Промовирани огласи »

Лекарите велат дека не треба да претерувате со пакувањето лекови и превентивни средства, но дека треба да ги понесете основните медикаменти. Во вашата мини домашна аптека за на одмор треба да имате: редовната терапија (како инсулин, лекови за холестерол, висок крвен притисок, срцеви проблеми и слично), пробиотик, лек против гадење, лекови против болки, против алергија, стомачни тегоби, превентива за убоди од инсекти како и маст за после убод, како и средства за санирање повреди и рани.

Не заборавајте со себе да ја понесете здравствената легитимација и здравственото осигурување од осигурителната компанија.

  • Доколку секојдневно земате медикаменти, задолжително понесете ги со себе и земајте ја пропишаната доза од терапијата редовно.
  • Понесете топломер
  • Антипиретиците и аналгетиците ќе ви бидат од корист доколку имате висока температура, главоболка, забоболка и  други болки.
  • Понесете антихистаминик кој ќе го употребите доколку имате убоди од комарци или други инсекти или при алергија.
  • Раствор на рехидратациска сол кој ќе ви биде потребен при дијареа, повраќање и при преголемо потење предизвикано од висока температура.
  • Стерилните гази, завои, фластери и спреј најмногу ќе ви помогнат доколку се повредите или изгребете.

Што се препорачува за деца?

  • Парацетамол
  • Маст против убоди и осипи
  • Лекови против гадење, дијареја и алергија
  • Таблети и сирупи за болка во грло
  • Средства за заштита на детска кожа

Мини патувачката аптека треба да биде помала од домашната, односно понесете лекови соодветно на деновите што сте планирале да ги поминете далеку од дома. За оваа намена треба да имате посебен несесер или кутија што добро се затвора и да ја чувате подалеку од дофат на деца.

Промовирани огласи »

Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, во разговор за Блумберг Адрија вели дека компаниите на ЕСМ кои бараат поскапување на цената на парно греењето тоа го правдаат со поскапените материјали и опрема за работа на глобално ниво.

ЕСМ Дистрибуција до РКЕ од август ќе бара повисока цена за 50 отсто, ЕСМ Снабдување поскапување за 54,2 проценти, а ЕСМ Производство намалување за 29,42 отсто.

 Факт е дека има одредени трошоци во однос на материјалите, во однос на опремата, што се должи пред се на глобалното зголемување на цените не само во Македонија, туку насекаде низ Европа. Во овој момент ги разгледуваме барањата, а дополнително она што влијае на зголемувањето нацената е тоа што сега треба да ги признаеме оние трошоци за природен гас од јануари 2022, рече Бислимовски.

Тој додаде дека комисијата ќе бара решение да нема ценовен шок за топлинската енергија.

Промовирани огласи »

Флекс Кредит ДОО Скопје е Македонска небанкарска финансиска институција, регистрирана од Министерство за финансии на република Северна Македонија. Компанијата обезбедува брзи потрошувачки кредити/заеми, преку онлајн аплицирање и преку филијалите рапространети низ целата територија на република Северна Македонија.

Моментално вработува:

АСИСТЕНТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
ТИМ ЛИДЕР – ОХРИД
АГЕНТ ЗА ТЕРЕНСКА НАПЛАТА - РАДОВИШ (ХОНОРАРНА РАБОТА)
АГЕНТ ЗА ТЕРЕНСКА НАПЛАТА- НЕГОТИНО (ХОНОРАРНА РАБОТА)
БИЗНИС АНАЛИТИЧАР
ОПЕРАТОР ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР – ПРОДАЖБА

Се уште невработени?! Сите останати активни работни места можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, во својот допис до медиумите, објави дека законското решение, кое го подготви Министерството за финансии, а е во насока на поголема заштита на граѓаните кои ги користат услугите на финансиските друштва, доби зелено светло во Собранието.

Со Законот се обезбедува значително поголема заштита на граѓаните корисници на услугите на финансиските друштва и зголемување на довербата во финансиските друштва, и тоа преку утврдување на максималниот износ на сите трошоци поврзани со кредитот, укинување на можноста за земање кредит за затворање на претходно доспеан кредит во исто финансиско друштво, укинувањена можноста трговските друштва што поседуваат дозвола или лиценца согласно Законот за игрите на среќа и за забавните игри да можат да бидат кредитни посредници на финансиско друштво, односно да нудат кредитни производи.

Исто така, согласно законските измени во иднина финансиското друштво нема да може да склучи договор за потрошувачки кредит, ако трошоците што не влегуваат во годишната стапка на вкупни трошоци надминуваат 60 отсто од износот на одобрениот кредит. Поконкретно надоместоците се однесуваат на сите трошоци што потрошувачот ги плаќа или има обврска да ги плати во текот на целиот период на важност на договорот, а кои произлегуваат или на каков било начин се поврзани со договорот за потрошувачки кредит или поврзани услуги и тие нема да може да бидат повеќе од главницата на кредитот.

Финансиските друштва ќе имаат обврска да воспостават систем за управување со кредитен ризик, којшто се однесува на оценување на кредитната способност на клиентот за враќање на кредитот како и оценка на загуба на финансиското друштво поради неможност клиентот да ги намирува своите обврски во договорениот износ или рокови.

Законот го зајакнува и надзорот врз работењето на финансиските друштва, по примерот на другите регулатори, а за што ќе биде пропишан и донесен посебен правилник. Исто така, предвидени се и глоби од 8.000 до 10.000 евра за непочитување на законските одредби“, пишува министерот.

Дополнително, како што наведува, измените ја зајакнуваат регулаторната рамка за работење на финансиските друштва на пазарот во земјава, а со цел тие да претставуваат сериозни финансиски институции кои нудат алтернатива на банкарското работење, а не само друштва кои нудат краткорочни кредити на населението.

Позначајна промена се однесува на зголемување на износот на основната главнина за основање на финансиското друштво од 100.000 евра на 500.000 евра, при што таа не може да биде обезбедена од заеми или кредити. Законските измени пропишуваат и дека дозволата ќе му биде одземена на финансиското друштво ако во рок од една година му се изречат две мерки, односно глоба или привремена забрана за вршење активност.

Измените на Законот произлегоа од потребата за зајакнување на регулаторните барања и стандарди што треба да ги исполнуваат финансиските друштва, чиј број значително се зголеми, а се зголеми и бројот на корисници на потрошувачки кредити што тие ги издаваат, објаснува министерот Бесими.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »