Промовирани огласи »

Реализирана исплата на мартовската плата со покачувањето во висина од 3.086 денари по работник во бруто износ. Успеавме во нашата заложба за вработените во МВР да обезбедиме зголемување на платите со цел усогласување со растот на минималната плата, а наспроти сите шпекулации во дневнополитички цели со кои се обидоа да ја деградираат и демотивираат македонската полиција, но и да ја потценат доследноста во исполнувањето на ветеното од страна на нејзиното раководство, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Фејсбук.

Тој наведува дека ова е четврто по ред зголемување на платите на вработените на МВР, имајќи го предвид минатогодишното зголемување од 5 проценти за сите вработени, а претходно преку Буџетот на МВР во 2018 и 2019 година издејствувано е зголемувања на платите за сите вработени.

Покрај ова, потсетува Спасовски, со зголемување на платите од 30 отсто беа опфатени 100 лица од Одделот за информатика и телекомуникации и тоа сметано од 01.01.2020 година, со цел мотивација на овие дефицитарни кадри да придонесат во функционирањето на МВР на позициите за кои се ангажирани.

Воедно, овозможивме издвојување на работните позиции помлад полицаец, полицаец и виш полицаец од останатите вработени. Со ова за првпат е извршено зголемување на бодови за полициски службеници за 10 и 20 бодови за работната позиција „полицаец", од категориите Е5, Е4, Е3 и Ж5, Ж4 и Ж3, за што во Буџетот на Министерството за внатрешни работи за 2019 година побарани се и одобрени парични средства за исплата на зголемување на плата во износ од 80.000.000 денари на годишно ниво за 4.821 униформиран вработен. Посебно значајно за ова раководство на МВР е што вакво зголемување за основната компонента полицаец се остварува за првпат од 1991 година па наваму, наведува Спасовски во објавата на Фејсбук.

Исто така, благодарение на домаќинското работење и остварените заштеди во Буџетот, пишува министерот, досега доброволно се исплатени бонус плати за оствaрени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво во текот на 2017, 2018, 2019, 2020, 2021 година, а во тек е обработка на податоци за вработени коишто оствариле над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво за 2022 година, која ќе изнесува 31.859 денари во поединечен износ, што претставува зголемување од речиси 40 проценти на износот на бонус платата во 2017 година која изнесуваше 22.928 денари.

Продолжуваме и во наредниот период со воспоставување европски стандарди во полицијата, развивајќи го концептот „Задоволна полиција – безбедни граѓани”, кој придонесе за одлични резултати во гарантирање на безбедноста и борбата против сите видови криминал. Подобрувањето на статусот на вработените во МВР е императив за ова раководство на МВР!, напиша на Фејсбук министерот Спасовски.

Промовирани огласи »

Мерките што ги презема Владата за замрзнување на цените ќе имаат свој ефект особено во текот на месец април. Според министерот за економија Крешник Бектеши, тоа ќе влијае на значително намалување на инфлацијата во земјава, изјави во своето синоќешно гостување во телевизија Клан.

Во месец април ќе има значително намалување на инфлацијата во РСМ... Не ветувам, но сигурен сум. Намалување ќе има и во март, но имајќи предвид дека мерките ќе имаат влијание во текот на месец април, тогаш ќе имаме значително намалување на инфлацијата во Македонија, особено во сегментот за прехранбени производи и енергетика воопшто, изјави Бектеши.

Според него, во периодот што следи може да се очекуваат повисоки цени на овошјето и зеленчукот, бидејќи нема локално производство.

Може да се случи да имаме повисоки цени на овошјето и зеленчукот. Зошто се случува ова? Бидејќи во овој временски период РСМ, имајќи ја предвид географската положба за производство на земјоделски производи, нема локално производство на овошје и зеленчук и зависноста од увоз е речиси 100 отсто во текот на месец март, наведе министерот.

Крешник Бектеши во Клан дебата ги повика сите граѓани да пријават случаи на непочитување на владините одлуки за замрзнување на цените од различни трговци

Тој вели дека инспекторите се постојано на терен, но не ја исклучува можноста како и во минатото да има случаи разни трговци да го прекршат решението и да продолжат со високите цени на прехранбените или непрехранбените производи.

Промовирани огласи »

Често пати шансите за успех кај сопствениците на мали бизниси се мали. Поголемиот број претприемачи претпоставуват дека треба да се мачат во првите пет години од основањето на нивниот бизнис, додека пак се верува дека иднината е често пати преполна со финансиски несигурности. Бидејќи поголемиот дел од малите бизниси ретко остваруваат профит за време на периодот на преживување во првите пет години, важно е основачите да направат се што можат за да се постават себеси на правиот пат за иден успех. Растењето успешен мал бизнис вооошто не е лесно.

Во продолжение чекори што можете да ги примените со цел да го претворите вашиот мал бизнис во успешен деловен потфат:

  • Бидете организирани
  • Препознајте ги ризиците и наградите
  • Научете како да бидете креативни
  • Бидете фокусирани
  • Секогаш работете на обезбедување квалитетна услуга
  • Никогаш не ја губете постојаноста

Самото размислување на вашата бизнис идеја и отворање фирма нема да функционира ако не направите детален план како да ја спроведете. Искористете ги овие совети за да го креирате вашиот бизнис план и стратегија.

Промовирани огласи »

Компанијата Мекдоналдс оваа недела привремено ги затвора своите канцеларии во САД бидејќи се подготвува да ги извести вработените за отпуштања.

Според нив, тоа е дел од поширокото преструктуирање на компанијата, соопшти VSJ.

Во внатрешната е-пошта испратена до вработените во САД и некои меѓународни вработени минатата недела, најпопуларниот синџир на ресторани за брза храна побара од вработените да работат од дома денес до среда.

Не е јасно колку од нив ќе бидат отпуштени, објави весникот, а во е-пошта од компанијата со седиште во Чикаго, се наведува дека во текот на неделата, почнувајќи од 3 април, ќе бидат соопштени „клучните одлуки поврзани со улогите“ и бројот на персоналот на компанијата.

Мекдоналдс исто така побара од вработените да ги откажат сите состаноци со продавачите и другите надворешни соработници. Ројтерс понатаму потсетува дека компанијата во јануари објави дека ќе ги разгледа нивоата на корпоративниот персонал како дел од својата деловна стратегија, што може да доведе до отпуштања во некои области и проширување во други.

Инаку, Мекдоналдс е само уште една во низата американски (и светски) компании кои прават вакви кратења. Покрај тоа, дури и моќната UBS која неодамна го презеде Credit Suisse - најави елиминација на околу 30 отсто од работните места.

(Телеграф бизнис)

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »