Промовирани огласи »

Секогаш кога патувате со ваше возило надвор од Република Македонија, меѓу другото, на граничните премини ќе ви биде побарана и зелена карта за осигурување на возилото.

Граѓаните на Македонија заедно со соседните земји бараат да се укине зелениот картон за возилата при излез од државата и предлагаат да се прифати европскиот модел во кој зелениот картон е дел од премијата за осигурување од одговорност од употреба на моторни возила (автоодговорност).

И покрај упорните барања на српските граѓани, кои често минуваат низ Македонија кога одат на летување во соседна Грција, засега нема најави или преговори за укинување на оваа обврска.

Со колегите од Македонското биро за осигурување комуницираме редовно за различни прашања. Но укинувањето на зелениот картон во моментов не е предмет на разговор – нагласуваат од Здружението на осигурениците на Србија.

Тие наведуваат дека сопствениците на возила од Србија за во Македонија потребно е да имаат зелен картон бидејќи нашата држава не е во Системот на зелен картон, не е член на Мултилатералната спогодба. Оттаму велат дека надлежните во Македонија овој документ не го бараат на сите што ја поминуваат македонската граница.

Според нашите информации, зелениот картон не е потребен, на пример возачите од Словенија и од Унгарија со самото регистрирање на возилата, докажуваат дека имаат меѓународно осигурување. До скоро во привилегирана позиција беа дури и патниците со хрватски регистарски таблички. Зошто другите држави се во предност во однос на Србија и српските граѓани плаќаат 2.000 динари за таа потврда, а сепак се несомнено најмногубројни патници што минуваат транзит низ Македонија за на грчкото крајбрежје – велат од Здружението на осигуреници во Србија.

Цената на зелен картон на патничко возило до 66 киловати на годишно ниво е 3.690 денари, а за над 66 киловати за една година е 5.536 денари. Цена за патничко возило до 66 киловати за месечно ниво е 1.850 денари, а за возило над 66 киловати e 3.075 денари. За влечните и специјалните возила, мотоциклите, приклучни и работни возила цената е 5.536 денари. Цената за товарните возила и за автобусите е 17.222 денари – велат од АМСМ.

Важност на зелената карта е 12 месеци или во рамките на времетраењето на полисата за автомобилска одговорност.

Од здружението на осигуреници на Србија истакнуваат дека во 1994 година, врз основа на едностраниот договор, кој беше дел од условите на овие земји за членство на Македонија во Системот на зелен картон, на возилата од Хрватска, Словенија и Унгарија им било овозможено во Македонија да влезат без зелен картон.

– Но овој закон не важи и за возачите од Македонија. На возачите од Македонија се уште им е потребен зелен картон за овие три земји.

Тие појаснуваат дека со влезот на Хрватска во Европска Унија, овој едностран договор престана да постои.

Тие напоменуваат дека сега и возачите на Хрватска мора да имаат зелен картон при влез во Македонија. А за возачите од Словенија и Унгарија, договорот сѐ уште е во сила.


Во многу земји, зелениот картон се издава бесплатно или чини премногу симболично, само неколку евра, што ги покрива трошоците за печатење. Како на пример во Германија, Швајцарија, Австрија, Шведска – велат од здружението.

Според нив, во некои земји, се наплаќа само зелениот картон, додека во други цената на картонот е вклучена во цената на полисите на задолжително осигурување од автоодговорност. Во овој случај (кога цената на зелениот картон е вклучена во цената на полисите) возачот нема можност да одлучува дали му е таа потврда потребна или, пак не. А како што велат оттаму граѓаните на Србија купуваат зелен картон само кога е потребно.

Според АМСМ, зелениот картон се издава врз основа на издадена полиса за осигурување од автомобилска одговорност од соодветната компанија и е замена за полисата за осигурување од автомобилска одговорност издадена за матичната земја со важност за сите земји-членки наведени во полисата.

Билјана Муратовска од Асоцијацијата на здруженија на работодавците на превозните трговски друштва на Македонија „Макам-транс“ вели дека станува збор за различен облик на определен надомест за плаќање задолжително осигурување од автоодговорност.


Во Србија потпишан е договор со земјите-членки на ЕУ (националните бироа) да се признава регистрацијата на возилата и тоа фактот дека со самиот чин на регистрација, возилата имаат целосно осигурување за територија на Србија кое важи и на територија на други држави – истакна Муратовска.

Како што вели таа, во Македонија има делење на едно исто задолжително осигурување од автоодговорност на два дела и тоа делот за зелени карти е право на избор на физички и правни лица и се плаќа доколку се излегува надвор од државата, а се однесува само на одговорност од штета за трето лице на територија на држави за каде што важи зелениот картон.


Првиот дел од ова осигурување е задолжително осигурување од автоодговорност за сите сопственици на возила и за разлика од српското се однесува само за територија на нашата држава. Доколку се спојат двата дела од ова осигурување ќе значи зголемување на износот за задолжително осигурување за сите што имаат во сопственост возила без разлика дали излегуваат надвор од државата или не. А доколку не се потпише спогодба за меѓусебно признавање на регистрацијата со земјите-членки на ЕУ, ќе мора да се плаќа за услуга 100, 200 или 500 денари за да се пополни образецот од страна на осигурателните друштва доколку се оди надвор од државата со возило – нагласува Муратовска.

Од „Макам-транс“ посочуваат дека ова би значело минимум 50 отсто покачување на цените што сега се плаќаат како премија за автоодговорност на територија на државата, ќе се укинат износите што се плаќаат дополнително за зелен картон, но ќе има како и во другите држави надомест само за пополнување на образецот за државите со кои нема да биде воспоставено заемно признавање на регистрациите на возилата и автоматско обезбедување целосна автоодговорност за штети на трето лице.
– За да се воспостави ваков систем потребно е пред сѐ да се направи целосно ревидирање на Законот за задолжително осигурување во сообраќајот, негово допрецизирање и бришење на сите членови во кои се дефинирани одредби со одложена примена сѐ до влез на Македонија во ЕУ.

Неопходно е да се промени и постојната тарифа на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица каде што спротивно на законските одредби се дефинира пресметка на бонус-малус по принцип на флота на возила и тоа за сите што имаат од шест и повеќе возила, а каде што пред сѐ влегуваат правните лица што вршат превоз на стока и патници – појаснува Муратовска.

Промовирани огласи »

До петок Регулаторната комисија треба да ја информира Владата како ќе ja врати евтината струја за домаќинставата, информира ТВ24.

Регулаторот заедно со претставници на ЕВН Македонија, Министерството за економија и кабинетот на заменик претседателот Анѓушев треба да направат и измени на тарифниот систем за продажаба на електрична енергија zа домаќинствата и малите потрошувачи. Владата очекува сите процедури да завршат во најбрз можен рок и од октомври граѓаните да можат да користат евтина струја во текот на дневните часови.
Дознаваме дека ЕВН Македонија ќе го прифати предлогот за евтина тарифа, но за возврат очекува Владата да ја плати загубата што компанијата ќе ја има со новиот начин на работа. Но Владата засега не планира да дава никаква финансиска помош.


За враќањето на евтината тарифа,  не е предвидено субвеницонирање на енергетските компании. Ќе се користат резервите од недомаќинското работење  на енергетските компании, особено од ЕЛЕМ за да се пренасочат за граѓаните да можат да  го почуствуваат бенефитот од евтината тарифа, велат од Владата.


Анѓушев најави дека домаќинствата ќе имаат евтина струја два часа во денот, вклучително и сабота. Претходно, пред пет години, евтина струја имаше три часа. Од 13 до шеснаесет часот, секој ден.
Европската енергетска заедница ѝ препорача на Македонија евтината тарифа за струјата да ја воведе само за социјалните категории и за временски период од две години. Но Владата сега тврди дека ги усогласила ставовите со енергетската заедница околу европските стандарди, па евтина струја ќе имаме се до влезот на Македонија во Европската унија.

Промовирани огласи »

Летото е сезоната на одмори, ама и на досадните комарци. Доколку и вие имате проблем со нив, ви пренесуваме неколку домашни трикови од кои барем за миг ќе се спасите од суштествата после чиј убод ве чеша целата кожа.

Погледнете како сами да си направите стапица за комарци.

Промовирани огласи »

Бенџамин поради сообраќајниот метеж решил секој ден кон работа да патува пливајќи. Понекогаш навистина сме уморни од патување со автобус или автомобил.

Бенџамин Дејвид секојдневно плива 2 километри низ реката Исар за да дојде до своето работно место.

Облеката и лаптопот ги чува во водоотпорна торба, и вели дека и некои колеги повремено му се приклучуваат во пливањето кон работа.

За да го погледнете видеото клик тука

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »