Промовирани огласи »

Било каков вид на работа, без разлика дали е на далечина или во канцеларија, со скратено работно време или со полно работно време може да игра важна улога во одредувањето на тоа како ќе се одвива секојдневниот живот и како тоа влијае на менталното и физичкото здравје. Кога се нарушуваат рамнотежата и неопходните паузи, продуктивноста на работата може да се намали, а исто така и перцепцијата на луѓето за нивната контрола и напредок.

Овие негативни реперкусии може да се претворат во целосна несреќа, што пак продолжува да влијае на вкупниот резултат на работа.

  • Балансот е најважен 

Работејќи попаметно, а не подолго, е важно во борбата против исцрпеноста што доведува до помалку продуктивна шема на работа. Истражувањата покажаа дека прекумерната работа и нејзините негативни несакани ефекти и последици можат да доведат до разни здравствени проблеми, вклучувајќи депресија, дијабетес и срцеви заболувања. Во некои случаи, ограничувањето на работното време може да ја зголеми продуктивноста, според студиите. Балансирањето на работата со одморот е првиот чекор во здраво ментално чистење затоа што наместо да служи како еднократна активност, тој го активира тековниот начин на потрага по себе. Влуијателен чекор кој може да го преземат сите е поставувањето граници во работата во продуктивните часови за максимален резултат, наместо секоја задача да се влече и одзема време дури и од паузите од работа. 

Пренасочувања и паузи, истражување на природата и изведување на некои видови физички активности се начини на кои луѓето можат да го одморат умот за да се подготват за друг продуктивен работен час или ден. Социјалните медиуми и другите форми на електроника можеби не нудат многу одмор како што за некои е седењето во парк, па затоа неопходен чекор е да се дознае што му треба на секој вработен поединечно за да ги наполни батериите и да добие енергија.

  • Стимлуација на продуктивноста е важна и за работата од далечина

За работата од далечина, одржувањето на оваа рамнотежа е исто толку важно за среќата и продуктивноста. Според студија направена во јуни 2023 година за ефектите на менталното здравје при работа од дома, понудата на организациска поддршка на вработените е еден од начините на кои работодавците можат да кажат дека ги задоволуваат потребите на луѓето. Овие потреби честопати се протегаат на долг рок, што влијае на целокупната благосостојба на вработените. Во студијата, кај испитаниците е забележано стрес, депресија, замор и напрегање меѓу другите чувства. Организациската поддршка, поддршката на колегите и социјалната поврзаност беа меѓу оние елементи што влијаеја на здравствените резултати. Корелацијата покажува дека колку повеќе поддршка има, толку повеќе негативни последици може да се избегнат. Кога овие последици се спречуваат, има поголема шанса за задоволство на работа и успех, а помалку шанси за намалена продуктивност и несреќа.

Да се ​​биде внимателен со задачата што се реализира и фокусот да се се насочи кон сегашниот момент, исто така може да послужи како моќен метод за ментално чистење. На овој начин, луѓето би ги исчистиле своите мисли од расеаност. Луѓето кои се дел од  работната сила понекогаш немаат емпатија за себе. Тие работат додека не се преморат или работат ангажирани во неколку задачи одеднаш. Ставањето на умот во оваа хаотична состојба може да ја растури секоја понатамошна шанса за организација или успех, па затоа е вредно да се биде конкретен за тоа како да започнете и да го продолжите денот - за секоја задача, интеракција или мисла.

Промовирани огласи »

Со оглед на тоа што е сезона на одмори и многумина излегуваат надвор од државата, Царинската управа на Македонија, објави детален список за тоа што смее а што не смее да се носи при влез и излез од земјата. Дополнително, за она што е дозволено, објавена е детална количина.


„ ШТО МОЖЕТЕ ДА НОСИТЕ ПРИ ВЛЕЗ И ИЗЛЕЗ ОД ДРЖАВАТА?ДОЗВОЛЕН ВНЕС НА ПРЕРАБОТКИ ОД ТУТУН• 200 ЦИГАРИ

• 100 ЦИГАРОЛОСИ

• 50 ПУРИ

• 250 гр. ТУТУН

ДОЗВОЛЕН ВНЕС НА АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛОЦИ• 2 ЛИТРИ АЛКОХОЛ ДО 22%

• 1 ЛИТАР АЛКОХОЛ НАД 22%

ДОЗВОЛЕН ВНЕС И ИЗНЕС НА ПАРИ ВО ГОТОВИНА• ПРИ ИЗЛЕЗ ДО 2.000 €

ИЗНОСОТ ОД 2-10.000 € ТРЕБА ДА ГО ПРИЈАВИТЕ И ДА ПРИЛОЖИТЕ ДОКАЗ ЗА ПОТЕКЛО ОД БАНКА ИЛИ МЕНУВАЧНИЦА

• ПРИ ВЛЕЗ ДО 10.000 €

СЕКОЈ ИЗНОС НАД 10.000 € ТРЕБА ДА СЕ ПРИЈАВИ

ДОЗВОЛЕН ВНЕС НА ПАРФЕМИ• ПАРФЕМИ ДО 50 МИЛИЛИТРИ

• ТОАЛЕТНА ВОДА ДО 250 МИЛИЛИТРИ

ДОЗВОЛЕН ВНЕС НА СТОКА ОД НЕКОМЕРЦИЈАЛНА ПРИРОДАСТОКАТА* КОЈА ЈА ВНЕСУВАТЕ ОД СТРАНСТВО ВО ВРЕДНОСТ

ДО 350 € Е ОСЛОБОДЕНА ОД ПЛАЌАЊЕ НА УВОЗНИ ДАВАЧКИ, ДОКОЛКУ ИСТАТА Е ОД НЕКОМЕРЦИЈАЛНА ПРИРОДА

* (со исклучок на алкохолни пијалоци, преработки од тутун, парфеми и тоалетна вода)ПРЕНОС НА МИЛЕНИЦИЗА СЕКОЈ ДОМАШЕН МИЛЕНИК СОПСТВЕНИКОТ ТРЕБА ДА ИМА:• ПАСОШ

• ВЕТЕРИНАРНО-ЗДРАВСТВЕН СЕРТИФИКАТ“ соопштија од Царинската управа.

Промовирани огласи »

Гумени бонбони, слатки, тропско овошје, брашно од соја… ова е дел од храната чие ДДВ ќе се зголеми двојно, објавува Канал 5.

Првиот финансиер Бесими исчита дел од листата производи кои ќе бидат со двојно повисоко ДДВ, како дел од даночната реформа. Наместо 5 ќе се даночат со 10% данок.

Путер од кикирики, гумени производи во форма на слатки, украсни риби, сирење со сива мувла, тартуфи, месо од ирвас, други слични произовди кои всушност ги има на пазарот. Тие пак ќе бидат со повластена тарифа, нема да бидат 18%, ќе бидат со 10%, нема да бидат ни 5% и генерално ние гледавме и тогаш дека овие производи и во земјите од регионот и од ЕУ воопшто немаат повластена тарифа…, изјави Фатмир Бесими, министер за финансии.

Со измените повисока стапка на ДДВ од 5 на 18%, ќе имаат и пелетите, како и печките и котлите на пелети за кои државата до лани делеше субвениции. Бесими вели дека тоа било краткорочно решение за да се отстранат другите загадувачи.

За опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак, даночната реформа не ја сузбива сивата економија. Лидерот на партијата Мицкоски оцени дека на овој начин само се оптоваруваат граѓаните кои редовно си ги плаќаат даноците.

Граѓаните со измените на законот за ДДВ ќе плаќаат поскапа струја бидејќи повластена стапка од 5 проценти се враќа на 18 проценти. Тука ќе ги ставам и пелетите како средство за затоплување на домовите бидејќи за неколку месеци од денес ќе почне грејната сезона, и наместо да имаме еколошки енергенс ние повторно ќе треба да импровизираме и повторно да ја загадуваме околината, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Дел од пакетот закони кои ќе се носат со европско знаме е и „солидарниот данок“ за кој бизнис секторот остро реагираше. Бесими кажа дека фирмите ќе имаат рок до крајот на октомври да ја платат оваа еднократна давачка.

Законските измени ќе се носат со европско знаме, а во наредниот период треба да бидат испратени до Собранието.

Промовирани огласи »

Германскиот автомобилски гигант Фолксваген објави дека почнал да тргува со електрична енергија на берзата Epex Spot, додавајќи дека планира да користи фрлени батерии од е-автомобилите за нејзино складирање.

Epex Spot организира купопродажба на електрична енергија со рок на испорака до една недела. Таа е со седиште во Париз и има канцеларии во Амстердам, Берлин, Берн, Брисел, Лондон и Виена.

Фолксваген вчера објави дека почнал да тргува со електрична енергија на Epex Spot, врз основа на систем за складирање направен од фрлени батерии за електрични возила.

Првично, пилот-проектот ќе користи 28 батериски системи и 38 ќелиски модули од малиот автомобил E-Up, велат тие.

Кога цените на електричната енергија се ниски и кога соларната и ветерната енергија се достапни во големи количини, овој систем привремено ќе складира електрична енергија од мрежата. Кога цените се високи и снабдувањето е ограничено, тоа ќе ја врати енергијата во мрежата.

Според Epex, VW е првата автомобилска групација што влезе во бизнисот со трговија со електрична енергија во Германија. Привременото складирање на енергија од обновливи извори се смета за важен предуслов за преминот кон „зелена“ енергија.

Другите производители на автомобили веќе користат фрлени батерии како привремено складирање, па во 2017 година BMW пушти во употреба „фарма“ во Лајпциг со дури 700 батерии BMW i3 за привремено складирање на енергија од четири турбини на ветер што ги поседува.

Од друга страна, Audi користи литиум-јонски батерии од тест возила во станиците за брзо полнење од крајот на 2021 година.

ФОТО: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »