Извршниот потпретседател на Европската комисија е на мислење дека нема опасност од продлабочување на инфлацијата поради воведувањето на еврото. Цените, вели тој, не треба да растат прекумерно поради ова.
Влезот во еврозоната и Шенген се добри вести не само за хрватските граѓани, туку и за бизнис заедницата, изјави извршниот потпретседател на Европската комисија за економија Валдис Домбровскис на брифинг со хрватските новинари. Тој повтори дека тоа носи бројни придобивки.
Со влегувањето во еврозоната позајмувањето пари поевтинува, цените на ниво на Европската унија стануваат потранспарентни, а тоа е важно за вашиот туристички сектор, а освен тоа еврото е втора најважна валута во светот, што значи дека вашата земја ќе биде заштитена од фискални шокови - рече тој.
Домбровскис е на мислење дека нема опасност од продлабочување на инфлацијата поради воведувањето на еврото. Цените, вели, не треба да растат претерано, а очекува зголемување до 1,3 процентни поени.
Земјите чија валута е еврото подобро ја поднесува инфлацијата - тврди Домбровскис.
Извршниот потпретседател на ЕК вели дека според нивните досегашни прогнози во наредната година ќе се почувствува мала економска стагнација, но рецесија не треба да дојде.
Тој очекува и хрватската економија да порасне за еден процент.
Домбровскис изјави дека во цела ЕУ е забележана за 15 отсто помала потрошувачка на енергија во однос на третиот квартал лани, но напоменува дека целата ЕУ ќе мора да најде други добавувачи до следната година, односно зимата.
FOTO: Freepik