Промовирани огласи »

Цените на суровата нафта на светските берзи растат од крајот на јуни кога се тргуваше по цена од 70 до 75 долари за барел. Повеќето аналитичари сметаат дека цената ќе надмине 100 долари за барел до крајот на годината, а тоа би можело да ја искомплицира ситуацијата со инфлацијата во ЕУ и во САД.

Состојбата со дизелот е уште полоша, пишува Index.hr. Притоа, се наведува дека има изгледи за недостиг на светско ниво, а цената на дизелот со месеци расте побрзо од цената на суровата нафта.

Поскапувањето на дизелот не само што ги погодува сопствениците на приватни возила, туку се прелева и во целата економија.

Недостигот на дизел веќе се чувствува во целиот свет, преку поскапувањето на тој вид гориво. На пазарот има недостиг од неколку десетици милиони барели и покрај забавувањето на индустриската активност во Кина и ЕУ.

Всушност, производството сè уште не се вратило на нивоата пред пандемијата. Русија реши да ја искористи ситуацијата и драстично го намали извозот на таа енергија. Иако ова првенствено се однесува на кинескиот пазар, бидејќи САД и ЕУ воведоа санкции кон Русија, дефицитот поради послабиот увоз од Русија мора да се компензира со увоз од други делови на светот.

Инаку, Кина е голем увозник на сурова нафта од Русија, но и на нафтени деривати како што е дизелот. Извозот на Русија во првите 20 дена од септември е за 30 отсто помал во однос на истиот број денови во август.

Истовремено, Кремљ во четвртокот отворено објави дека воведува рестрикции за извозот на дизелот, со цел да се стабилизираат цените на горивата на домашниот пазар. Најавено е дека оваа забрана ќе биде привремена, но не се знае кога ќе биде укината.

Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргистан се изземени од оваа забрана, но не и Кина.

Целно намалување на производството на сурова нафта

Цените на дизелот и другите деривати на сурова нафта растат и поради намалувањето на производството на сурова нафта што го спроведуваат Саудиска Арабија и земјите од ОПЕК, меѓународната организација на земјите извознички на нафта.

Дополнителна причина е недостатокот на рафинерски капацитет во светот, проблем што постои уште од пандемијата.

Имено, намалувањето на производството на сурова нафта од страна на големите извозници од Блискиот Исток има поголемо влијание на пазарот на дизел отколку на пазарите на другите нафтени деривати, бидејќи нивната „потешка“ сурова нафта произведува поголем дел од дизелот за време на рафинирањето. Саудиска Арабија го намали производството на сурова нафта за 1 милион барели дневно и најави дека нема да го зголеми барем до почетокот на 2024 година. Истовремено, Русија најави дека ќе го намали извозот за 300.000 барели дневно, што исто така ќе се спроведува до почетокот на следната година.

ЕУ престана да увезува руски дизел, а најголемата рафинерија во Европа не е во функција

Пред војната во Украина, ЕУ произведуваше најголем дел од дизелот за сопствена потрошувачка од руската сурова нафта во своите рафинерии. Но, таа беше и голем увозник на дизел од Русија, со учество на таа земја од повеќе од 60 отсто во вкупниот увоз на ЕУ.

Само во февруари 2023 година ЕУ забрани увоз на дизел од Русија. Дотогаш уделот на Русија во вкупниот увоз на дизел беше повеќе од 40 отсто, а во годините пред војната во Украина повеќе од 60 отсто. Оттогаш, официјално, дизелот повеќе не се увезува од Русија, туку е заменет со увоз од Блискиот Исток и САД. Во суштина, САД извезуваат во просек по 200.000 барели дизел дневно од мај оваа година, а производството во самите САД е за 200.000 барели помалку од 2019 година. Ова е алармантна ситуација, која сè уште не станала проблем, единствено поради помалата потрошувачка на дизел во ЕУ во 2023 година

Инаку, целата ситуација во ЕУ беше отежната со затворањето на најголемата рафинерија во Ротердам. Во сопственост на Шел, таа обработува повеќе од 400.000 барели сурова нафта дневно.

фото: EPA-EFE/SERGIO ORDUNEZ

Промовирани огласи »

Европскиот суд за човекови права донесе пресуда Д.Х. и други против Северна Македонија бр. 44033/17 со која утврди дека државата ги изложила сексуалните работници на нехуман и понижувачки третман додека биле лишени од слобода во полициска станица, оставени цела ноќ без храна, вода и пристап до тоалет. Исто така, Судот утврди повреда на правото на приватност поради објавата на фотографии од жртвите на веб страна на Министерството за внатрешни работи без да биде прикриен нивниот идентитет и ја задолжи државата да им исплати износ од 13.300 евра за претрпените повреди и неефикасната заштита на нивните права пред домашните судови.

Во ноември 2008 година, Министерството за внатрешни работи со спектакуларна полициска акција наречена ,,Сузбивање на улична проституција,, приведе 23 сексуални работници, активистка на здружение на граѓани и неколку случајни минувачи кои беа затекнати покрај кејот на реката Вардар. Од сите приведени, 23- сексуални работници без да бидат информирани за причините за лишување од слобода, беа задржани цела ноќ во полициската станица Бит Пазар, а утредента беа однесени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби каде беа тестирани за крвно и сексуално преносливи болести, па беа пуштени на слобода.

За цело време додека беа лишени од слобода, на сексуалните работници од страна на полициските службеници им беа упатувани погрдни зборови и беа изложени на понижување и исмевање. Сите 23 приведени сексуални работници, ноќта ја поминаа во мала просторија, без пристап до храна, вода и тоалет, а дел од нив биле во апстиненцијални кризи со дијареја и повраќање. 

По само неколку месеци од настанот, со поддршка на Здружението ХОПС, 13 сексуални работници поднесоа тужба за заштита на нивните лични права пред граѓанскиот суд во Скопје кој во два наврати утврди повреда на правата и ги задолжи Министерството за внатрешни работи и Кривичниот суд Скопје да ја надоместат штетата за извршените повреди. Откако Апелациониот суд конечно ја преиначи пресудата, четири од жртвите борбата ја продолжија пред Европскиот суд за човекови права. 

Оваа пресуда, иако со задоцнување, е потврда дека државата има обврска да ги почитува правата  на сите и со темелна и ефикасна истрага да ги испита наводите за нехумано и деградирачко постапување, особено кога истите доаѓаат од ранлива група на граѓани. Како што утврдил и ЕСЧП, жртвите лишени од слобода, во ситуација која единствено е под контрола на властите е одговорност на Државата, а според ЕСЧП Владата не  презентирала доволно докази кои убедливо докажуваат дека полициските власти ги земале предвид основните потреби на апликантите, вклучувајќи го и обезбедувањето храна, вода и пристап до тоалет за време на престојот во полициската станица. Дополнително, објавување на фотографии од полициската станица од кои може да се утврди идентитетот на жртвите на веб страна на Министерството за внатрешни работи претставува повреда на правот на приватен живот. 

Поради ова, ги повикуваме надлежните институции навремено да ја спроведат одлуката на Европскиот суд за човекови права, да ги заштитат правата на сите жртви на полициската акција од 2008 година и да преземат мерки во иднина институциите, особено Министерството за внатрешни работи, да се воздржи од дејствија со кои ги повредуваат правата на сексуалните работници, како и мерки за ефикасна заштита на нивните права од страна на надлежните судови. 

Промовирани огласи »

Безбедноста во сообраќајот за сите учесници е еден од приоритетите на градот Скопје, а зголемувањето на истата е дел од програмата „За Модерно Скопје”  и од инфраструктурните проекти кои се реализираат во градот. Отпочнавме со проект за поставување ЛЕД светлосни дигитални сообраќајни знаци со пиктограм на локации на кои во минати години имало сообраќајни незгоди и кои се нотирани како високо ризични за пешаците, со цел зголемување на видливоста. Поставени се нови знаци на бул. Партизански Одреди кај пазарчето во Ѓорче Петров, на булевар Метрополит Теодосиј Гологанов кај Алумина, и на булеварот АСНОМ.

ЛЕД светлосните дигитални сообраќајни знаци со пиктограм се поставуваат во близина на училишта, градинки и фрекфентните булевари и улици, а целта е да се зголеми видливоста на пешачките премини со што се зголемува внимателноста на возачите при движење во сообраќајот.

ЛЕД сообраќајните и ретрорефлективни знаци можат да ја зголемат видливоста до 60% што може директно да влијае на безбедноста и времето за маневрирање при возење, со што се намалува или избегнува можноста за сообраќајни несреќи предизвикани од реакција при недоволно растојание. Овие лед сообраќајни знаци можат да ги намалат сообраќајните незгоди на локалните патишта за повеќе од 70%.

Контрастот на клучните информации на Лед сообраќајните знаци во текот на ноќта и при тешки временски услови е зголемен за 35%. Со овој вид сигнализација функцијата за предупредување е значително подобрена и истата има позитивна улога во зголемување на безбедноста во сообраќајот на патиштата.

Промовирани огласи »

Според добиеното известување од ЕВН Македонија АД, Регионалниот центар за управување со кризи Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека утре (среда) без електрична енергија ќе останат следниве корисници:

  • во периодот од 08:05 до 12:00 часот, дел од ул.2, ул.9,10, ул 4, ул. Добре Ивановски во Инџиково. (општинина Гази Баба)
  • во периодот од 08:30 до 15:00 часот, ел од село Грчец. (општинина Сарај)
  • во периодот од 09:00 до 14:00 часот,дел од село Волково кон село Орман.(општина Ѓ.Петров)
  • во периодот од 10:00 до 15:00 часот,дел од ул.Анкарска парни броеви до бр.20.(општина Карпош). 
Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »