Промовирани огласи »

Направете дневна листа со задачи и видете кои од нив се приоритетни. Поделете ги големите задачи на помали делови и решете ги една по една според важноста.

Од време на време направете проценка на вашата работа и запрашајте се како би можеле да ја сработите истата работа за помалку време. Доколку немате време за одредена задача, проценете дали може истата да се заврши и утре. Ако одговорот е негативен тогаш повторно направете листа со приоритетни задачи. Побарајте помош кога ви е потребна и разговарајте со останатите, (менаџерот или тимот), како меѓусебно повеќе да си помагате во работата и да го извлечете најдоброто еден од друг.

Обидете се да се изолирате од гужвата во канцеларијата за момент и фокусирајте се на вашите задачи. Ова е важно ако имате многу работа, а постојано ве прекинуваат.

Не се обидувајте да сработите повеќе отколку што можете во текот на денот. Бидете реални.

На крајот на денот направете увид на листата со задачи и одредете нови приоритети за следниот ден.

Не плашете се да преговарате за очекувањата и флексибилните распореди со вашиот претпоставен ако е потребно. Понекогаш околностите се менуваат.

Промовирани огласи »

Од вкупно поднесените претставки годинава кои се однесуваат на безбедноста на храната, 17 се поврзани со Добрата хигиенска пракса, а 15 се за промени во органолептичките својства на производите. Вкупно 14 се со наводи за сомнеж за безбедноста на производите, 13 се за присуство на контаминенти во храната, додека 12 се за поминат рок на употреба, открива за МИА директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски.

Бабовски истакнува дека е помал бројот на претставки кои се однесуваат на работа без одобрение на оператори со храна, измама на потрошувачи, сомнежи за труење со храна и други наводи. 

Во Одделението за заштита на правата на потрошувачите од почетокот на годинава досега се пристигнати 218 претставки, но предничат оние од областа на здравствената заштита и благосостојбата на животните и досега такви се 112. По бројност, по нив се оние кои се однесуваат на безбедноста на храната од неживотинско потекло. Нивниот број досега изнесува 90. Само 13 претставки се однесуваат на безбедност на храната од животинско потекло. Останатите се предлози, нагласува Бабовски.  

Минатата година, 226 од поднесените претставки до АХВ биле со наводи кои се однесувале на храната од неживотинско потекло, додека најмал бил бројот на претставки за безбедноста на храната од животинско потекло. Според Бабовски, нивниот број во 2022 година изнесувал 25.  

Промовирани огласи »

Групата Урбани уметнички акции која делува во склоп на Центарот за современи уметности креираа интерактивна канта за смет која зборува со минувачите и ги опоменува да не фрлаат ѓубре наоколу.

Како што информираат од Центарот за современи уметности, кантата  е направена од рециклирани материјали (стара цевка за канализација) и во неа е сметена електроника со сензори кои го детектираат движењето и опоменуваат да не се фрла ѓубре наоколу, a кога некој ќе фрли ѓубре кантата се заблагодарува и ја раскажува својата приказна за ѓубрето во градот. Посочуваат дека во својата беседа кантата нуди можност на граѓаните да поразговараат со неа и да ги слушнат причините зошто е валкан градот но и да ги слушнат проблемите со кои се соочуваат мнозинство канти за ѓубре.

Од  Центарот за современи уметности соопштуваат дека во наредниот период кантата ќе биде поставена (пред дизајн студиото на Кинг оф принт во близина на кафе „Круг“ и кај Мобилната монтажна галерија во франкофонскиот парк) во центарот на Скопје, а од наредната недела граѓаните ќе можат да се сретнат и да поразговараат со кантата на различни локации.

Од Центарот се надеваат дека опоменувајќи ги граѓаните но и надлежните на ваков креативен и по малку хумористичен начин ќе успееме барем малку да влијаеме на подигнувањето на свеста за комуналната хигиена и да придонесеме кон почист град. 

Промовирани огласи »

Шпанскиот закон за сексуално и репродуктивно здравје, кој го вклучува правото на жените на менструално отсуство, денеска стапи на сила.

Предлог-законот беше одобрен во парламентот во февруари. Министерката за еднаквост Ирене Монтеро тогаш рече дека тоа е „историски ден за унапредување на правата на жените“. Оттогаш, усвоени се некои амандмани за да се олесни пристапот до абортус и промена на полот.

Менструалното отсуство не е вообичаена практика. Во Тајван жените можат да останат дома само три дена во годината, а потоа добиваат само 50 отсто од платата. Во Јужна Кореја, работодавците мора да им дадат на жените еден слободен ден во месецот доколку тоа го побараат, но законот не регулира кој плаќа за тоа.

За да го остварат правото на менструално отсуство, на жените во Шпанија им е потребно одобрение од лекар. Времетраењето на отсуството во принцип не е ограничено. Според законот, зависи од тоа колку жената има болни менструации и колку дена трае болката. Трошоците за отсуство ги покрива државата.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »