Промовирани огласи »

На први септемрви, односно утре ќе стартува новата учебна година а истата ќе трае до 17 јуни, потврди министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Појасни дека годинава за првпат основците и средношколците ќе имаат и пролетен распуст и истиот ќе трае од 29 април до петти мај, практика која, како што кажа Шаќири, се применува во повеќе европски земји и која според наставниците и стручните служби ќе донесе подобри резултати во учењето.

Во изминатиот период како што рече министерот, интензивно се подготвувале со училиштата и локалната самоуправа за успешен старт на учебната година.

Најголем дел од учебниците за основното образование кои се одборени во изминатиот период како и дел од новите учебници од трето одделение се веќе испорачани до училиштата и апелирам до раководставата на училиштата да ги доделат до учениците. Останатиот помал дел тоа се претежно учебници за шесто одделение ќе бидат доставени веднаш по одобрување од страна на националната комисија за учебници, информира Шаќири. 

Промовирани огласи »

Мајорел продолжува да вработува низ цела држава. Придружете се на настаните на Мајорел Караванот и обликувајте ја иднината на корисничките услуги.

Во последните 6 месеци, Мајорел ја доби довербата од две глобални компании кои работат во Tелеком индустријата и E-трговијата за да обезбедува корисничка поддршка за нивните корисници. Затоа и тргнува на патување низ државата за да ги сподели можностите за работа од дома и работа од канцеларија со сите оние кои имаат познавање од германски јазик.

Тимот на Мајорел ќе ги посети Битола, Штип, Тетово и Охрид за да ги претстави можностите за работа за сите оние кои имаат познавање од германски јазик. Во Мајорел, веруваат во практичност, флексибилност и личен раст, поради што нудат 100% работа од дома за оние сакаат да уживаат во удобноста на својот дом, и можности за работа од канцеларија за оние кои сакаат да уживаат во утринско кафе со своите колеги.

Доколку сте заинтересирани да имате клучна улога во одржувањето на одлични релации со корисниците на компании од индустријата на Е-трговија и Телеком индустријата, Мајорел ќе ви даде можност да работите со нив. Ќе придонесувате со вашата корисничка поддршка во малопродажбата за најголемиот светски е-трговец од удобноста на вашиот дом или ќе бидете глас на добро познатиот Телеком провајдер од нивните канцеларии во Скопје.

Караванот Мајорел доаѓа и во вашиот град:

Битола: 05.09.2023 (место: IT Crowd, време: 17:00 – 20:00 часот)
Штип: 06.09.2023 (место: Кафе бар Angels, време: 17:00 – 20:00 часот)
Тетово: 07.09.2023 (место: М House 2, време: 17:00 – 20:00 часот)
Охрид (1 ден): 12.09.2023 (место: Хотел Су, време: 13:00 – 20:00 часот)
Охрид (2. ден): 13.09.2023 (место: Хотел Су, време: 10:00 – 17:00 часот)

Без разлика дали сте искусен професионалец или некој што сака да ја започне својата кариера, посетете го тимот на еден од настаните на Мајорел Караванот и дознајте за можностите за работа и како да станете дел од тимот на Мајорел. Тим кој ја поттикнува соработката и работната средина што ви овозможува да го достигнете вашиот целосен потенцијал. Работејќи во Мајорел, вие не само што добивате работа - вие прифаќате исполнета кариера што отвора врати за неограничен раст и развој.

Како да станете дел од тимот на Мајорел:

Дознајте повеќе за Мајорел со присуство на еден од нивните интересни настани на Мајорел Караванот во вашиот град. Пријавете се на следниот ЛИНК.
Дознајте за работните позиции за сите оние кои имаат познавање од германски јазик
Запознајте ги нивните вработени и дознајте за нивните професионални искуства
Направете го првиот чекор кон исполнета кариера со приклучување на динамичен тим на Мајорел за корисничка поддршка на клиентите.

Вашата кариерна авантура започнува сега. Со Мајорел!

За Мајорел:

Мајорел е интернационална компанија со повеќе од 82 000 вработени во 45 земји ширум светот, обезбедува корисничка поддршка за едни од најпознатите светски брендови. Канцеларијата во Скопје обезбедува корисничка поддршка на германски и англиски јазик за клиенти од Туристичката и Телеком индустријата, и индустријата на Е-трговија.

Промовирани огласи »

Истражувањето на агенцијата за изнајмување, Холида, го наведува Дубровник како најпреполн град во Европа, со 36 туристи на жител, пишува Индекс.

Во вториот квартал годинава, бројот на туристи во Европа изнесува 95 отсто од бројот во 2019 година. Генерално, туристичката индустрија е подобрена оваа година, бидејќи луѓето се одмораа од претходните лета и сакаа да го поминат својот одмор на море.

Во Италија - во 20 од 27 градови - во јули беа прикажани „црвени предупредувања“, со рекордни 47 степени на Сицилија.

Франција, Шпанија, Италија и Хрватска летово мораа да ги евакуираат туристите поради шумските пожари. Сепак, италијанските и грчките туристички одбори продолжија да ги повикуваат туристите да дојдат и покрај жештините.

Објавена беше листа со најгостопримливи држави и градови во Европа во 2022 година по избор на читателите на Conde Nast Traveler, а на таа листа беше и Дубровник. 

Foto: Grgo Jelavić/Pixsell

Промовирани огласи »

По 35 години придонеси, можете да се пензионирате во Германија како „долгорочно осигурено лице“

Прашањето од „милион долари“ што ги интересира сите наши луѓе кои работат во Германија: На колкава пензија можат да се надеваат по години и години работа?

Поточно, списанието Феникс погледна колку пари добиваат пензионерите, откако најмалку 35 години плаќаат придонеси во германското пензиско осигурување?

Бројките од Германското пензиско осигурување покажуваат јасни разлики.

По 35 години придонеси, можете да се пензионирате во Германија како „долгорочно осигуреник“. Но, каква пензија може да очекувате во просек на крајот на долгиот работен век?

Податоците од 2021 година покажуваат дека просечната пензија во најголемата европска економија, по 40 години работа, изнесува 1.370 евра.

Но, во меѓувреме германското пензиско осигурување објави нови податоци.

Тамошните медиуми пишуваат дека и во 2022 година има очигледни разлики меѓу сојузните држави во исплатата на просечните пензии. Додека Сар и Северна Рајна-Вестфалија сè уште се на врвот во однос на пензиите, Тирингија и Саксонија-Анхалт сè уште се на последно место.

Но, постои и јасна разлика меѓу половите. Додека просечната старосна пензија за мажи изнесува 1.543 евра нето, жените треба да се задоволат само за 1.173 евра.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »