Промовирани огласи »

Без компјутер, интернет и мобилен телефон веќе е незамисливо да се води бизнис. Трошоците за службени телефони се значајна ставка во трошоците на секоја фирма. 

Анкетата на Агенцијата за електронски комуникации покажува дека најголемиот дел од македонските фирми (67 отсто) за телефон, интернет и за телевизија плаќаат помалку од 5.000 денари месечно, односно во просек трошат по 747 денари месечно по вработен. 

Дали е ова многу или малку знае секој сопственик на фирма, но според анкетата директорите на само 20 отсто фирми мислат дека добиваат нереално висока сметка, а овој процент е помал за 18 процентни поени во споредба со претходната анкета спроведена во 2013 година.

Промовирани огласи »

Додека најбогатите во Америка стануваат уште побогати и уделот на луѓето под линијата на сиромаштијата се зголемува, средната класа на Америка постепено исчезнува.

Една неодамнешна анализа од економистите Томас Пикетти, Емануел Саез и Габриел Зукман цитирани од Универзитетот во Чикаго, Бут Школата за Бизнис откриле дека долу 50% од Американците имале нула раст на приходите во текот на изминатите 35 години.

Еден начин да се разбере таа промена е да се анализира годишната плата на лицето кое зарабоува најмногу на дадена возраст.

Бизнис инсајдер ги искористи неодамнешните податоци од пописот во САД за да дојде до интересни заклучоци. На 25 години, ќе треба да заработувате најмалку 116.000 долари годишно за да бидат во првите 1% од заработувачите.На 64 години, тој број се зголемува на 473.000 долари.

Дали сметате дека некогаш ќе ги достигнеме овие бројки и ќе може еден човек во Македонија да се доближи до луѓето од Америка кои заработуваат волку многу пари на годишно ниво?

Промовирани огласи »

34 полицајци со завршена обука, бараат од министерот Спасовски да ги вработи во МВР како што ветил. Од март 2016  чекаат договор за работа. Министерството им соопштило дека нема доволно средства за нивните вработувања.

Доколку не им биде решен статусот до 1ви септември, велат ќе кампуваат пред зградата на МВР.

Инаку  МВР објави нов оглас за 500 полицајци, од кои најголем дел 360, се бараат за Скопје.

Избраните кандидати ќе склучат договор за основна обука во времетраење од една година, која ќе се спроведе во Центарот за обука. Кандидатите треба да бидат државјани на Р. Македонија,да се полнолетни но да не наполниле 25 години, со најмалку 4 годишно средно образование, да не им е изречена казна забрана за вршење професија.

Во однос на посебните услови, кандидатите  мажи да бидат најмалку 175цм високи, жените 165 и со висока лична физичка подготвеност.

Пријавата со потребната документација, се должни да ја поднесат ЛИЧНО во едно од определените места за пријавување.

Огласот ќе трае 15 работни дена почнувајќи од денеска.

Промовирани огласи »

Од 2ри август сите луѓе на планетата Земја почнаа да живеат„на кредит“, бидејќи веќе ги потрошиле ресурсите кои планетата би можела да ги регенерира годинава.

Ова го покажуваат податоците на меѓународната истражувачка организација Global Footprint Network.

Денот во кој човештвото ги апсорбира сите ресурси за годината, настапува уште порано секоја година, посочува организацијата. Ова го вклучува уништувањето на шумите, суша, недостаток на свежа вода, ерозија на почвата, како и акумулација на јаглерод диоксид во атмосферата.

Нашата планета е ограничена, но човечките можности не се такви. Да живееме во рамките на средствата на една планета е технолошки можно, финансиски поволно и единствената шанса за просперитетна иднина, коментира Матис Вакнергаел, извршен директор на Global Footprint Network, еден од креаторите на калкулаторот за еколошкиот отпечаток.

Најголемо трошењето на ресурси се забележува во Луксембург. Потоа, следува Катар - најголемиот производител на природен гас во светот, на 19 февруари.

Австралија ги потрошила своите ресурси за една година до 12 март, Канада - до 13 март, а САД - до 14 март.

Поеколошки се живее во Хондурас, каде годишните ресурси се очекува да ги задоволат потребите на населението до 31 декември.

Во моментов населението на Земјата користи ресурси како за 1,7 планети.

Основен еколошки отпечаток врз Земјата има храната. Со намалувањето на хранливиот отпад половина во светот може да се намали овој датум со 11 дена, пресметува организацијата. Конзумирањето на помалку протеински-интензивна храна во светот може да го поместите овој ден за 31 ден.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »