Промовирани огласи »

Дојде и тој ден, конечно ја променивте вашата стара работа за нешто ново.

Новото опкружување знае да донесе стрес и нелагодност во првите неколку недели. За да се навикнете КАРИЕРА.мк ве советува да постапите на следниот начин:

1. Мислете позитивно и бидете насмеани

За да ви биде успешна транзицијата на новото работно место, многу е важно да бидете мотивирани. Треба да верувате дека ќе има позитивни промени, но и да бидете подготвени за можни недостатоци. Не заборавајте, насмевката ќе ви отвори многу нови врати.

2. Поврзете се со искусни луѓе

Кога менувате работно место, паметно е да се консултирате со оние кои имаат искуство и веќе поминале низ истото. Распрашајте се по пријателите за сите предности и недостатоци на новото работно место.

3. За сè треба време

За новото работно место, покрај целата одлучност и храброст, потребно е и доволно слободно време за совладување на новите вештини и потребно искуство.

4. Искористете го знаењето 

При избирањето на нова кариера често се греши бидејќи најчесто луѓето се одлучуваат за работа поврзана со претходната. Не мора секогаш следната работа да биде иста со претходната, сепак убаво е да постои некоја поврзаност.

5. И за крај, уживајте во работата!

Никако не заборавајте на сопствената сатисфакција. Не дозволувајте за повеќе пари да одберете нешто во што нема да уживате!

Промовирани огласи »

Од октомври стартува евтината тарифа на струјата, мерка што ја вети Владата пред изборите, соопшти денеска премиерот Зоран Заев.

На заедничката прес-конференција во Владата на која присуствуваат и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, како и министерот за економија Крешник Бектеши, Заев рече дека евтина струја ќе има секој работен ден и во сабота од 14 до 16 часот, како и од 22 до 7 часот наутро, а во недела останува досегашната пракса, евтина струја да има цел ден.

Според вицепремиерот Кочо Анѓушев, ЕВН Македонија нема да добие субвенција за евтината тарифа на струјата, иако очекувано, ќе бележи загуби.

Домаќинското работење на компаниите ќе биде изворот на средства. Такви заштеди се веќе направани, рече Анѓушев.

Заев и Анѓушев нагласија дека оваа мерка нема да има влијание на покачување на цената на струјата и не се коси со европската регулатива.

Промовирани огласи »

Најголемиот руски произведувач на нафта, државниот Роснјефт, го довршил преземањето на 49 посто дел во приватната индиска рафинерија Esar oil limited (EOL).

Рускиот гигант за делот во оваа рафинерија издвоил 12,9 милијарди долари.

Уште 49 отсто ќе има конзорциумот од трговецот со нафта ќе има „Трафигур“ и рускиот фонд УСП, додека останатите 1,74 отсто им припаѓаат на мали инвеститори.

„Роснјефт влезе во брзорастечкиот азископацифички пазар“, рекол шефот на компанијата Игор Сечин, а тоа е и прв негов влез во азискиот рафинериски сектор, и најголемо странско преземање во историјата на Индија.

Се очекува дека годишните потреби на Индија за нафта ќе растат во просек од 5,9 отсто до 2020, а рафинеријата на Есар на западот од земјата може дневно да преработи 400 000 барели сировина.

Промовирани огласи »

Сакате да бидете попродуктивни? Најдобро е да се ослободите од овие штетни навики, ако сакате да дојдете до тоа ниво.

1. Постојано гледање во телефонот

Во просек поминуваме повеќе од 4 часа дневно гледајќи на екранот на нашите мобилни телефони. Секој пат кога ќе напишете порака или прочитате нешто на интернет, го рестартирате вашиот фокус, попречувајќи ги оптималните перформанси што може да ги постигнете.

Првиот чекор за ограничување на времето кое го поминуваат со мобилен телефон е да ги исклучите известувањата што ве одвлекуваат од важните работи. Ако искушението е премногу силно, поставете временски период (на пример, час) во кој не го гледате телефонот. Со текот на времето ќе се навикнеш на ограничувањето и ќе можете да го надградувате.

2. Нарушувањеот како навика

Хаосот на работното место може да биде знак на гениј, но во повеќето случаи тоа е симбол на неорганизираност што може да предизвика сериозна штета на вашата продуктивност и да ве стави во лоша позиција.

За да се справите со овој проблем, прво мора да се ослободите од нередот, не само во физичкиот свет, туку и во вашиот ум. Ставањето на линија во неуредната канцеларија треба да биде искуство за прочистување кое навистина го менува начинот на кој гледате на работата. Потоа, размислете за вашите приоритети и направете листа од нив според редоследот на важност и итност.

3. Живот без распоред

Додавањето дополнително време за креирање на распоред што ќе ви овозможи да управувате со работите под ваша контрола ќе ви донесе долгорочни дивиденди (особено за вашиот здрав разум).

Поминувајте 30 минути секој работен ден (или недела) за да го испланирате следниот ден. Проверете ја вашата е-пошта, планирајте ја листата на задачи и поделете го вашето време. Поделете го денот во временски интервали од 30/60 минути за да бидете сигурни дека не заостанувате. Дополнителната видливост ќе ви помогне да ги ограничите изненадувањата и подобро да бидете подготвени за неочекувани настани.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »