Промовирани огласи »

Потрошувачката на електрична енергија од електричните автомобили и камионите во Европа најверојатно ќе се зголеми на 355 терават часови до 2040 година, од 16 терават часови во моментов, според студијата објавена во четвртокот.

Тоа одговара на дополнителна побарувачка од 13 отсто од вкупната електрична енергија произведена во Европската унија денес, се вели во студијата на консултантската компанија "PwC", која ги направила пресметките заедно со Институтот за системи за истражување и иновации Фраунхофер.

Десет терават часови одговараат на годишната побарувачка на околу 500.000 домаќинства со годишна потрошувачка од по 20.000 киловат часови.

До 2040 година, сите новорегистрирани автомобили и камиони во ЕУ се очекува да бидат електрични возила со батерии или да се напојуваат со водород. Се очекува дека дотогаш 70 отсто од автомобилите и 65 отсто од камионите на патиштата сепак ќе користат бензин или дизел како гориво.

Затоа, ќе помине доста време пред да видиме претежно електрични возила во возниот парк и пред тие да ги отстранат моторите со внатрешно согорување од фокусот на јавноста, вели експертот за индустријата на "PwC", Филип Роуз.

Сепак, бидејќи сопствениците на постари возила имаат тенденција да ги возат своите автомобили помалку од оние со понови возила, директните емисии на јаглерод диоксид (CO2) на патиштата веројатно ќе се преполоват до 2040 година.

Промовирани огласи »

Плаќањето на сметката за електрична енергија е значаен дел од скоро секој домашен буџет, но експерите укажуваат дека има начини да се намал овој трошок.

Потврда дека ова е „голем залак“ за многу семејства е што начини за намалување на трошоците за струја барале заедно Министерството за рударство и енергетика во соседна србија во соработка со проектот на УСАИД „Подобра енергија“. Еве ги нивните совети за заштеда на енергија и пари.

Избор на Телевизор и компјутер

Кога станува збор за телевизорите, се препорачува ЛЦД наместо плазма екрани поради ефикасност и подолг животен век. Исто така, купувањето на лаптоп наместо класичен компјутер може да ја намали потрошувачката на енергија, бидејќи лаптопот најмногу се напојува од батерија. Важно е да се напомене дека користењето на скрин сејвер не заштедува енергија, па затоа се препорачува да го исклучите мониторот ако компјутерот нема да се користи долго време.

Заштеди во кујната

Можете исто така да ја намалите потрошувачката на електрична енергија во кујната. Се препорачува големината на садот точно да одговара на ринглата или на пламенот на горилникот на гас, за ефикасно да се користи енергијата. Исто така, редовното одмрзнување на фрижидерот може да ја намали потрошувачката на енергија, како и приготвувањето оброци неколку дена за да се намали честотата на користење на шпоретот.

Машина за перење

При користење на машината за перење се препорачува да се вклучува само кога е полна, како и перење алишта на пониски температури. Ова не само што заштедува енергија, туку и го продолжува животниот век на облеката.

Заштеда на осветлување

Едноставен начин за намалување на потрошувачката на енергија е да ги исклучите светлата кога ја напуштате просторијата. Исто така, заменувањето на обичните светилки со неонски светилки може да ја намали потрошувачката за една третина, со подолг век на траење на сијалиците.

Исклучете ги електричните апарати

Кога подолго време излегувате од дома, се препорачува целосно исклучување на телевизорот, компјутерот и другите електрични уреди за да се избегне непотребната потрошувачка на енергија.

Со примена на овие совети, секое домаќинство може да ги намали трошоците за електрична енергија и да придонесе за зачувување на животната средина.

Промовирани огласи »

Интернет страницата Passport Index редовно објавува листа на најмоќните пасоши во светот, а според последниот список на прво место е пасошот на Обединети Арапски Емирати.

Паспрот Индекс ги рангира пасошите на 96 земји ширум светот.

Оние кои имаат пасош од ОАЕ можат да патуваат во 180 земји низ светот без виза.

Второто место, со можност за патување во 178 земји без виза, го делат пет земји – Германија, Шпанија, Франција, Италија и Холандија.

Третото место без виза може да патува во една земја помалку – 177, а го делат пет земји и тоа Шведска, Финска, Луксембург, Австрија и Швајцарија.

Шест земји се на четвртото место – Данска, Белгија, Португалија, Полска, Ирска и Јужна Кореја, а оние кои ги поседуваат овие пасоши можат без виза да патуваат во 176 земји.

Петтото место го делат осум земји. Оние кои имаат пасош на Сингапур, Грција, Норвешка, Чешка, ОК, Унгарија, Јапонија или Нов Зеланд, можат да патуваат во 175 земји низ светот без виза.

На шестото место се три пасоши – словачки, американски и австралиски. Со нив може да се патува во 174 земји без виза.

Словенија го дели седмото место со четири други земји – Малта, Естонија, Литванија и Канада, а нивните граѓани можат да патуваат без виза во 173 земји.

Во топ 10 е и Хрватска, која го дели тоа место со Летонија, Исланд и Лихтенштајн. Со овие пасоши можат да се посетат 172 земји без виза.

Оние кои имаат бугарски, романски или кипарски пасош без виза можат да влезат во една земја помалку.

Српскиот пасош е на 32 место, а со него без виза може да се патува во 137 земји.

Пасошот на Северна Македонија е на 36 место, заедно со Самоа и Тувалу, чии граѓани без виза можат да патуваат во 130 земји.

Црногорскиот пасош е на 37 место кое го дели со турскиот пасош, а со нив без виза може да се патува во 129 земји.

Пасошот на БиХ е на 44 место, а оние кои го поседуваат можат без виза да посетат 121 земја. 

Промовирани огласи »

Од денеска полицијата располага со две возила опремени со системот PolCam, внатрешен уред дизајниран за контрола и мониторирање на сообраќај и прекршоци на возила во движење, информираат од МВР.

Системот PolCam, нагласуваат, е незаменлив при документирање сообраќајни прекршоци како што се: минување на црвено светло, возење со поголема брзина од дозволената, непрописно престигнување и други прекршоци, а брзината на движење на возилата може да се мери на фиксна и променлива оддалеченост од возилата.

Уредот овозможува видеозапис од 25 фотографии во секунда, мапа на која се покажува локацијата каде што е направено видеото, а има и опција за пронаоѓање и автоматско препознавање на регистарски таблички на возилата кои направиле прекршоци. Интегрираните уреди се од полската компанија PolCam кои преку поставените камери со висока резолуција на предниот и на задниот дел од возилото во денски и ноќни услови и во движење бележат видеозаписи од сторените прекршоци.

Бележаните видеозаписи се складираат на хард диск кој е поставен во задниот дел од возилата и подоцна може да се употребат како веродостоен доказ за сторениот сообраќаен прекршок пред надлежните институции. Покрај документирањето на сообраќајните прекршоци, со овој уред може автоматски да се детектираат и препознаат регистарски таблици, кои претходно биле евидентирани за сторен сообраќаен прекршок.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »