Промовирани огласи »

На берзите златото поевтинува. Цената на нафтата расте, а вредноста на златото се намалува. 

Цената на златото се намали на 1.986,81 долари за унца, како и на пченицата, на 5,7179 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот беше 1,07496, што е приближно исто како и во петокот.

Цената на суровата нафта се искачи на 81.550 долари за барел, а цената на нафтата од типот „брент“ се тргуваше за 85.875 долари.

Цените на златото и среброто се зголемија во текот на неделата по терористичкиот напад на палестинската група Хамас врз Израел.

Промовирани огласи »

ЈП „Градски паркинг“- Скопје известува дека е започнато воведување на зонско паркирање на територија на општина Карпош.

Новата јавна површина за паркирање- зона Д42, е лоцирана кај МИДА (ул. Орце Николов). Зоната вклучува 79 паркинг места, од кои 2 се наменети за лица со попреченост. Станарите кои со своите адреси гравитираат на зоната, ќе ја користат услугата паркирање по цена од 0 ден, за две возила, а час паркирање чини 25 ден, информираат од претпријатието.

Работното време на паркинг зоната е: од понеделник- сабота од 07:00-23:00ч., а недела и државни празници се неработни т.е. нема се врши на наплата за услугата паркирање.

Корисниците на зона Д42 ќе може да ги достават своите барања во нашата нова канцеларија, започнувајќи од вторник, 07.11.2023.

Работното време на Канцеларија Карпош, која се наоѓа на ул. „Дрезденска“, бр.15/3, е секој работен ден од 08:00- 22:00 часот и сабота од 09:00- 17:00 часот. Недела и државни празници се неработни.

Од претпријатието апелираат корисниците навремено и уредно да извршат наплата за услугата паркирање.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетикадонесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,86% во однос на одлуката од 30.10.2023 година.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,290 ден/кг и сега ќе изнесува 46,001 ден/кг.

Од 7.11.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 80,50 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 80,00 (денари/литар) и Мазут М-1 НС 46,001 (денари/килограм).

Промовирани огласи »

ФМС дооел е специјализирана компанија која ги нуди сите услуги поврзани со имотот. Компанија која ќе го процени, идентификува и претстави најдоброто решение за предизвиците и проблемите со кои се соочува вашиот објект.

Моментално вравотува:

ХАУСМАЈСТОР ЗА ОДРЖУВАЊЕ
СУПЕРВИЗОР НА ХИГИЕНА
ХИГИЕНИЧАР
МОЛЕР-ГИПСАР
МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР ЗА ИЗВЕДБА
ФРИГОТЕХНИЧАР – ИНСТАЛАТЕР

Се уште невработени?! Сте останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »