Промовирани огласи »

Податоците на „Ју-ес њуз & ворлд рипорт“, покажуваат дека годинава на листата со најсилни земји во светот на прво место се најдоа САД, а зад нив се Кина и Русија.

Анкетата, која е дел од истражувањето „Најдобри земји“, праша 17.000 луѓе за нивните размислувања за 87 различни нации.

Рангирањето го оценува влијанието на една држава врз основа на перцепцијата на испитаниците за факторите како што се политичката, економската и воената моќ.

На 4. место се најде Германија, а потоа се Обединетото Кралство, Јужна Кореја, Франција, Јапонија, Саудиска Арабија и ОАЕ. САД доминираат во технологијата, Кина има брз раст, но и проблем со загадувањето. Германија, иако е најнаселена земја во ЕУ, има висок процент на старо население. Јужна Кореја има силна војска, а Франција има туризам и извоз на оружје.

foto freepik.com

Промовирани огласи »

По неколку месеци надолна траекторија, кириите експлодираа овој месец. Најновиот извештај на порталот Некретнине.рс покажува дека речиси сите набљудувани општини и градови во Србија бележат поскапување на метар квадратен. На некои локации растот бил речиси 20 проценти!

Кога станува збор за Белград, кириите се зголемени во речиси сите општини, а во две останале на исто ниво како и претходниот месец, но пад на закупнината не е забележан во ниту една од набљудуваните општини во Белград.

И натаму најскапи се кириите во центарот на градот. Нивната цена е 16 евра за метар квадратен. Ова е општина каде цената остана непроменета во однос на месец јули. Во општина Нови Београд, кириите пораснале за 2,88 отсто, па цената во август изнесувала 14,3 евра.

Многу значително зголемување на кириите во претходниот месец имаше и во Мириево. Закупнините пораснале за 4,88 отсто и нивната цена во август изнесувала 8,6 евра за метар квадратен. Убедливо најголем раст од сите е забележан во општина Палилула од 18,27 отсто, киријата во август во оваа општина изнесувала 12,3 евра, се вели во извештајот на порталот nekretnine.rs.

Вождовац ги задржа кириите на исто ниво како во јули, нивната цена е 11,4 отсто. Во Врачар кириите поскапеа за 1,35 отсто, а во август цената им беше 15 евра за метар квадратен.

Повеќе детали на Блиц.рс

Промовирани огласи »

Производите што ќе поевтинат ќе имаат означена цена во маркетите за 10 проценти и што ќе бидат опфатени со владината одлука што се очекува да биде донесена утре, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Откако се направени сите анализи и дискусии со стопанските коморите и сите чинители во трговијата излезе идеја да се обележат цените кои ќе бидат намалени од среда. Затоа Министерството за економија, постапувајќи согласно со Законот за трговија, ќе ја дополни одлуката во делот на вршење на трговијата и со одбележување на сите производи кои утре најверојатно ќе бидат наведени на седница на Владата со намалување на цената, која ќе биде минус 10 проценти од изложените цени на 1 август во синџирите на маркетите, рече денеска на прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши.

Ова, појасни министерот, значи дека секој потрошувач кога ќе оди во супермаркет ќе има можност да види ознака каде ќе биде наведена гарантирана цена и ќе се знае дека со цените што ќе бидат означени со оваа ознака нема да може да има нагорно зголемување до 30 ноември. Исто така, посочи, е и поттик до сите чинители во секторот Трговија, но и производителите на прехранбени производи до среда до Министерството за економија доброволно да се пријават ако не се влезени во одлуката за да имаат ваква ознака и да ги намалат дополнително цените. Тоа може да го направат субјектите и од другите сектори заради тоа што, според Бектеши, има интерес од одредени компании во ова кризно време да станат поопштествено одговрони и да излезат во пресрет на граѓаните.

Како што информира Бектеши, листата со производи за кои ќе има замрзнување на цените е веќе завршена и ќе биде доставена утре на седница на Владата. Ќе има обврски и за трговците на мало и за трговците на големо, како и за домашните производители.

Тој најави дека задутре ќе почнат засилени контроли од Државниот пазарен инспекторат, а ќе бидат вклучени и членови на Владата во делот на надзорот како се спроведуваат контролите.

Промовирани огласи »

Mалопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,99%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.09.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 90,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.09.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 92,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.09.2023 година и со тоа малопродажната цена ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 87,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 86,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,964 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.09.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 48,268 ден/кг.

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 90,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 92,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 87,00 (денари/литар)
  • Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 86,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС – 48,268 (денари/килограм) 
Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »