Промовирани огласи »

Еврото е околу највисокото ниво во однос на доларот во последната година.

На инвеститорите им се чини дека европската економија е многу поотпорна на ширење на ризикот во банкарскиот систем за разлика од американската, а загрижени се и за можноста од рецесија во САД. Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на курсот на доларот во однос на шесте најважни светски валути, падна за 0,4 отсто.

Еврото е на ниво од 1,104 долари, што е за 0,6 отсто повеќе од претходниот ден, додека инвеститорите шпекулираат дека економските изгледи на Европа би можеле да бидат добри откако Германија вчера ја зголеми оценката за овогодишниот раст од 0,2 на 0,4 отсто.

Јуанот е најкористена валута за прекугранични трансакции во Кина во март, престигнувајќи го доларот за прв пат, покажаа официјалните податоци, што ги одразува напорите на Пекинг да ја интернационализира употребата на јуанот.

foto freepik.com/8photo

Промовирани огласи »

Социјалната мрежа „ВатсАп“ ќе им овозможи на корисниците да чуваат привремени пораки, но истовремено ќе испрати предупредување до испраќачот. Функцијата за пораки што исчезнуваат значи дека пораките автоматски се бришат по 24 часа, 7 дена или 90 дена.

Сепак, новата функција наречена „задржи во разговор“ им овозможува на корисниците да одредат кои пораки би сакале да ги задржат. Испраќачот ќе биде известен кога некој ќе се обиде да зачува порака, а правото на зачувување е во нивни раце.

Веруваме дека ако сте испратиле порака, ваш избор е дали другите во разговорот можат да ја задржат за подоцна. Ако испраќачот одлучи дека неговата порака не може да се зачува, вашата одлука е конечна. Никој друг не може да ја задржи и пораката ќе биде избришана кога ќе истече времето. На овој начин го имате последниот збор за тоа како се заштитени пораките што ги испраќате“, се вели во соопштението на „ВатсАп“.

Пораките што се зачувани ќе бидат означени со икона и ќе се организираат со разговор во папката „зачувани пораки“.

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 1 мај 2023 година (понеделник), Ден на трудот е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. 

Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Северна Македонија им го честита Денот на трудот.  

Промовирани огласи »

Аргентина во иднина увезената стока од Кина наместо во долари ќе ја плаќа во јуани, најави аргентинскиот министер за економија Серхио Маса.

Заедно со кинескиот амбасадор Зоу Ксиаоли и кинеските претприемачи, започнуваме размена со Народна Република Кина, што ќе ни овозможи увозот од оваа земја да го платиме во јуани, со кои ќе размениме 1,04 милијарди долари во април и 790 милиони долари од Мај, напиша Маса на Твитер.

Извозот на Аргентина е намален за 15 милијарди долари поради „најлошата суша во историјата на земјата“, истакна Маса.

Тоа ни постави предизвикувачка задача да одржуваме резерви за да го одржиме нивото на увоз на материјали и стоки“, објасни тој, додавајќи дека преминот кон јуанот во трговијата со Кина ќе обезбеди „повеќе слобода за Аргентина и „ќе ги зајакне нејзините резерви#.

Во ноември минатата година, претседателот на јужноамериканската земја, Алберто Фернандез, рече дека Кина се согласила да ја прошири трговијата со Аргентина на пет милијарди долари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »