Промовирани огласи »

МАКСТИЛ е регионален лидер во производството на топловалани дебели лимови. Како компанија која се стреми кон секојдневен успех и усовршување на своите производи константно е во потрага и усовршување на својот тим!

Моментално вработува:

ЕЛЕКТРОНИЧАР
ЕЛЕКТРИЧАР
ТЕХНИЧАР ВО ОДРЖУВАЊЕ
ДИГАЛКАР
ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР - ЕНЕРГЕТСКА НАСОКА

Се уште невработени?! Сите останати огласи за вработување можерте да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.12.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.12.2023 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 80,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 74,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 74,00 ден/лит.

Промовирани огласи »

Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека мерката „гарантирана цена“ же продолжи во маркетите низ земјата најмалку уште еден месец, односно и во текот на јануари. Таа како одлука беше предвидено да заврши на 31 декември годинава, но министерот во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 рече дека замрзнатите цени ќе се практикуваат се додека не биде донесен Законот за нефер трговски практики.

Според Бектеши, овој нов закон, кој ги регулира односите помеѓу произведувачите, дистрибутиерите и продавачите и со тоа ќе се намалат цените, така што нема да има потреба понатаму да трае мерката со замрзнати цени.

Денеска со секторот за трговија ќе го имаме финалниот состанок и согласно податоците кои ги видовме, ќе продолжи мерката најмалку за еден месец, бидејќи нема да може Законот за нефер трговски практики да започне да се применува на почетокот на следната година.

Во јануари ќе важат мерките за гарантирана цена и да се надеваме дека Собранието ќе го усвои Законот за тој да почне да се применува од почетокот на 1 февруари, нагласи Бектеши  и додаде дека ова утре ќе се разгледува на седница на влада 

Бектеши дека реча станува збор за законско решение со европско знаменце, поради што ќе треба добро да се прилагоди, додека за самото изгласување нема да бидат потребни повеќе од два дена.

Промовирани огласи »

Прочитајте го неделниот хороскоп од 25 декември до 31 декември 2023 година и дознајте што ви кажуваат ѕвездите кога е во прашање вашата кариера. Во периодот од 25.12 до 31.12.2023, ви предвидуваме динамична и успешна кариера. Еве како изгледа вашиот кариерен хороскоп:

Овен: Овој вторник ќе биде вашата шанса да истакнете своите лидерски способности. Вработување влијателни луѓе може да ви помогне да го доведете напредокот на следното ниво. Петокот е ден за успешни преговори и договори кои ќе ви отворат нови врати.

Бик: Овој вторник, посветете време да го анализирате вашето работно место и да пронајдете начини за подобрување. Пред вас е период за учење и развивање нови вештини. Неделата ќе заврши со признание за вашите трудови.

Близнаци: На работното место, бидете спремни за неочекувани предизвици. Со вашата брзина и адаптивност, ќе ги преминете со леснотија. Саботата е одличен момент за усовршување на комуникациските вештини.

Рак: Во текот на неделата, покажете иницијатива на работното место и изразете своите креативни идеи. Овој вторник е погоден период за преговори за подобрување на условите на труд.

Лав: Во првата половина од неделата, се фокусирајте на задачите кои бараат вашата креативност. Во последниот дел, ставете акцент на тимската работа. Одличен период за изградба на партнерства и соработка.

Девица: Се предвидува успешна недела за вас. Со својата посветеност, ќе ги завршите проектите на време и со висок квалитет. Четврток е одличен ден за почеток на нови предизвици.

Вага: Оваа недела, бидете отворени за нови начини на работа и технолошки иновации. На работното место, ќе имате можност за напредок и развој, особено во вторник и среда.

Скорпија: Посветете време на решавање на конфликти и проблеми на работното место. Во вторник, комуницирајте јасно и директно. Крајот на неделата е погоден за напредок и прифаќање на нови предизвици.

Стрелец: Најдете баланс помеѓу личниот и професионалниот живот. Во вторник, избегнувајте претерано амбициозни проекти и фокусирајте се на реалистични цели. Крајот на неделата е подходен за дружење и изградба на нови контакти.

Јарец: Овој вторник, бидете внимателни на детали и завршете ги започнатите задачи. Во втората половина од неделата, избегнувајте конфликти на работното место и ставете акцент на тимската соработка.

Водолија: На работното место, бидете отворени за нови идеи и пристапи. Оваа недела, фокусирајте се на личниот и професионален развој и образование.

Риби: Комбинирајте креативност и практичност на работното место. Овој вторник, бидете смели во изразувањето на вашите идеи. Во втората половина од неделата, прифатете предизвици и фокусирајте се на целите кои ве водат кон напредок.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »