Промовирани огласи »

Роботот на руската компанија Promobot ќе ги опслужува гостите на хотелот во Сингапур, ќе ги проверува нивните лични документи и ќе издава клучеви од собите.

Директорот за развој на Promobot, Олег Кивокарцев, денеска за ТАСС изјави дека споменатиот робот е единствениот во Русија што може да препознае детали од пасошите и другите лични документи.

Роботот на рецепцијата на хотелот во Сингапур ги пречекува гостите, ги проверува и излегува, издава и прифаќа клучеви од собите во форма на картички. Персоналот на хотелот го викаше Михаљич- истакна Кивокурцев.

Роботот може да им помогне на гостите на хотелот да повикаат такси, да организираат превоз до аеродромот или да го добијат бараниот совет.

Компанијата Promobot е основана во 2015 година во Перм и истата година се пресели во големиот иновативен центар Skolkovo, кој се наоѓа во западниот дел на Москва. Promobot ги постави своите роботи во 43 земји во светот, каде што извршуваат административни задачи и работат како консултанти, промотори или туристички водичи.

ФОТО: Twitter

Промовирани огласи »

Гентерм е глобална, иновативна компанија –лидер во областа на термални технологии. Креира, развива и произведува уреди за греење, ладењеи вентилација за клиенти од целиот свет.

Компанијата е препознатлива по вложувањето иновации, надградба и подобрување на термалната технологија на новорастечките пазари, а нејзините производи се користат најмногу во автомобилската индустрија.

Моментално вработува:

CUSTOMER SERVICE SPECIALIST
PROCESS ENGINEER
APQP ENGINEER

Доколку се уште го немете пронајдено своето идеално работно место, сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Од денес на KARIERA.mk можете да ги најдете сите активни огласи за вработување на ГРАВЕ ОСИГУРУВАЊЕ НЕЖИВОТ.

ГРАВЕ ОСИГУРУВАЊЕ НЕЖИВОТ е компанија која ви нуди осигурување за Вас и Вашите потреби!

Производите на Граве осигурување неживот се прилагодени на вашите потреби, заедно се грижат за сигурна и безбедна иднина. Со прогрмата за осигурување можете да го осигурате вашиот автомобил, вашиот дом во кој сте вложиле труд и љубов,патувајте безгрижно и релаксирано на викенд на планина или на песочни плажи со вашата полиса за здравстевно патничко осигурување имате можност да ги избегнете сите непредвидени трошоци кои може да настанат од губење на багаж или од ненадејна повреда.

Како компанија која се стреми кон секојдневен успех и развивање на своите продукти, секојдневно се стреми и кон проширување и усовршување на својот тим!

Моментално како активна е следната работна позиција:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОДАЖБА

Се уште сте невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА!

Промовирани огласи »

Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка одлучи монетраната власт повторно да ја затегне монетарната политика.

Основната камата на НБМ се зголемува на 5,75 отсто. 

Тоа ќе значи дека повторно ќе поскапат кредитите од банките.

„Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика. На седницата на Комитетот беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се зголеми за дополнителни 0,25 п.п. до нивото од 5,75 отсто. На седницата беше донесена одлука за зголемување и на каматните стапки на расположливите депозити, исто така за по 0,25 п.п., со што каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена ќе изнесуваат 3,65 и 3,70 отсто, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е непроменета и изнесува 10 милијарди денари.

Со последната промена продолжува циклусот на затегнување на монетарната политика којшто започна од крајот на 2021 година, прво преку активно управување со ликвидноста преку интервенциите на девизниот пазар, а потоа од април минатата година и со зголемување на  каматната стапка на благајничките записи, како и на каматните стапки на другите монетарни инструменти. Ваквата монетарна поставеност е поддржана и зајакната и со неколкуте промени кај инструментот задолжителна резерва, насочени кон раст на штедењето во денари, како и со системски и макропрудентни мерки, како што е воведувањето противцикличен заштитен слој на капиталот и прагови за следење на квалитетот на кредитната побарувачка, со што дополнително се јакне отпорноста на банкарскиот систем“, се вели во соопштението од централната банка.

Најновите податоци важни за оценување на амбиентот за спроведување на монетарната политика, како што велат, главно се движат во рамките на очекувањата, но ризиците и натаму опстојуваат. Од тие причини е неопходна натамошна претпазливост при водењето на политиките, заради стабилизирање на инфлацијата и инфлациските очекувања на потрајна основа. 

Имено, во согласност со очекувањата, и во април 2023 година годишната стапка на инфлација бележи забавување, коешто започна од ноември минатата година, но таа и натаму, како и во глобални рамки е над историскиот просек. Исто така, базичната инфлација и натаму е на повисоко ниво, што упатува дека преносните ефекти од цените на енергијата и храната врз оваа компонента сѐ уште не се целосно исцрпени. Очекувањата за идната динамика на увозните цени и натаму се движат по надолна патека, но се проследени со неизвесност поврзана со развојот на војната во Украина. На девизниот пазар движењата се стабилни, при зголемена склоност за штедење во домашна валута, но и натаму постои неизвесност. Гледано од аспект на странската каматна стапка, како битен надворешен фактор за спроведувањето на домашната монетарна политика, на состанокот во мај, ЕЦБ повторно донесе одлука за зголемување на основните каматни стапки, но поумерено – со покачување на основната камата за 0,25 процентни поени, во согласност со изгледите за одржување на инфлацијата на повисоко ниво од очекуваното, со посебен акцент на притисоците врз базичната инфлација, се веливо соопштението.

Во однос на најновите показатели, кај домашните цени, во согласност со очекувањата, и натаму има тренд на забавување на растот којшто во април 2023 година се сведе на 13 отсто (14,7 отсто во март). Побавниот годишен раст на инфлацијата главно произлегува од помалиот раст на цените кај прехранбената компонента. Најновите очекувања за движењата кај увозните цени упатуваат на надолно придвижување на берзанските цени на нафтата и храната, што поволно би влијаело и врз домашните цени, но и понатаму е нагласена неизвесностa во следниот период, условена од ефектите од војната во Украина.

Во согласност co меѓународните стандарди, нивото на девизните резерви на крајот на април е соодветно за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута.

Движењата на домашниот девизен пазар и во текот на април беа главно стабилни, при што Народната банка само повремено беше присутна на девизниот пазар. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, движењата и натаму се поволни, односно трговскиот дефицит во првиот квартал од 2023 година е значително понизок од очекувањата според октомврискиот циклус проекции. Поволни се и остварувањата на менувачкиот пазар, коишто од почетокот на годината, заклучно со април, се малку подобри од проектираните нето-приливи од приватните трансфери.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »