „да“ со услови - бидете јасни за вашата временски лимит за да ја извршете дадената задача.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »