Промовирани огласи »

Телекомуникацискиот оператор Вип, дел од Телеком Австрија Групацијата која опслужува над милион и двесте илјади корисници е компанија насочена кон креирање најдобри услуги по најдобри цени. Со инвестиција од 35 милиони евра, Вип изгради сопствена мрежа која обезбедува целосна покриеност со 4Г ЛТЕ.

Телекомуникацискиот оператор Вип одбележува цела декада од почетокот на работењето на македонскиот пазар. Kако компанија која секогаш нуди повеќе за своите корисници, Випги реализираше и продолжува да ги реализира ветувањата кон корисниците за слободна и неограничена комуникација во движење преку најсовремена мрежа и тоа под најповолни услови.

Вип прерасна во конвергентен оператор со понуда во мобилната, фиксната телефонија, интернет и телевизиски услуги. Само во минатата година Вип инвестираше над 35 милиони евра во изградба на сопствената најсовремена 4Г ЛТЕ и 4Г + мрежа со која на корисиниците им овозможува најбрз, квалитетен и стабилен пренос на податоци, како и најсовремена мобилна комуникација и повици со HD квалитет. Со изградените преку 750 базни станици низ целата земја, Вип овозможува покриеност на над 99,8% од населението.

“Изминатите 10 години за Вип значеа постојан раст и менување, период кој стана синоним за внесување промени на пазарот. Ја започна либерализацијата и воведе вистинска конкуренција која за корисниците донесе многу повеќе комуникација и тоа со најповолни услови. Посветеноста на постојаното градење доверба со нашите корисници го докажавме и со надградба на сопствената мрежа и воведувањето новини кои ја олеснуваат секојдневната комуникација. Продолжуваме понатаму со засилена динамика, иновативност и посветеност уште поинтензивно да им го овозможуваме на корисниците најповолното, најквалитетното и најиновативното од светот на телекомуникациите и тоа по најдостапни цени и супериорна услуга“, изјави Димитар Ковачевски, Извршен директор на оне.Вип.

Роденденската понуда за постпејд резидентните и бизнис корисниците е најновата од низата на атрактивни понуди од портфолиото на Вип, која го исполнува даденото ветување – “Повеќе за вас”. Во знакот на десеттиот роденден, сите новии обновени постпејд корисници на тарифните модели Vip Mobile L и Vip Family Hero добиваат  промотивно 10ГБ супер брз 4Гинтернет засекогаш.

Нашето големо Вип друштво е модерно, динамичнои брои над милион и двесте илјади корисници. Тоа е насекаде и секогаш е поврзано со нашата најсовремена мрежа. Горди сме што и овојпат овозможуваме многу повеќе за непречена комуникација на секој поединечно но и што можеме да дадеме голем придонес кон деловниот успех на голем број мали, средни и големи компании во земјава, потенцира Димитар Ковачевски, Извршен директор на оне.Вип.

Паралелно со вложувањето во градењето на партнерски однос со корисниците, Вип и неговите вработени ја продолжуваат традицијата на обезбедување поддршка на спортот, културата, образованието и други проекти од интерес на пошироката заедница. Како пример за ова е поддршката на Македонската ракометна федерација со која Вип го продолжува своето долгорочно партнерство.

10 години повеќе за Вас, Вип!

Промовирани огласи »

Министерот за здравство, Арбен Таравари, на социјалните мрежи пишува дека е загрижувачка високата стапка на смртност кај новороденчињата во Македонија. 

Чувствувам должност, но и одговорност да ви се обратам во врска со најважната битка во нашето здравство. Битка која за жал многу медиуми ја користат за собирање на поени за одредени политички партии но и најпоразително од сѐ, битка која за жал, неуспешно била водена во изминативе 25 години – битката за нашите новороденчиња. Јас, како и никој друг, немам магично стапче. Загрижувачката бројка на смртност кај новороденчињата и мене ме погодува, не само како министер туку и како човек и како родител. Не, јас немам магично стапче. Но, имам волја. Имам упорност. Имам одлучност и најважно од се, сигурност, дека Македонија треба, мора и ќе има подобро здравство. Се додека седам на ова столче, ветувам дека мој приоритет ќе бидат децата бидејќи тие се наша иднина, наша светлина и наша гордост. И оваа битка ќе ја водиме за нив. Бидејќи тоа тие го заслужуваат од нас- пишува Таравари.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека за една недела неколку детски животи згаснаа поради неспособноста на новата Влада. 

Почина тројка, бебе почина на ГАК, имаше смртен случај со две годишно дете во Охрид, бебе почина во Струга, но и во Кичево. 

Промовирани огласи »

За 830 евра во различни земји можете да најдете различни станови, помалку или повеќе луксузни. 

Во Берлин, Германија за 795 евра може да се најде еднособен стан во центарот на градот. 

Во Сплит, Хрватска за 899 евра можете да најдете двособен стан со поглед на море. 

Во Стокхолм, Шведска на 820 евра можете да најдете двособна куќа. 

Во Токио, Јапонија за 810 евра може да се изнајми гарсоњера. 

Во градот Тавира во Португалија за 550 евра можете да изнајмите еднособен стан на 3 минути од плажа. 

Во Бруклин, Њујорк за 830 евра може да се добие еднособен стан. 

Изнајмување на еднособен стан во Париз чини 1000 евра месечно. 

Во Фиренца, Италија двособен стан може да се најде за 800 евра и тоа на 15 км од центарот. 

Во градот Хои Ан, во Виетнам за 750 евра може да се изнајми куќа со 6 соби. 

Во Мерида во Мексико за 750 евра во северниот дел на градот има куќа со три соби и базен.

Промовирани огласи »

Ќе имаме уште еден продолжен викенд неделава. 

Првиот ден на Курбан Бајрам, 1 септември, е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Курбан Бајрам е прогласен за неработен ден согласно Законот за празниците на Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманската вероисповед им го честита претстојниот празник Курбан Бајрам.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »