Промовирани огласи »

Изгледа дека Илон Маск призна дека неговото преземање на социјалната мрежа X (поранешен Твитер) за 44 милијарди долари може да биде осудено на пропаст.

Сопственикот на платформата вчера изјави дека X „може да пропадне“.

 „Тажната вистина е дека моментално нема големи „социјални мрежи““, напиша Маск на X, пренесува Insider. „Можеби нема да успееме, како што многумина предвидоа, но ќе дадеме се од себе“.

Мета, која е сопственик на Facebook, лансираше ривал на платформата C наречена Threads на 5 јули и брзо собра повеќе од 100 милиони регистрации, објави магазинот Time, цитирајќи податоци од Sensor Tower.

Сепак, шест недели подоцна, дневната стапка на активни корисници на платформата падна од врвот од 44 милиони по лансирањето на Threads на околу 10 милиони, според податоците на Similarweb.

Напорите на Маск да ја исчисти платформата од ботови и да ја претвори во „супер-апликација“ се чини дека сè уште не функционираат.

Мет Бајндер од Mashable оваа недела откри дека околу 42% од неговите следбеници на X немаат свои следбеници, што значи дека можеби се ботови. Објавата на Маск доаѓа откако тој се најде на удар на критиките оваа недела бидејќи рече дека ќе ја отстрани функцијата за блокирање од платформата.

Во мај, Fidelity ја објави вредноста на својот удел во компанијата тогаш позната како Twitter, вреднувајќи ја на околу 15 милијарди долари - или само една третина од она што Маск го платил, пишува The Wall Street Journal.

ФОТО: EPA-EFE/LUDOVIC MARIN 
  
Промовирани огласи »

Наглото зголемување на цените на недвижностите во Хрватска не е новост, но изненадува тоа што за прв пат во историјата банките во Хрватска во просек нудат поевтини кредити од банките во Германија. Пониски се каматите на кредитите за купување недвижен имот, а уште поизненадувачки е што каматите за дел од кредитите на бизнис секторот се пониски и во Хрватска, пишува Индекс.

Тврдењето пред неколку години дека задолжувањето од банките во Хрватска би било поевтино отколку во Германија и во повеќето земји од еврозоната, би предизвикало чудење, па дури и смеа. Но, сепак, се оствари, пишува порталот.

Иако во јануари 2016 година просечната каматна стапка на станбените кредити во Хрватска беше за 3,7 процентни поени повисока отколку во Германија (5,67 отсто камата во Хрватска, 1,97 отсто во Германија), сега е сосема поинаку поради наглиот пораст на каматните стапки на кредитите за недвижности во Германија и тоа од првата половина на минатата година.

Според податоците на Европската централна банка (ЕЦБ), просечната каматна стапка на станбените кредити во април годинава за Хрватска била 2,99 отсто. Ова не само што е пониско од просекот на еврозоната (3,48 отсто), туку и пониско од земјите како Италија (4,17 отсто), Германија (3,93 отсто) и Австрија (3,83 отсто). Всушност, каматните стапки на заемите за недвижнини се само пониски во Малта (2,25 проценти) и во Франција (262 проценти).

ФОТО: Unsplash

Промовирани огласи »

Повеќе од 3,5 милиони луѓе го загубија статусот „милионер од долари“ минатата година, за време на првиот пад на глобалното богатство од финансиската криза во 2008 година. Според годишниот извештај за богатството на УБС, бројот на возрасни лица со имот поголем од 1 милион долари падна од 62,9 милиони на крајот на 2021 година на 59,4 милиони на крајот на 2022 година.

Швајцарската банка соопшти дека глобалното богатство е намалено поради високата инфлација и колапсот на многу валути во однос на доларот. Бројот на милионери во САД се намали за 1,8 милиони на 22,7 милиони, но САД сè уште имаат многу повеќе милионери од која било друга земја. Кина беше вториот најголем дом на богатите со 6,2 милиони од нив, пишува Investor.me.

И покрај падот, извештајот покажа дека имало четири пати повеќе милионери отколку пред 23 години. Во Велика Британија, бројот на милионери се намали за 440.000 на 2,6 милиони минатата година, трет најголем пад зад Јапонија, која падна од 3,2 милиони на 2,6 милиони. Австралија имаше четврти најголем пад, со 360.000 луѓе кои повеќе не се класифицирани како милионери, со што вкупниот број се намали на 1,8 милиони.

На самиот врв, бројот на луѓе со над 50 милиони долари падна за 22.500 на 243.000. 500-те најбогати луѓе во светот изгубиле вкупно 1,4 милијарди долари во 2022 година, според посебно истражување на Индексот на милијардери на Блумберг. Илон Маск, најбогатиот човек на светот и ко-основач на Тесла, загуби 138 милијарди долари во 2022 година, годината кога го заврши купувањето на Твитер за 44 милијарди долари.

Ко-основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, кој некогаш беше еден од 10-те најбогати луѓе во светот, изгуби речиси 81 милијарда долари во нето богатство и беше на 45 милијарди долари на крајот на 2022 година.

Глобалното приватно богатство падна за 11,3 трилиони долари, или 2,4 отсто, на 454 милијарди долари.

Овој исход претставува дисконтинуитет во речиси континуираното проширување на богатството на домаќинствата во овој век - посочија од УБС.

Тие додаваат дека падот на богатството ќе се почувствува уште поостро во реални услови поради зголемената инфлација ширум светот. Финансиите на домаќинствата се притиснати од наглото зголемување на цената на сè, од храна до енергија. Во меѓувреме, „четвртата индустриска револуција“, брзиот развој на технологијата и автоматизацијата, ги превртува и преобликува економиите.

Извештајот на UBS од 2018 година покажа дека милијардерите заработиле повеќе пари во 2017 година од која било година во историјата, зголемувајќи го своето богатство за една петтина на 8,9 милијарди долари.

ФОТО: Unsplash/Alexander Milsет во речиси континуираното проширување на богатството на домаќинствата во овој век - посочија од УБС.

Тие додаваат дека падот на богатството ќе се почувствува уште поостро во реални услови поради зголемената инфлација ширум светот. Финансиите на домаќинствата се притиснати од наглото зголемување на цената на сè, од храна до енергија. Во меѓувреме, „четвртата индустриска револуција“, брзиот развој на технологијата и автоматизацијата, ги превртува и преобликува економиите.

Извештајот на UBS од 2018 година покажа дека милијардерите заработиле повеќе пари во 2017 година од која било година во историјата, зголемувајќи го своето богатство за една петтина на 8,9 милијарди долари.

ФОТО: Unsplash/Alexander Mils

Промовирани огласи »

Работното место може да биде средина која е и забавна и продуктивна за вработените. Понекогаш можеме буквално да се изгубиме во извршувањето на работните задачи и секој ден да ни е ист и здодевен.

Но тоа не мора да е така, еве неколку мали интересни совети како да го направите напорниот работен ден позабавен, а со тоа и попродуктивен. 

  • Организирајте канцелариски спортски тим;
  • Украсете го канцеларискиот простор;
  • Споделете шеги со вашите соработници;
  • Испратете рачно напишани пораки на нечие биро;
  • Прославете ги родендените на вработените;
  • Дозволете миленици во канцеларија;
  • Натерајте ги сите да се соберат за групна фотографија;
  • Одвјоте пет минути и убаво размрдајте се;
  • Облечете се убаво како да е некој посебен ден;
  • Поканете некој од новите колеги на ручек за време на паузата.
Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »