Промовирани огласи »

Во Владата оптимисти, а граѓаните претпазливи. Надлежните се сигурни дека се исполнети условите за да се одмрзнат цените на основните прехранбени производи. До крајот на денот оваа антикризна мерка ќе престане да важи. Луѓето по пазарите – во страв. Велат дека и покрај поволните услови за стабилизирање на пазарот, некој сега „трие раце“. За народот нема дилема дека трговците и производителите ова го гледаат како сигнал за слободно да си ги зголемат цените. Се стравува од ценовен шок.

НЕВОЗМОЖНО Е НЕШТО ДА ПОЕВТИНИ. НЕ ВЕРУВАМ. ВО ОВАА СИТУАЦИЈА НЕ МОЖЕ НИШТО ДА СЕ НАПРАВИ. СИРОМАШТИЈАТА ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ УШТЕ ПОВЕЌЕ, ЌЕ БИДЕМЕ ПОБЕДНИ, РЕАГИРААТ ГРАЃАНИТЕ.

Од Владата велат дека имале консултации и со Стопанската комора и добиле уверувања дека нема да има големи осцилации на пазарот. Цените на струјата не се како што беа, цената на суровините е намалена на светските берзи. Ова се само дел од аргументите на надлежните. Според синдикатите, сето ова паѓа во вода.

ТРГОВЦИТЕ ЌЕ НАЈДАТ НАЧИН КАКО ДА ГИ МАНИПУЛИРААТ ПАЗАРИТЕ, А СО ТОА И ПОТРОШУВАЧИТЕ. СВЕСНИ СМЕ ДЕКА ВО ИЗМИНАТИОТ ПЕРИОД ДЕКА САМИТЕ НОСАТ ДВОЈНИ, ТРОЈНИ ФАКТУРИ, УВЕЗУВААТ ПОД ЕДНА ЦЕНА, ПРИКАЖУВААТ ДРУГА ЦЕНА, ШТО ЗНАЧИ ДЕКА МАНИПУЛИРААТ СО ЦЕНАТА НА ПРОИЗВОДИТЕ. СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА ДРЖАВНИТЕ ОРГАНИ БУДНО ЌЕ ГО СЛЕДАТ ТОА И ДЕКА ЌЕ СЕ ОБИДАТ ДА ВЛИЈААТ НА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ОВИЕ ПРОИЗВОДИ КОИШТО СЕГА ЌЕ СЕ ОДМРЗНАТ, РЕЧЕ ЗЛАТКО ЦВЕТКОВСКИ, СЕКРЕТАР НА ССМ.

Претходно и вицепремиерот за економски прашања најави дека ако има потреба соодветно ќе се реагира. Нови мерки сега нема, останува само инспекцијата. Битиќи уверува дека ќе се следи состојбата и кај трговците и кај производителите, со надеж дека ќе се задржат или намалат сегашните цени.

Промовирани огласи »

Поскапување за 13 проценти би имало кај цената на струјата доколку се прифатат барањата на компаниите. Ова го кажа првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски кој истакнува дека веќе се пристигнати сите барања од компаниите.

Тој посочува дека РКЕ во наредниот период ќе ги анализира  барањата, а одлуката ќе ја соопшти околу 20 следниот месец.

Бислимовски соопшти дека Електродистрибуција има побарано зголемување на цената за дистрибуција од 32 проценти, МЕМО, операторот на пазарот  на електрична енергија, од 83,3 проценти, а МЕПСО како оператор на преносниот систем од 53,51 процент. 

Процентот што го бара МЕМО, според него, навидум е голема бројка, но влијанието на цената е под 0,5 проценти. Вкупното влијание на цената на МЕПСО, пак, е нешто под пет проценти.

Доколку ги прифатиме сите овие барања тогаш би значело зголемување на цената на електрична енергија од 12,75 проценти, односно од 13 проценти - изјави Бислимовски.

Барање нема доставено само ЕВН Хоум поради тоа што не знае која ќе биде цената по која ќе ја набави од ЕСМ, повластените производители и ако има потреба од слободниот пазар. 

РКЕ ќе информира во наредните денови на што се темелат барањата за зголемување на цената, а како што вели Бислимовски, најверојатно е заради зголемени трошоци во работењето.

Ќе видиме дали е тоа прифатливо за нас или не. И претходно кажав не сум баш приврзаник за промени на цената на електричната енергија сега - рече Бислимовски.

Прашан за влијанието на враќањето на стапката на ДДВ од 18 проценти во цената на струјата, повтори дека РКЕ носи одлуки без ДДВ и оти ќе се задржи на делот што го регулираат.

Ако го пресметате ДДВ не е 8 проценти зголемување на цената, математички е некаде околу 7,3, односно  7,4 проценти како зголемување на цена што би влијаела - посочи претседателот на РКЕ.

Промовирани огласи »

Платата од најмалку 1.000 евра е сон за многумина. Иако во последниве години многу луѓе избираат ИТ сектор или слични работни места, сепак има други работни места кои можат да донесат добра заработка. Врз основа на статистиката од изминатите две години, односно за периодот од 2021 до 2023 година, овие десет работни места во Србија се многу профитабилни.

1. ИТ позиции

Како што веќе наведовме, овие позиции доминираат во однос на заработката. Може да заработат од 250.000 до 500.000 динари месечно, но и повеќе во зависност од компанијата и областа во која работат, како и од долгогодишното искуство.

2. Менаџер за продажба

Менаџерот за продажба е одговорен за управување со проекти, маркетинг и финансии, но и за деловни односи со клиентите, преговори за цени и трендови на пазарот. Нивната плата е околу 2.100 до 3.000 евра.

3. Раководител на градилиштата

Управувањето со градежен тим носи месечен приход од околу 2.100 евра. За оваа професија најчесто се избираат постари и поискусни работници, но често и помлади членови на тимот кои покажуваат исклучителни вештини и одговорност.

4. Возачи

Недостигот од возачи во последните години се зголемува и во Европа и кај нас. Заработуваат од 250.000 до 300.000 динари или околу 2.500 евра.

5. Менаџер за маркетинг

Се повеќе млади луѓе се свртуваат кон оваа професија која има голема популарност и перспектива поради развојот на социјалните мрежи. Оваа позиција вклучува истражување на пазарот, развој и промоција на производи, како и дизајнирање и спроведување на маркетинг кампањи, а нивната плата е околу 2.100 евра месечно.

6. Водоводџии

Дека занаетите се најпрофитабилните работни места покажува и месечната плата на водоинсталатерите која е околу 2.000 евра, а често се чека долго за доаѓањето на мајсторот бидејќи секогаш се полни со работа.

7. Архитектонски дизајнер

Друго занимање кое го позиционира градежното поле како област на добра заработка. Тука работат архитектонски инженери кои се специјализирани за архитектонски и внатрешен дизајн, моделирање, документација итн. Нивната заработка е околу 2.300 евра.

8. Машински инженер

Нивната заработка е околу 235.000 динари или 2.000 евра.

9. Готвач

Кујнските готвачи месечно заработуваат околу 1.960 евра, односно околу 230.000 динари и припаѓаат на дефицитарните професии, додека платата на готвачите е околу 70 до 100 илјади динари.

10. Стоматолог

Овие медицински работници месечно заработуваат околу 1.500 евра.

Некои други занимања со добра заработка се, на пример, раководител на сметководство, енергетски инженер, менаџер на клучни клиенти, менаџер, социјален работник, телефонски оператор, ѕидар...

(Извор: Курир.рс)

Промовирани огласи »

Брендот Техномаркет е промотор на најсовремената технологија во областа на апаратите за домаќинство, црната (ТВ, аудио, видео) и белата техника, како и IT производите.

Моментално вработува:

ПРОДАВАЧ/КИ ВО КОЧАНИ
ПРОДАВАЧ/КИ ВО ГОСТИВАР
ПРОДАВАЧИ/КИ ВО ТЕТОВО
ПРОДАВАЧ/КИ ВО СКОПЈЕ

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »