Патарините на германските автопатишта од 1 декември 2023 година ќе се зголемат и до 40% за постарите камиони, поточно за оние со мотори со емисии со Еуро 5 и пониски. Според најновото известување на Toll Collect, за новите возила патарините ќе бидат пониски, на пример ќе има зголемување од 3,8% на патарината за камион со еуро 6 од 18 тони, додека пак, операторите на камиони од класата еуро 5 ќе се соочат со просечно зголемување од 27,5% на патарината. Во цената на патарината се вклучува ЦО2 класата на издувните гасови на возилото, како и неговата вкупна маса (масата на возилото заедно со впишаната носивост).
Патарините на германските автопатишта од 1 декември 2023 година ќе се зголемат и до 40 проценти за постарите камиони, поточно за оние со мотори со емисии со еуро 5 и пониски. Според најновото известување на Toll Collect, за новите возила патарините ќе бидат пониски, на пример ќе има зголемување од 3,8% на патарината за камион со еуро 6 од 18 тони, додека пак, операторите на камиони од класата еуро 5 ќе се соочат со просечно зголемување од 27,5% на патарината.
Најавеното покачување на патарините во Германија е поради промена на пресметката на надоместокот за користење на патната инфраструктура, имено во цената на патарината се вклучува ЦО2 класата на издувните гасови на возилото, како и неговата вкупна маса (масата на возилото заедно со впишаната носивост).
Поради промената на системот на пресметка на патарината Toll Collect испрати информативен допис до своите корисници, со што дава можност за проверка на евидентираните податоци и нивна можна корекција ако се утврди неточност во евидентираните податоци во нивниот Kunden-Portal/сервис за членки/и секој поединечно да изврши проверка на запишаниот еуро стандард на своите возила – објаснуваат од Макам-транс, Асоцијација на здруженија на работодавачите на превозните трговски друштва на Република Македонија.
Од Toll Collect наведуваат дека од 01.12.2023 година признавањето на повисок еуро стандард на возилото со дополнително вграден филтер на партикули, за плаќање на патарина (пример од возило со Еуро 3 стандард според сертификат за сообразност од производителот бил одреден за возило со Еуро стандард 4), нема повеќе да се третираат како возила со повисок еуростандард туку ќе бидат третирани и сместени во класата на ЦО2 издувни гасови која возилата ја имале кога биле произведени.
Возилата кои имаат плински погон од 01.01.2024 година подлежат исто така на плаќање на патарина, а возилата на електро и хибриден погон во системот за наплата на патарина влегуваат од крајот на 2025 година. Започнувајќи од 1.7.2024 година, границата за плаќање на патарина за возила со носивост од 7 тони и повеќе се заменува со обврска за плаќање на патарина со носивост од 3,5 тони и повеќе и возилата со алтернативен погон, различен од горенаведените и вкупна маса до 4,25 тони се ослободени од плаќање на патарина.
Toll Collect во овој преоден период изработува табеларно распоредување на возилата според ЦО2 класата на издувни гасови (еуро стандард) како и вкупната маса на возилата се со цел патарината која ќе треба да се плати да биде точно пресметана. На линкот https://www.tollcollect.de/hr/toll_collect/rund_um_die_maut/erweiterung_lkw_maut/p1745_co2.html има видео упатства за начинот за поднесување на барање или корекција на грешните податоци.
Проверките, промената или дополнувањата до средината на ноември е обврска на секој евидентиран член во Toll Collect, при што ако се утврди грешка во внесените податоци треба да се поднесе барање со прилог на докази (сообраќајна книшка, CoC документ, сертификат за сообразност заверен од производител или од него овластено лице и др.) за да може да се направи корекција на запишаните податоци за конкретен превозник – потсетуваат од „Макам-транс“.
Во Германија во моментов за повеќето моторни возила не се плаќа патарина, освен за камиони со бруто тежина од повеќе од 7,5 тони. Од Toll Collect информираат дека патарината ќе се плаќа преку електронска вињета и возачите ќе можат да ја купат онлајн, преку мобилна апликација или во близина на германската граница. Има вињета за десет дена, два месеци и една година. Десетдневните цртани ќе чинат од 2,50 до 25 евра, а двомесечните од 7 до 50 евра. Годишна вињета ќе чини до 130 евра. Возачите на дизел возилата дополнително ќе плаќаат за вињетата, а на цената ќе влијаат и обемот и класата на емисија. Мотоциклите, електричните возила, ЦНГ и ЛПГ ќе можат бесплатно да ги користат германските автопат. Како и луѓе со ЗТП и ЗТП/П картички.
Патарините за камиони со бруто тежина од повеќе од 7,5 тони се плаќаат автоматски преку ОБУ или со претплата за избраната рута на терминалот, мобилната апликација или Toll Collect.
Од Toll Collect потсетуваат и на казните ако се направи сообраќаен прекршок во Германија. Така, ако се помине на црвено светло казната е до 360 евра (и можност за забрана за возење од 1 месец), за некористење појас (30 €), опасно претекнување на автопат (до 250 евра), прекршување на забраната за мобилни телефони (60 €), возење под дејство на алкохол помеѓу 0,5 и 1,09 промили (500 евра и можност за забрана за возење од еден месец), како и казни за други прекршоци.