Промовирани огласи »

На половина од германските компании им е тешко да најдат работници, откри Трговската и индустриската комора ДИХК во истражувањето објавено во средата, предупредувајќи дека недостигот на работна сила ја загрозува конкурентноста на економијата.

Незначително е намален уделот на компаниите кои тешко наоѓаат работници, од јануарските 53 на 50 отсто, утврди ДИХК, но проблемот е недостигот на работна сила во секторите кои бележат високи стапки на раст и бараат висококвалификувани работници.

„Ситуацијата со квалификувана работна сила останува критична“, рече заменик-извршниот директор на DIHK Ахим Деркс во извештајот „Тесните грла во понудата на квалификувана работна сила го загрозуваат успехот во клучните технологии“.

Според сегашните проценки, 1,8 милиони работни места се непополнети во германската економија во целина.

Ова значи дека оваа година ќе бидат изгубени повеќе од 90 милијарди евра додадена вредност, нагласи Дрекс, предупредувајќи дека бројката одговара на повеќе од два отсто од бруто домашниот производ.

Истражувањето покажа дека 80 отсто од компаниите очекуваат негативни последици од недостигот на работна сила. 16 отсто од нив ќе бидат принудени да инвестираат помалку во Германија, особено во секторите машинско инженерство и производство на автомобили, но и медицинска технологија и уреди за обработка на податоци.

Свесна за проблемот, германската влада годинава усвои нов закон за да им помогне на странските работници да се населат во Германија.

Повеќе од половина од компаниите сметаат дека ангажирањето странски и квалификувани работници е можно решение за проблемот со недостигот на работна сила, покажа истражувањето.

Тпортал

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика ја објави програмата на неработни денови за 2024 година.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2024 година неработни денови се:

Погледнете кои ќе бидат продолжени викенди во претстојната година и испланирајте ги вашите следни авантури:

За сите граѓани на РМ:

  • 01 јануари (понеделник), Нова Година,
  • 07 јануари (недела), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар, односно 08 јануари (понеделник) е неработен ден,
  • 10 април (среда), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
  • 1 мај (среда), Ден на трудот,
  • 06 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
  • 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители,
  • 02 август (петок), Ден на Републиката,
  • 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден,
  • 11 октомври (петок), Ден на народното востание,
  • 23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба,
  • 8 декември (недела), „Св. Климент Охридски“, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од православна вероисповед

  • 06 јануари (сабота), Бадник, ден пред Божиќ,
  • 19 јануари (петок), Богојавление (Водици),
  • 03 мај (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
  • 21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
  • 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 01 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
  • 01 ноември (петок), Празникот на сите светци,
  • 25 декември (среда), првиот ден на Божиќ.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

  • 16 јуни (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница

  • 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука.

За граѓаните припадници на српската заедница

  • 27 јануари (сабота), Свети Сава.

За граѓаните припадници на ромската заедница

  • 08 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите.

За граѓаните припадници на влашката заедница

  • 23 мај (четврток), Национален ден на Власите.

За граѓаните припадници на еврејската заедница

  • 12 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.

За граѓаните припадници на бошњачката заедница

  • 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците.

За граѓаните припадници на турската заедница

  • 21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.

Промовирани огласи »

МАКСТИЛ е регионален лидер во производството на топловалани дебели лимови. Како компанија која се стреми кон секојдневен успех и усовршување на своите производи константно е во потрага и усовршување на својот тим!

Моментално вработува:

ЕЛЕКТРИЧАР
ТЕХНИЧАР ВО ОДРЖУВАЊЕ
ДИГАЛКАР

Се уште невработени?! Сите останати огласи за вработување можерте да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Едно истражување за кардиоваскуларни заболувања споделува нови податоци каде покажува колку вашето здравје може да зависи од тоа што работите односно од обемот и средината на работно место.

Луѓето кои работеле на стресни работни позиции кој бараат голем напор, притоа добиваат ниска награда или паричен надоместок, имале двојно поголем ризик од срцеви заболувања отколку луѓето кои биле ослободени од такви околности.

Истражувачите добија информации за срцеви заболувања користејќи воспоставени здравствени бази на податоци.

Заклучокот е дека клучен фактор за срцеви заболувања се, токсична и стресна работна средина каде што е присутен висок физички напор и обем во работењето за ниски примања или бонуси.

За да се минимализираат симптомите односно заболувањата потребен е баланс помеѓу работните задачи, за нечречено функционирање и живеење и минимален ризик од срцево заболување.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »