Промовирани огласи »

Axapta Masters, водечка компанија за Microsoft решенија во Македонија со голема прослава го одбележа официјалното отворање на новите канцеларии во Скопје.   Проширувањето и потребата од нов модерен деловен простор е резултат на успешно реализираната стратегија за развој на Axapta Masters.

Новите деловни простории во современиот Ентерпрајз Бизнис Центар, зафаќаат повеќе од 3000 квадратни метри и се распространети на два ката. Објектот е уреден со најсовремени простории и напредна технологија, пет конференциски сали, акустични кабини, аудиториум, делови за релаксација и одмор, оддел со игри, тераса на покривот со прекрасен поглед кон Водно.

Од менаџментот на компанијата велат дека со повеќе од девет години искуство и успешно позиционирање на Axapta Masters како водечка сила во индустријата, отворањето на новата канцеларија во Скопје претставува уникатен момент со длабоко значење за компанијата и тимот. “Новата локација ќе им овозможи на вработените да работат во удобна и современа средина, што ќе придонесе за уште поголемо подобрување на перформансите овозможувајќи им најдобри услуги и решенија на нашите соработници и клиенти”.

Axapta Masters има големо глобално присуство со разновидно портфолио на успешни проекти во голем дел на сектори како што се производство, транспорт, автомобилски сектор, малопродажба, градежништво, фармација, осигурителен сектор.  Компанијата важи за една од најпосакуваните и најатрактивни компании за вработување во земјата. Во 2022 година Axapta Masters двојно го зголеми својот тим, кој денес надминува над 220 вработени, кои се дел од  успешната приказна на компанијата во канцелариите во Скопје, Малта, а од неодамна и во канцелариите во Нови Сад, Србија и Велика Британија.

Промовирани огласи »

На листата има голем број модели, а името на еден е веќе познато.

Фолксваген објави дека покренува нова иницијатива насочена кон зголемување на профитабилноста. Бизнис планот оди во насока на базирање на големосериските модели, додека „данокот“ ќе го платат моделите кои имаат скроммна продажба. Даден е и пример, имено Артеон, кој наскоро ќе биде укинат.

Како што откри првиот човек на Фолксваген Томас Шафер, компанијата ќе се фокусира на моделите кои го сочинуваат јадрото на понудата. Исто така, бројот на достапни опции ќе биде намален кај сите модели, а најдобар пример е новиот ID.7, кој веќе има 99 отсто помалку опции во однос на поранешниот Golf 7.

Новата програма се вика „Забрзување напред | Пат до 6.5“, а до октомври ќе биде имплементирана во сите производни процеси на брендот. Целта е да се зголеми профитот на 6,5 отсто, што би можело да ги зголеми приходите за околу 10 милијарди евра.

Volkswagen не објави кога Arteon ќе биде повлечен од продажба, но се претпоставува дека ќе добие замена во текот на следната година.

Фото: EPA

Промовирани огласи »

Македонците јадат неколкукратно поскапа хана отколку Европјејците. Ова може да се заклучи од „Инфлациски монитор“ за јуни 2023 година изработен од страна на Парламентаранта буџетска канцеларија (ПБК) заедно со Швајцарска агенција за развој. 

Податоците покажуваат дека во нашата земја инфлацијата е значително поголема отколку во Европа. Притоа најголемо поскапување има кај рестораните, мебелот и храната.

За споредба, во Македонија хранта поскапела за високи 14,6 отсто, додека во Европа поскапувањето на базичната инфлација каде е опфатена и храната достигнува само 5,3 отсто. 

Макроекономскиот преглед кој се однесува на податоците за првиот квартал во 2023 година. Дополнително во прилог и најновиот инфлаторен монитор со податоци заклучно со месец мај 2023 година - Парламентарна буџетска канцеларија. 

Промовирани огласи »

Државата го крати рокот за намирување на обврските кон приватните компании на 30 дена. Законските измени со кои се регулира ваквата обврска го подготви Министерството за финансии, а го усвои Собранието во рамки на 117-тата седница.

Со донесениот Закон се скратуваат роковите во коишто субјектите од јавниот сектор чии сметки се во рамките на трезорот на Министерството за финансии и трезорот на Фондот за здравствено осигурување се должни да ги поднесат барањата за плаќање на достасаните фактури кон економските оператори до трезорот на Министерството за финансии и до трезорот на Фондот за здравствено осигурување, како и  роковите во кои Министерството за финансии, односно Фондот за здравствено осигурување ќе ја вршат исплатата на средствата на кои гласат доставените фактури.

Скратување за 30 дена има и на плаќањата на јавниот сектор чии сметки се во рамки на Трезорската сметка на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, кои сега се 90 дена. Со предложените измени се предлага од обврски на овие субјекти да се плаќаат за 80 дена, од јануари 2024 година 70 дена и од јануари 2025 година за 60 дена.

Со законските измени рокот за исплати на обврските на државата кон приватниот сектор се сведува на 30 дена. Односно предвидено е постепено намалување на рокот на плаќање на обврските на субјектите од јавниот сектор чии сметки се во рамки на Трезорската сметка на Министерството за финансии. Така што, од 60 дена рокот првично се намалува на 50 дена, од 1 јануари 2024 дополнително ќе се намали за уште 10 дена и ќе изнесува 40 дена и од јануари 2025 година истиот ќе биде 30 дена.

На ваков начин се создава предвидливост за компаниите и се подржува ликвидноста на стопанството. Тоа особено е значајно за компаниите во услови на економска криза, оценува министерот за финансии Фатмир Бесими.

Измените претставуваат усогласување со Директивата 2011/7/ЕУ на Европскиот парламенти на Советотод 16 февруари 2011 годиназа сузбивање на задоцнето плаќање при трговски трансакции, каде роковите за измирување на обврските на субјектите од јавниот сектор се 30 дена, а во здравствениот сектор се 60 дена.

Закон за финансиска дисциплина кој се применуваше досега е на сила од мај 2014 година и со него се обезбедува сигурна наплата на побарувањата и истиот ја обезбедува ликвидноста на компаниите.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »