Промовирани огласи »

KARIERA.mk организира настан на 30.03.2023 во Skopje Marriott Hotel за сите маркетинг експерти и ентузијасти, претприемачи и љубопитни поединци кои сакаат да слушнат нови идеи и практични решенија за совршениот брендинг за една компанија!

Предавач на работилница ќе биде Kremena Yordanova, Director Marketing Activations во Adidas Амстердам, професионалец со долгогодишно искуство во маркетинг светот која во своето портфолио брои одлични проекти и кампањи за Reebook и Adidas. Работилницата ќе содржи предавања и работа на практични предизвици и решенија како да стигнете до совршен брендинг, како и совети за она што функционира или пак не функционира во овој модерен и брз свет.

Агендата за настанот вклучува две сесии со интересни теми и пауза за вмрежување, каде учесниците на настанот ќе имаат шанса да се дружат и да разменуваат контакти и мислења на темата.

Early Bird влезниците со повластена цена од 2990ден се пуштени во продажба до 17.3.2023 и можете да ги набавите ТУКА. Гарантираме одлично дружење и учење на едно место!

Ги охрабруваме и покануваме сите претставници на бизнис заедницата како и младите претприемачи да се придружат на настанот! Се гледаме на 30.3.2023, расположени и спремни за нови знаења и идеи!

Промовирани огласи »

Летното сметање на времето започнува многу наскоро.

Имено последниот викенд од месец март, а тоа е на 26 март во 2:00 часот, во нашата земја ќе започне летното сметање на времето.

Стрелките на часовникот треба да се поместат за еден час нанапред, односно времето во 2 часот, ќе се смета како да е 3 часот.

До крајот на март денот ќе се зголеми, а со поместувањето на стрелки, ден ќе имаме се до 19 часот, а на почетокот на летото и до 20 часот.

Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од Светот.

Промовирани огласи »

Просечната плата се зголеми, но на еден вештачки начин. А зголемувањето на вештачки начин поттикна еден степен на повисока инфлација и тоа е нотирано во Извештајот на Светска банка, вели Анастасија Илиеска од ВМРО-ДПМНЕ во телефонско вклучување во емисијата Стадион на Канал 77.

Илиеска додаде дека Македонија се соочува со двоцифрена инфлација, укажувајќи дека власта залудно се фали со покачување на минималната плата бидејќи сите производи се со покачена цена, па така банкнотата од 500 денари сега има вредност колку банкнота од 100 денари.

Овие два месеца имаме двоцифрена инфлација од 18 проценти, а платите остануваат исти. И сега ако лани сте земале 30.000 денари, оваа година земјаќи ги тие 30.000 денари вредноста му е 25.000 денари. Што значи некаде од 100 евра е помала вредноста и како што кажа и Битиќи, сите ние одиме во продавница и сите ние знаеме дека банкнотата од 500 денари има важност како банкнота од 100 денари. Секој еден производ е со повисока цена, смета таа.

Илиеска истакна дека уште пред една година ВМРО-ДПМНЕ предложила замрзнување на цените на прехранбените производи, како и намалување на акцизата, укажувајќи дека тогаш тоа не било прифатено од страна ан владата на СДСМ.

Замрзнувањето на цените на основните производи беше предлог на ВМРО-ДПМНЕ уште минатата година кога почна војната во Украина и со прогласување на економската криза ВМРО-ДПМНЕ излезе со конкретни предлози. И еден од предлозите беше намалување на акциза поради тоа што горивото како дел од трошоците што влегуваат во крајната цена на производите буквално е имплементиран во секој еден производ. Но, не беше прифатена оваа мерка од власта, рече Илиеска.

Промовирани огласи »

Приштина Мол е најголемиот и најиновативниот трговски центар во регионот. Со површина од 240.000 m², овој прекрасен шопинг центар го претвори Косово во епицентар на регионот. Ова е единствениот еколошки трговски центар во Косово.

Природното осветлување е исклучително важно, а Приштина Мол посветува големо внимание на овој аспект нудејќи големи простори изложени на природна светлина. Изложеноста на природна светлина може да помогне за силен развој на растенијата засадени во молот.

Вкупната градежна површина на молот е 239.111 метри квадратни, плус паркинг, а молот се протега на површина од 114.562 метри квадратни.

Приштина Мол е препознатлив по единствената понуда која обединува повеќе од 200 големи глобални и регионални брендови од сите категории. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »