Промовирани огласи »

Германските компании се повнимателни кога вработуваат нови работници, покажува најновото истражување објавено на веб-страницата на Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.

Индексот IFO, кој ја мери подготвеноста на компаниите да вработуваат, падна на 95,8 поени во септември од 97,0 поени во август.

Запре големиот раст на вработувањата на нови работници во Германија, кој беше забележан во последните неколку месеци, изјави шефот на истражувањето на ИФО, Клаус Волрабе.

Тој додаде дека поради недостигот на нарачки, многу компании се прилично внимателни при пополнувањето на испразнетите позиции и, според него, промена треба да се очекува само кога германската економија ќе закрепне.

Многу компании планираат да се задоволат со помал број вработени поради немањето нарачки, што важи и за производниот сектор и за трговскиот и градежниот сектор.

И услужниот сектор во моментов го губи здивот на пазарот на трудот, покажува истражувањето.

Промовирани огласи »

Францускиот производител на автоделови Valeo сака да затвори дел од својата фабрика во германскиот град Бад Нојштад во јули следната година.

Германскиот синдикат на металските работници наведува дека околу 300 производни работници ќе останат без работа, додека околу 200 работни места во истражување и развој ќе останат компанијата. Валео веќе ги извести своите 500 вработени за стечајот, пишува магазинот Феникс.

Оваа вест е шок за сите нас - соопштија од работничкиот совет.

Синдикатот наведува дека затворањето на фабриката е сериозен удар за индустријата во Баварија.

Компанијата сака во иднина производството на електромотори да го пресели на поевтина локација – велат од синдикатот.

Локалните медиуми, повикувајќи се на извори од компанијата, јавуваат дека во иднина производството ќе се одвива во фабрика во Полска.

Синдикатот не ја прифаќа одлуката

Синдикатот соопшти дека не сака да ја прифати одлуката на компанијата за затворање на фабриката.

Засега не знаеме никакви детали, сепак, ќе направиме се што можеме да им помогнеме на вработените во оваа тешка ситуација - велат од синдикатот.

Веќе се започнати разговори со надлежните во градското собрание и окружната канцеларија.

Заедно со политичарите успешно се изборивме во 2010 година да ја сместиме идната технологија за електромобилност во Бад Нојстајн. Без борба нема да ја прифатиме одлуката за стечај на фирмата - нагласува претставникот на синдикатот.

Намалени нарачките

Во септември 2014 година, Сименс ја отвори својата нова производна линија за електрични мотори за хибридни и електрични возила во Бад Нојштад. Фабриката сега му припаѓа на француски производител. Во моментов, тие развиваат и произведуваат електрични мотори за Daimler и Volvo на оваа локација.

Валео изјави дека нивниот број на нарачки се намалува.

Фото: EPA/MARTIN DIVISEK

Промовирани огласи »

Град Скопје подготви богата културна понуда за вечерашното издание на Бела ноќ.

На многу локации ширум македонската престолнина програмата ќе понуди најразлични настани за сечиј вкус.

Воедно, во периодот денеска од 18:00 до утре во 5:00 часот сабајлето сите граѓани ќе можат бесплатно да го користат јавниот автобуски превоз. Во функција ќе бидат и ноќните линии.

Настанот Бела ноќ 2023 е дел од богатата културна понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028.

Промовирани огласи »

Со коктел-забава како изненадување и мали подароци за патниците во заминување на првиот лет, ТАВ синоќа на Меѓународниот aеродром Скопје го означи стартот на новата редовна авио линија Скопје–Љубљана, на Wizz Air.

ТАВ ја прославува оваа одлична пригода – воведувањето на новиот лет на Wizz Air на релација Скопје – Љубљана – Скопје. За оваа авиолинија имаше голема побарувачка, со оглед на тоа што има многу деловни патници, студенти и македонски иселеници кои често патуваат меѓу двата града, а речиси 4 години, од 2019 година досега, немаше директна авиоврска меѓу Скопје и Љубљана. Среќни сме што Wizz Air го препозна ова барање и веруваме дека нивните услуги ќе ги задоволат потребите на нашите патници. Воведувањето на оваа нова рута, исто така, ќе им служи и на рекреативните патници и ќе ги зајакне нашите врски со Словенија. Љубљана, со своето богато културно наследство и енергична атмосфера, беше мошне очекувана дестинација за патниците од Скопје. Би сакал да изразам искрена благодарност до WIZZ за нивната одлука да ја додадат оваа рута од нивната база во Скопје, со што ќе се зајакне регионалната поврзаност. Со нетрпение очекуваме да им посакаме добредојде на патниците на скопскиот аеродром, да обезбедиме беспрекорни аеродромски услуги и да создадеме трајни спомени при нивните патувања, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

WIZZ ќе лета на релација Скопје – Љубљана – Скопје два пати неделно, секоја среда и недела. Времето на заминување во среда од Меѓународниот аеродром Скопје е 18:40 часот, со време на пристигнување во Љубљана во 20:20 часот. Полетувањето од Љубљана е во 20:55 часот со слетување на скопскиот аеродром во 22:30 часот.

Времето на заминување во недела од Меѓународниот аеродром Скопје е 19:00 часот, со време на пристигнување во Љубљана во 20:40 часот, додека полетувањето од Љубљана е во 21:15 часот со слетување на скопскиот аеродром во 22:50 часот.

Авиобилетите се во продажба по цена почнувајќи од само 1.539 денари, информираат од ТАВ.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »