Промовирани огласи »

Менаџирање на времето е значаен дел од процесот на постигнување на целите кој ќе воведе еден менаџмент систем на вашето дневно време кое го трошите на постигнување на целите.

Со соодветен менџмент систем, ќе можете да го менаџирате вашето време поефективно, и ќе завршите повеќе работи за помалку време.

Совети кои ќе ви помогнат во однос на менаџирање на вашето време:

  • Секогаш имајте и одржувајте свежа to-do листа.
  • Поставите лични и бизнис цели.
  • Направите приоритизацијата на сите ваши активности.
  • Категоризирајте ги активностите согласно важноста и ургентноста.
  • Не одложувајте.
  • Ветувајте го само она што можете да го испорачате за семејството и за клиентите / потрошувачите.
  • Поделете го денот врз база на рутински задачи и оние вистински проекти кои заработуваат пари за вашиот бизнис.
  • Осигурајте се дека рутинските задачи се последни на листата за завршување.
  • Често евлуирајте го трошењето на вашето време.
  • Елиминирајте се што ви го троши залудно времето.

Без оглед на советите или алатките што ги користите, искористете го вашето време мудро, но исто така одвојте време за одмор и релаксација за да бидете среќни и мотивирани постојано.

Промовирани огласи »

Само во 2022 година над 53.000 граѓани на Македонија се преселиле во Германија, речиси двојно повеќе од над 32.000 граѓани што се доселиле во 2021 година во оваа земја, каде според последниот попис од 2022 година живеат 222.000 македонски граѓани, соопштуваат од Институтот за јавна политика „Арбен Џафери“.

Кога,е во прашање работата, најголем дел од нив работат во транспортни компании како возачи, а некои и во фабрики за производство на храна. Жените, освен во фабрики, работат и во ресторани за брза храна, но и како хигиеничарки

Берлин, Штутгарт, Хамбург, Хановер итн. се областите кои се најмногу населени од граѓани на Македонија во Германија.

Официјални податоци за тоа колку македонски граѓани заминале во Германија од почетокот на оваа година сè уште не се објавени, но се претпоставува дека бројките уште повеќе ќе се зголемат.

Промовирани огласи »

Владата, на предлог на Министерството за економија, донесе Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки, со којашто се утврдува највисока трговска (профитна) маржа за свежото овошје и свеж зеленчук, за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо во вкупен износ до 10% и во вкупен износ до 15% во трговијата на мало.

„Согласно денешната владина одлука, вака утврдената највисока трговска (профитна) маржа за свежото овошје и свеж зеленчук, наместо до 30 ноември, ќе се применува до 31 декември 2023 година“.

Промовирани огласи »

Од денеска до 15 март, согласно одребите од “Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“ (Сл.весник на Р.М. бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18 и 191/18),  и Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19,  302/20 и 122/21), возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.

Министерството за внатрешни работи информира дека согласно одребите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата. (Службен весник бр. 31 од 2010 година), како зимска опрема на моторните возила кои не надминува 3.500 килограми се зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри и пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

За моторни возила со погон на четири тркала (4x4): зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм и пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

За моторни возила кои надминува 3.500 килограми, зимска опрема се зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм, пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 мм, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала;

Автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат - лопата, појаснуваат од МВР.

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Согласно одредбите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.
Апелираме до возачите да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови, соопштија од МВР. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »