Промовирани огласи »

Цената на струјата за домаќинствата од денеска се намалува за 5,16 отсто за прв блок, за втор блок и за евтината тарифа останува иста, за трет блок поскапува за 2,88, а за четврт блок за 1,86 отсто при што цената за секој блок е збир од цена за активна електрична енергија плус мрежарина.

Тоа, според претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Марко Бислимоски, го овозможи воведувањето на надоместокот за пристап до мрежа од 200 денари месечно што од почетокот на годинава ќе го плаќаат сите корисници. Во спротивно доколку не се воведеше, како што вели, ќе имаше поскапување за 3,4 отсто во прв блок, за 8,62 во втор, за 9,46 во трет и за 4,92 отсто во четврт блок, додека евтината тарифа ќе се зголемеше за 15,42 отсто. Дополнително, надоместокот за пристап до мрежа овозможи намалување на мрежарината за речиси 23 отсто.  

-Со новиот концепт пристап кон мрежа, се направи фер распределба на трошокот за мрежа меѓу редовните корисници и оние потрошувачи кои повремено ги користат објектите. Во моментите кога го имплементиравме надоместокот за пристап кон мрежа се водевме пред се на една од најбитните темелни вредности на нашиот Устав, тоа е социјалната правда. Со воведувањето на овој пристап кон мрежа овозможивме цената за мрежарина да се намали за речиси 23 проценти. Сето тоа ни овозможи да ги донесеме цените што ги објавивме, рече Бислимоски на прес-конференција, истакнувајќи дека одлуката е во насока на заштити стандардот на граѓаните.

Ова, додаде, е првата одлуката за цена што ја пресметуваше и ја објави во „Службен весник“ универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“, под контрола на РКЕ.

-Со ЕВН неколку пати одржавме состаноци и имавме забелешки во одреден дел околу факторот на корекција. ЕВН бараше да се примени поголем дел од факторот на корекција кој треба да се врати во наредниот период, а ние инсистиравме во оваа одлука факторот на корекција да биде нула. На крајот концептот РКЕ да врши контрола во носењето на одлуката на „ЕВН Хоум“ се покажа како правилен и беа прифатени нашите образложенија врз чија основа се донесе одлуката за цените, рече Бислимоски. 

Посочи дека кај 80 проценти од домаќинствата веќе функционира евтината дневна тарифа во периодот од 13 до 15 часот што беше воведена од 1 декември минатата година.

Во првиот блок се домаќинствата кои трошат од 0 до 210 киловат часови електрична енергија месечно, во вториот од 210 до 630, во третиот од 630 до 1.050 и во четвртиот тие што трошат над 1.050 киловат часови месечно. 

Според Бислимоски, некаде околу 80 проценти од домаќинствата се во првиот и во вториот блок. Смета дека со воведувањето на евтината дневна тарифа ќе се намали потрошувачката по блоковите, а за сметка на тоа ќе се зголеми во евтината тарифа каде цената е двапати поевтина од првиот блок. Тоа , како што вели, ќе значи дека и оние домаќинства кои влегуваат во третиот блок фактички ќе плаќаат помалку отколку досега.

Промовирани огласи »

АД за стопанисување со станбен и деловен простор почна со наплата на паркирањето околу стадионот „Тодор Проески“ во Скопје. Од пред една недела со рампи е заграден просторот околу стадионот кој досега беше слободен за паркирање.

Според ценовникот, еден час паркирање чини 50 денари, а има 260 паркинг места. Се издаваат и месечни паркинг карти, кои за физички лица чинат 2.500, а за правни 3.000 денари.

Промовирани огласи »

Менаџирањето на песимизмот во тимот може да биде предизвик, но постојат различни начини на кои можете да го пристапите овој проблем.

Еве неколку совети:

  • Комуникација: Редовната и отворена комуникација со членовите на тимот може да помогне во идентификацијата на причините за песимизмот. Посветете време за слушање на нивните ставови и загрижености.
  • Стимулирајте позитивно мислење: Пофалете ги членовите на тимот за нивните успеси и напори. Исто така, стимулирајте позитивно мислење и фокусирање на решенија, а не само на проблемите.
  • Поставете реални очекувања: Ако членовите на тимот се чувствуваат преоптоварени поради нереални очекувања, тоа може да предизвика песимизам. Поставете реални и постигливи цели, и створете план за да ги постигнете.
  • Обезбедете ресурси и обука: Некои луѓе можат да се чувствуваат песимистични ако се соочуваат со предизвици за кои не се подготвени. Обезбедете ги со неопходните ресурси и обука за да ги поддржите во нивната работа.
  • Решавање на конфликти: Ако постојат конфликти во тимот, треба да се решат што е можно поскоро. Недоразбирања и нерешени конфликти можат да допринесат кон песимизмот.
  • Создавање на поддржливо работно оpкружување: Посветете внимание на атмосферата во тимот. Создајте околуш во кој е лесно да се споделуваат идеи, прашања и предизвици без страв од осуда.
  • Изведување на тимски активности: Организирајте тимски активности или тимска градежна активност за да ги засилите врските меѓу членовите на тимот и да го зголемите чувството на заедништво.
  • Лидерство со пример: Како лидер, прикажете позитивен став и фокусирање на решенија. Вашето лично однесување може да биде влијателно и да ја подобри атмосферата во тимот.

Решавањето на песимизмот е процес кој бара време и посветеност. Важно е да бидете стрпливи и постојани во применувањето на овие стратегии.

Промовирани огласи »

Новата година ќе донесе ново покачување на платите на работниците. 

Од месец март следува ново покачување на минималната плата, на 22.500 денари, соопштија денеска од СДСМ преку соопштение. 

Со праведни и успешни економски политики СДСМ успеа просечната плата да ја покачи на 39.000 денари, за разлика од времето на ДПМНЕ кога изнесуваше едвај 22 илјади денари. Денес, просечната плата е за 300 евра повисока во однос на 2016 година, велат од партијата. 

Секоја година во месец март минималната плата  се усогласува согласно податоците од Државниот завод за статистика, и тоа 50% од порастот на трошоците за живот и 50% од порастот на просечната плата од измината година. 

Сега минималецот изнесува 20.175 денари. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »