Промовирани огласи »

На извршните директори им е потребно повеќе време да размислат за своите одлуки,активности и должности кои подоцна треба да ги претворат во реални проекти.Тие секогаш треба да размислуваат да ги водат своите компании кон раст и успех. Доколку се најдете на таа позиција како помлад извршен директор,постојат одредени совети кои што треба да ги следите за да изградите успешна кариера.

Станете забележителен оратор

Никој не се раѓа како исклучителен оратор - тоа е вештина која треба да се развива, врши и повторува.

Бидете фокусирани за време на вашите состаноци

Како извршен директор, одлуките кои ги донесувате ќе бидат засегнати исто така и за вашиот тим, па веројатно ќе бидете навикнати да одржувате повеќе состаноци. Не закажувајте состаноци кои што немаат одреден план или пак состаноци кои се предолги,за да може да ги задржите сите присутни фокусирани на темата. На тој начин, состанокот може да ја изгуби својата смисла и луѓето да станат премногу опуштени, при што ќе морате да го презакажете состанокот за следен пат. Времето со кое што правилно ќе го изменаџирате вашиот состанок, може да ви биде многу корисно за целата работната недела.

Елиминирајте ги сите пречки

Како што правилно распореденото време за состаноци може да ве направи по продуктивни, исто така од големо значење е и елиминирањето на сите пречки додека работите. Извршните директори најчесто треба да бидат достапни за сите, но понекогаш е потребно да го ограничат своето време за другите, со цел да се фокусираат на своите обврски за да постигнат одредена цел. Одредете си неколку цели на кои што бескомпромисно ќе бидете фокусирани и оставете другите луѓе да се прилагодуваат на вашиот распоред.

Задржувајте се до своите рутини

Доколку имате свој систем на навики со кои што ја зголемувате вашата продуктивност, тогаш придржувајте се секојдневно кон нив. Одржувајте ги вашите дневни рутини кои што го вадат најдоброто од вас. Ова може да претставува еден од полесните начини за поедноставување и организирање на неделата.

Ценете ги и наградувајте ги своите вработени

Без разлика дали сте искусен или ентузијаст почетник, многу е важно да учите од оние кои биле таму пред вас и успеале. Вработените се на прво место. И ако се однесувате со нив како што треба, погодете што? Клиентите ви доаѓаат повторно кај вас.

Промовирани огласи »

Цената на белиот и полубелиот леб од денеска ќе се замрзне, а по донесувањето на ваквата одлука треба да изнесува максимум 33 денари. Но, ако тоа се случи, мелничарите најавуваат дека ќе го прекинат производството.

Мерката за замрзнување на цената на лебот ја предложи Министерството за економија по анализите кои покажуваат дека повеќето компании од прехранбената индустрија, иако добиле субвенционирана струја, и по три месеци не ги намалиле цените на производите. Пекарите тоа го негираат и тврдат дека во целост ја почитувале мерката за субвенционирање на елекричната енергија. Цените на лебот, велат, се намалени повеќе од вредноста на субвенцијата што ја примаат. Воедно предупредуваат дека ако се замрзне цената на лебот ќе претрпат огромни штети, од 3.000 до 15 000 евра дневно и ќе бидат принудени да ги затворат производствените капацитети.

Во вторник ќе се замрзне цената и нема да биде над 33 денари и за белиот и полубелиот леб. Ова е само прв чекор од производите наведени во одлуката на Владата. Ќе следат и нови одлуки за замрзнување на цените. Цените нема да се зголемат по завршување на мерката, освен ако се зголемат цените на суровините и тогаш може да има нагло покачување на цената, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши во саботата.

Според него, не може да има разлика во цената и ист леб да чини од 28 до 38 денари.

Бектеши потенцира дека ќе се прават инспекциски контроли и во делот на грамажата.

Утврдено е дека одредени производители и трговци ги намалуваат цените, но ги намалуваат паралелно и количините на тој производ. Затоа, под 450 грама бел и полубел леб не може да се продава и тоа ќе биде со утврдена цена. Под тоа може да биде, но над тоа не може да биде, рече министерот.

Мелничарите вчера одржаа состанок во Стопанската комора и донесоа едногласен заклучок - ако Владата ја донесе мерката за ограничување на цената на лебот, од следниот ден нема да има леб на пазарот.

Дента кога ќе излезе одлуката за замрзнување на цените во Службеник весник, од наредниот ден нема да се произведува леб и да се носи на пазарот, истакна претседателот на Групацијата за мелничко-пекарската индустрија Горан Малишиќ. 

Тој објасни дека изминатите два месеца на пазарот цените се намалиле, но имало варијации, зависно од видот на лебот и грамажата, од 33, 35 до 50 денари.

Цените почнаа нагло да се намалуваат последниве 30 дена. Постои модел како треба Владата да направи социјална цена на социјален леб, како што е направено во Србија. Јасно и гласно е кажано уште пред две години – за да направите социјална цена на леб, и да го задоволите населението, треба да се фатите за џев, народски кажано. Во Србија државата субвенционира 30 проценти од цената на брашното на пекарниците за да има одредена цена која српската Владата ја покачи пред три дена. Постојат модели, да, тоа е трошок, но ако сакаме да имаме социјална цена со една цена на пазарот мора Владата да субвенционира, не можеме да бидеме ние општествено одговорни компании кои ќе бидат во загуба, рече Малишиќ. 

Промовирани огласи »

За 7% ќе бидат зголемени пензиите од март 2023 година, согласно новата методологија која налага постојан раст на пензиите.

За година дена пензиите се зголемија за 16% а со усогласувањето во март пензиите ќе бидат за над 20% зголемени.

Пензионерите изминатиот период добија и финансиска поддршка која како дел од антикризните мерки ја добија 330000 пензионери односно тие добија по 1000 денари за месеците март, април и мај или вкупно 3000 денари.

Пензионерите со пониски пензии од 14.000 денари се дел од вториот пакет антикризни мерки согласно Законот за финансиска поддршка на ранливи категории на граѓани за полесно справување со енергетската криза. Притоа, пензионерите со пензии до 11.525 денари добиваат по 1500 денари 4 месеци, а пензионерите со пензии од 11.526 денари до 14.000 денари по 750 денари.

Промовирани огласи »

Финскиот производител на опрема за 5Г „Нокиа“ го менува идентитетот на брендот за прв пат по речиси 60 години и воведува ново лого. Така, компанијата, која произведува телекомуникациска опрема, се фокусира на агресивен раст.

Целта на новиот изглед е да ги спречи луѓето да го поврзуваат со мобилни телефони, бизнис што компанијата го напушти пред речиси една деценија. Новото лого се состои од пет различни форми кои го формираат зборот „Нокиа“.

Иконската сина боја на старото лого е напуштена и заменета со различни бои во зависност од употребата, пренесува Ројтерс.

Во главите на повеќето луѓе, ние сè уште сме успешен бренд на мобилни телефони, но тоа не е целта на Нокиа, изјави извршниот директор Пека Лундмарк за Блумберг.

Телефоните со брендот Нокиа сè уште ги продава ХМД Глобал Oy. ХМД ја доби лиценцата откако Mајкрософт Корп, која го купи бизнисот во 2014 година, престана да го користи името. Според Лундмарк, Нокиа ќе се фокусира и на опслужување на давателите на безжични услуги со мрежна опрема. Ова беше помогнато со ограничувањата наметнати на кинескиот конкурент Хуавеј Технолоџис Ко, откако голем број европски влади ја блокираа компанијата да продава делови за 5Г мрежи.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »