Промовирани огласи »

Според проценката на американската консултантска компанија Boston Consulting Group, новата гранична такса на јаглерод во Европската унија ќе предизвика поскапување на новите автомобили за речиси 600 евра.

Регулативата на Европската унија за прекуграничниот механизам за прилагодување на цената на јаглеродот (CBAM) ги обврзува увозниците надвор од ЕУ да ѝ плаќаат данок на јаглеродот што го испуштаат за време на производството, како што се челикот и цементот.

Консалтинг групацијата Бостон посочи дека просечниот автомобил со четири врати содржи седум тони јаглерод диоксид (CO2), од кои нешто помалку од половина се однесуваат на челикот и алуминиумот што се користат за производство на автомобили, објави порталот Енергија Балкана.

Имајќи предвид дека данокот на тон јаглерод во моментов е 82,90 евра, просечната цена на новиот автомобил се очекува да се зголеми за 580,30 евра.

Производителите веќе мораа да го откупат правото да испуштаат јаглерод диоксид (ETS) за да можат да го увезат она што им е потребно за производство.

На крајот на август, Полска објави дека ќе го оспори CBAM пред Европскиот суд на правдата, бидејќи тие тврдат дека воведувањето на CBAM бара едногласна поддршка, а не квалификувано мнозинство во ЕУ.

Полската министерка за клима, Ана Москва, посочи дека CBAM може да резултира со нерамномерно зголемување на трошоците за енергија во целата Унија и дека тоа е спротивно на принципот на енергетска солидарност.

Промовирани огласи »

Војната меѓу Израел и Хамас ја потресе светската економска слика, која и онака не беше сјајна, па така деновиве цените на нафтата имаа драстичен скок. Тоа повлекува и поскапување на многу производи, бидејќи како што растат цените на суровата нафта, така и заканата од висока инфлација повторно ја зафаќа светската економија.

Зголемување на цените на енергијата

Поскапувањето на енергенсите во последните години стана горлив проблем кој влијае на глобалната економија, но и на секојдневниот живот на граѓаните. Зголемувањето на цените на нафтата, гасот и јагленот директно се рефлектира на трошоците за транспорт, производство на енергија и греење на домовите. Освен што го оптоварува буџетот на домаќинствата, ваквата состојба доведува и до зголемување на цените на многу производи и услуги, што дополнително ги зголемува инфлаторните притисоци.

Цената на тоалетната хартија, бришачите и се што е од целулоза се зголемува за 30 отсто

Цената на целулозата во Кина постојано се зголемува, што може сериозно да влијае на растот на цената на тоалетната хартија и бришачите во Европа. Се проценува дека овие производи ќе поскапат за цели 30 проценти и дека никој нема да го избегне овој негативен светски тренд. Поскапувањето на овие производи е надополнето и со скокот на цената на енергенсите, кои се двигател на скапите машини, а кои се неопходни во производството.

Поскапува шеќерот

Според податоците на Лондонската меѓународна берза ICE, цените на фјучерсите на шеќерот (терминологија за договор за купување и продажба, според кој испораката и плаќањето ќе се врши во иднина) биле на врвот на 19 септември, кога надминале 27,5 центи за 0,453 килограми шеќер. Побавната обработка на шеќерната трска во Бразил, како и моменталната суша во некои индиски региони поради климатскиот феномен Ел Нињо ги загрижува трговците.

Се зголемува и цената на маслиновото масло

Тоа не е се, екстремните горештини на кои е изложен јужниот дел на Европа од април го земаат својот данок на маслинови дрвја - втора година по ред родот ќе биде помал од очекуваното бидејќи дрвјата за да да се заштитат од суша и жештина, да им го испуштат плодот порано, а резултатот е поскапување на маслиновото масло. Шпанија, најголемиот светски производител на маслиново масло, е најпогодена од глобалното затоплување. Температурите во април веќе достигнаа 40 степени Целзиусови, а од високите горештини страдаат и маслинови насади во Италија и Грција.

Промовирани огласи »

Вие се наоѓате во период на многу промени и себеиспитување. Повеќе не сте деца, ниту адолесценти, туку веќе влеговте во период на зрелост. Сепак, може да не се чувствувате доволно зрели од некои причини кои само вам ви се познати.

  1. Едно нешто е да бидете реални и да знаете во што сте добри, а друго е да знаете што треба да поправите, но секогаш бидете љубезни кон себе. Нема постојано да правите правилни нешта и тоа е во ред бидејќи тоа е дел од процесот на целосно созревање.
  2. Одберете хоби. Уште подобро ќе биде ако одберете хоби за коешто никогаш не сте биле подготвени да го пробате.
  3. Смислете алтернативен план во случај вашата кариера да не биде успешна. Ова може да звучи малку обесхрабрувачки, но мора да го направите за да имате најмалку една идеја како да започнете одново.
  4. Бидете повеќе самосвесни.Треба да знаете кога не сте биле во право, но не барајте изговори од типот дека „никој не ве разбира“ или дека „тие не можат да ја поднесат реалноста“.
  5. Продолжете да растете и да учите. Правете го тоа ако сакате да станете најдобрата верзија од себе, не за да го импресионирате светот туку бидејќи тоа ќе ве исполнува.

Восхитувачки е да знаете точно што сакате да правите, но исто е сосема во ред ако не знаете што сакате да правите. Секако дека ќе сфатите на крајот, само продолжете да се движите.

Промовирани огласи »

Меѓународниот монетарен фонд во последниот извештај прогнозира дека Македонија оваа година ќе ја заврши со инфлација од околу десет отсто, а Владата и СДСМ тврдат дека растот на цените ќе се смири на 5,6% и оваа проекција е претставена како голем успех.

Високата инфлација и повисоките каматни стапки се ризик за економскиот раст на земјата како и за глобалниот економски раст кој и следната година ќе биде помал од првичните прогнози, а инфлацијата ќе се врати на посакуваното ниво во 2025 година.

ММФ прогнозира дека растот на македонската економија оваа година ќе достигне 2,5%. Во првите три месеци од 2023 година македонската економија порасна за само 2,1% , а во второто тримесечие за само 1,1% процент.

Владата за оваа година прогнозираше дека економскиот раст ќе биде 2,9%, но и прогнозата од 2,5% за СДСМ е потврда за нивната добра политика.

– Инфлацијата во земјава продолжи да се намалува. Во септември инфлацијата падна на 6,6 проценти, што се должи на мерките преземени од Владата предводена од СДСМ во изминатиот период. Ова е најниска стапка на инфлација во последните 20 месеци и таа ќе продолжи да опаѓа. 11 последователни месеци инфлацијата се намалува и тој тренд ќе продолжи до крајот на годината, кога се очекува да се спушти под 5 отсто. Наредната година инфлацијата да се врати на стапките од 2-3 проценти, како пред кризата, рече Кузеска.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »