Промовирани огласи »

Кога наутро ќе седнете во вашиот автомобил, позната ви е сцената на замаглени прозорци и времето кое го трошите за да ги одмаглите.

Меѓутоа, постои трик со којшто ќе заштедите време, а веруваме и нерви.

На социјалната мрежа ТикТок се појави интересно видео кое објаснува како да ги одмаглите прозорците за многу пократко време од вообичаено.

Прво нешто што треба да направите е да го вклучите греењето во автомобилот на максимална температура за да обезбедите топлина која треба да стигне до вашите прозорци. Потоа, вклучете го клима уредот којшто ќе го исуши воздухот во автомобилот, што е клучен чекор за побрзо одмаглување на прозорците.

Кога ќе го вклучите клима уредот, исклучете ја циркулацијата на воздух. Копчето за циркулација ќе го препознаете така што на него ќе видите икона на автомобил со стрелка свртена наназад. На крај, малку отворете го прозорецот од автомобилот и ќе забележите дека вашите стакла за кратко време се одмаглени. Генијално зар не?

Погледнете го видеото со клик ТУКА за да ја видите постапката.

Промовирани огласи »

Владата, на вчерашната седница, го утврди текстот на Предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, предложен од Министерството за финансии.

Со предложените измени, се зголемува највисокиот дозволен износ којшто може да се врати на едно физичко лице за едно календарско тримесечје.

Односно, се планира највисокиот износ којшто може едно лице да го оствари, како право на поврат на дел од данокот на додадена вредност, да се зголеми на 2.100 денари по квартал за едно физичко лице.

Сега, како што појаснуваат од Владата, овој износ по лице и по квартал е до 1.800 денари.

Промовирани огласи »

Од денес повеќе не важи мерката на бесплатниот превоз во Скопје со автобусите на ЈСП. 

Мерката времено се донесе како една од пакетот мерки на Град Скопје за намалување на загадувањето на воздухот.

Ваквата одлука следува откако загадувањето на воздухот, како што соопштија од Град Скопје, се најде под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3 во два последователни дена.

Град Скопје ќе продолжи и натаму да ја следи состојбата со аерозагадувањето и во случај од потреба за повторно активирање на мерките, меѓу кои и бесплатен јавен превоз, ЈСП Скопје навремено ќе ја информира јавноста, велат од ЈСП. 

Скопје повторно се најде меѓу 10-те најзагадени градови во светот, во друштво на градови од Индија, Кина, Пакистан, Монголија кои пак имаат милионско население.

Скопје котираше на високото 3-то место, а претходните години состојбата не беше ништо подобра. 

Промовирани огласи »

Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на последната седница, одржана вчера, донесе одлука од први јануари 2023 година да ја зголеми вредноста на капитацискиот бод за избраните лекари по општа медицина и гинекологија од 63,00 на 75,00 денари. За избраните лекари стоматолози капитацискиот бод се зголемува од 48,00 на 61 денари, по прикрепено осигурено лице, информираат од ФЗОРСМ.

Одлуката на Фондот за здравствено осигурување уследи по разговорите и преговорите со Лекарската комора на РСМ и Стоматолошката комора на РСМ, а во насока на повисоко вреднување на трудот на избраните лекари и зголемување на квалитетот на пружените здравствени услуги на осигурените лица.

Заложбите на Фондот се во насока на унапредување на статусот на избраните лекари во примарната здравствена заштита и потребата од нивно поголемо ангажирање во спроведувањето на претстојните реформи во ПЗЗ, велат од Фондот.

Поради тоа, зголемувањето на капитацискиот бод, според ФЗОРСМ, има за цел да поттикне пружање повеќе здравствени услуги на примарно ниво, а со тоа намалување на бројот на упатувања на повисоко ниво на здравствена заштита, како и да поттикне и обезбеди подобрување на превенцијата со навремено откривање, спречување и сузбивање на незаразни заболувања кај населението во нашата држава.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »