Промовирани огласи »

Од први септември се воведуваат нови цени на поштенските услуги во меѓународниот поштенски сообраќај. Новите цени се однесуваат за писмата, поштенските картички, печатените работи и малите пакети.

За стандардизираното писмо, поштенската услуга ќе чини 42 денари, а исто толку ќе чини и за поштенската картичка.

Поштенската услуга за нестандардизираното писмо до 20 грама во соседните држави и во земјите од Европа, кои се во втора зона, од септември ќе биде 42 денари, а за останатите држави од Европа, кои се во трета зона, како и за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 45 денари.

За препорачаните писма, ќе се доплаќа 139 денари како дополнителна цена која ќе се додава на цената за основната услуга.

Кај малите пакети до 100 грама, доколку се праќаат во соседните држави и во земјите од Европа од втора зона ќе се плаќа поштенска услуга од 105 денари, а за останатите европски држави кои се во трета зона, како и за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 120 денари. За најголемите пакети од 1000 до 2000 грама, цената на поштенската услуга за соседните држави и за Европа, втора зона, ќе биде 1.115 денари, додека за останатите европски држави, Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот ќе биде 1.285 денари.

За печатени книги, весници и списанија до 20 грама, поштенската услуга за соседните држави и Европа, втора зона, ќе биде 37 денари, а за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 39 денари. За пратка со печатени книги, весници и списанија кои тежат од 1000 до 2000 грама, ќе се плаќа поштенска услуга од 1.112 денари за соседните држави и Европа, втора зона, додека за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави во светот 1.265 денари…

За авионски превоз за писмо, поштенска картичка, печатени работи, мали пакети и секограми (сите видови печатени работи за слепи) за Австралија и Нов Заланд и за останатите земји во светот, цената ќе биде по 6 денари за секои 10 грама тежина на пратката, која ќе се пресметува како дополнителна цена и ќе се додава на цената за основната услуга. За земјите од Европа, цената за оваа услуга останува четири денари на секои 10 грама тежина на пратката.

Потребата од зголемување на цените, како што стои во образложението од Агенцијата за пошти, е оправдано од неколку причини – некои од постојните цени на основните и дополнителните услуги во меѓународниот сообраќај како писмо и поштенска картичка се во примена повеќе од 20 години, додека цените на нестандардизираното писмо, печатени работи и мали пакети, препорачано ракување и ракување со писмо, не се сменети шест години, а трошоците за нивно обезбедување се зголемени.

Во образложението се наведува и дека вака зголемените цени на поштенските услуги се меѓу пониските во регионот и дека се во рамки на просекот со земјите од регионот.

Промовирани огласи »

Singular е меѓународна софтверска компанија која развива наградувани решенија кои се истакнуваат со нивната флексибилност, доверливост и иновативност - трите клучни аспекти кои го обликуваат нашиот конкурентен фактор на пазарот.

Моментално вработува:

INTERMEDIATE SOC ANALYST
JUNIOR AGILE DELIVERY LEAD
INTERMEDIATE BUSINESS ANALYST

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Стресот на работното место е растечка грижа ширум светот. Сега повеќе од кога било досега, стресот на работнотоместо претставува закана за здравјето на работниците. Ова исто така го става на ризик здравјето и профитабилноста на организациите.

Ајде да погледнеме како да ги идентификуваме предизвикувачите и ефектите од стресот поврзан со работата. Долгорочните проблеми од стресот на работното место вклучуваат кардиоваскуларни болести и имунолошки дефицит. Лошото ментално здравје може да биде предизвикано и од хроничен стрес на работното место. 

Учењето како да управувате со стресот на работното место е од суштинско значење за заштита на вашето ментално и физичко здравје. Плус, гарантира дека можете да работите најдобро што можете без да предизвика burnout.

Совладајте го стресот на работното место со овие совети:

  • Дознајте што ви предизвикува стрес на работното место;
  • Создадете рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот;
  • Побарајте стручна помош;
  • Останете организирани;
  • Имајте добра рутина на спиење;
  • Одржувајте блиски односи на работното место;
  • Хранете се здраво.

Учењето како да управувате со стресот на работното место може да ви помогне да ги идентификувате вашите предизвикувачи на стрес. Исто така, гарантира дека ги имате вистинските алатки за заштита на вашата ментална и физичка благосостојба со години - дури и додека сте под притисок.

Промовирани огласи »

Во август има уште еден неработен ден, но не за сите граѓани. 

Понеделник, 28 август ќе биде неработен ден за граѓаните кои се православни верници.

 Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица е значаен христијански празник кај православните, католиците и протестантите, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос. Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму и називот успение, што значи искачување.

Следен неработен ден е Денот не независноста на Република Македонија кој се празнува на 8 септември.  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »