Промовирани огласи »

На интервју за работа обично се поставуваат различни видови прашања со цел да се процени вашиот продонес кон работната позиција и вашиот потенцијал за успешно извршување на работните обврски.

Еве неколку стандардни примери на прашања кои би можеле да бидат поставени:

За себе:

  • Кажете нешто повеќе за вас.
  • Кои се вашите силни и слаби страни?

Работни искуства:

  • Кои работни искуства ги имате што ве прават вистинскиот кандидат за оваа работна позиција?
  • Кој е најголемиот предизвик со кој сте се сретнале на вашето последно работно место и како сте го решиле истото?

Цели и амбиции:

  • Какви се вашите краткорочни и долгорочни цели во кариерата?
  • Како се подготвувате себе си за успешно извршување на оваа работна позиција, кои се вашите цели?

Знаење и вештини:

  • Кои се вашите најзначајни вештини поврзани со оваа работа?
  • Кои технички вештини и познавања ги поседувате?

Тимска работа:

  • Како работите во тим?
  • Дајте пример кога успешно сте соработувале тимски.

Решавање на проблеми:

  • Како се справувате со предизвиците и проблемите на работното место?
  • Дајте пример за време кога успешно решивте комплексен проблем.

Флексибилност и адаптибилност:

  • Како се адаптирате на промени и неочекувани ситуации?

Мотивација:

  • Зошто сакате да работите во оваа компанија на оваа позиција?
  • Како се мотивирате за постигнување на работните цели?

Прашања за компанијата:

  • Како дознавте за нашата компанија и зошто одбравте да аплицирате за работната позиција?
  • Кои се вашите очекувања од оваа работно место?

Професионални предизвици:

  • Како се справувате со конфликти на работното место?
  • Дајте пример за време кога сте имале различен став од колега и како сте го решиле.

Секогаш е добро да се подготвите за интервјуто со истражување за компанијата и анализирање на вашите вештини и искуства што се врзани со работната позиција.

Промовирани огласи »

Владата на денешната 222-ра седница одлучи до 29 февруари да го продолжи ограничувањето на цената на оризот, брашното, лебот и другите пекарски производи, бисквитите, наполитанките, тестенините, месото и производите од месо, млекото, јајцата, сирењето, кашкавалот и другите млечни проиводи, како и на минералната негазирана и газирана вода и негазираните и газирани пијалаци и светлото пиво.

Како што информираат од владината прес-служба, Владата денеска донесе Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите, според определен редослед.

Со донесените измени на постоечката Одлука, на предлог на Министерството за економија, се продолжува ограничувањето на цените до 29 февруари 2024 година, наместо до 31 јануари 2024 година, за определени видови основни прехранбени производи и тоа: ориз, брашно, леб и други пекарски производи, бисквити, наполитанки, тестенини, месо и производи од месо, млеко, јајца, сирење, кашкавал и други млечни проиводи, велат од Владата.

Владата, додаваат, донесе и Одлука за изменување на Одлуката за определување највисоки цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало.

Со измените на постоечката одлука, исто така на предлог на Министерството за економија, се продолжува до 29 февруари, од претходно утврденото ограничување на цените до 31 јануари, за: минерална негазирана и газирана вода и негазирани и газирани пијалаци (сокови), во определени пакувања и светло пиво, прецизираат од Владата.

Промовирани огласи »

Социјалните мрежи се место каде што сите граѓаните со исти интереси членуваат во групи, каде добиваат информации поврзани со прашањата за кои се отворени и луѓето членуваат во групите.

Па така, во групата „Македонци во Германија“, еден од членовите објави одговор од македонската амбасада за важењето на пасошите со старото име Република Македонија. 

Промовирани огласи »

Советот на Град Скопје со 25 гласа „за“ и ниту еден против и воздржан на вчерашната 14. вонредна седница ја донесе одлуката за давање на субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година во висина од 11 милиони евра.

Пред гласањето Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесе амандман со кој се предлагаше наместо 485 милиони денари да се дадат субвенции во висина од 185 милони денари заради подобра контрола на работењето на ЈСП Скопје. За амндамнот се изјаснија 14 советници, тројца беа против, а воздржани немаше поради тоа не беше прифатен.

На почетокот на расправата по амандманот градоначалничката Данела Арсовска не го прифати. Спред неа, не е коректен и значи исмевање на сите луѓе кои денеска чекаат пред Градот за да земат плати и со сите скопјани кои денеска измрзнаа поради немањето автобуски превоз.

Мило ми е што се вративте и се обидувате да ја исправите белјата што ја направивте. Со овој амандман ќе им ги скратите платите на луѓето и за два месеца кога ќе има избори ќе правите нова криза. Со што ќе го контролирате ЈСП со овој амандман. Не ја разбирам потребата да си играте со интелигенцијата на овие луѓе. Да не си играте со нивините судбини пред избори. Не се срамите од ова што го правите. Не можам да разберам што е целта и што е поентата. Скопјани денеска смрзнуваат заради вас. Требаше само да се извините и да ја изгласата одлуката, рече Арсовска.

Еден од предлагачите на амандманот советникот Страшо Ангеловски рече дека идејата на амандманот е да им се излезе во пресрет на вработентие во ЈСП како да ја земат плата за декември и за уште два или три месеци. 

Во политичката борба ме доведовте во дилема зашто во октомври гласав за субвенци од 110 милиони денари со кои ќе се реши проблемот со плата во ЈСП за ноември и декември 2023 година, а денеска баравте повторно да кренам рака за она за што сум се изјснил и сум бил за. Имам лична дилема. Можеби во техничкиот дел на амандманот пишува дека е за контрола, но е за да се видиме во лице и за луѓето да си ги земат платите. Јас секогаш се залагам за компромис и сакам кога ќе излезам од оваа сала да излезам со крената глава. Ве повикувам во името на компромисот баталете го инатот. Проблемто е заради инаењтењето на Советот на една страна и градоначалникот на друга. Дајте со комрпомисно мудро и паметно решение на ЈСП да му овозможиме да продолжо да фунцкионира, рече Ангеловски.

Арсовска во реплика му одговори дека за да излезат со кренати глави требаше прво да не излезат со наведната глава од тука и да го изгласаат предлогот. -Конфликт нема никаков тие што се разумни гласаа, а тие што не се беа воздржани и предлогот не помина, рече Арсовска.

Координаторката на Советничката група на СДСМ Љубица Јанчева рече дека нема да дадат поддршка за амнадманот и додаде дека тој е изнуден од порталите откако ВМРО-ДПМНЕ не го гласаше првичното решение. 

Заменик-градоначалникот Александар Трајановски, пак, посочи дека амандманска расправа на вонредна седница нема и затоа, како што кажа, е смешно на вонредна седница да има расправа за „смешен амандман“.

Повеќе од јасно е кој овде води инат и затоа во ист ден сме на втора вонредна седница, рече Трајановски. Нагласи дека во октомври гласале за луѓето да земат плата пред Нова година и додаде дека декемвриската плата се дели во јануари, а не во декември.

Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека повеќе од една година укажуваат на недомаќинското работење на директорите на јавните градски претпријатија.

Ние сме должни да ја чуваме градската каса, но и да обезбедиме јавен превоз. Го поднесовме овој амандман да дадеме шанса да се изгласаат субвенции за вработените да земат пари. И да не се усвои амандманот, а да се усови предлогот дали граѓаните нема по 45 минути да чекаат автобус и да се гужбваат во автобусите. Пари сме дале, но не се гледа каде се. И повторно да се дадат пари проблемите нема да се решат, рече Андоновска.

Ова беше втора вонредна седница на Советот на Град Скопје што беше свикана вчера, откако на претходната не беше донесена одлуката за субвенционирање на ЈСП со 11 милиони евра со што ќе се овозможи исплата на декемвриската плата на вработените во ЈСП, кои изутрина од 9 часот прекинаа со работа и нема јавен градски превоз во Скопје. Одлуката не помина за еден глас, односно не беа доволни 22. гласа „за“ од присутните советници. Триенаесет беа воздражани, а ниту еден против. 

Претседателот на синдикатот на ЈСП најави дека денес од 4:45 часот јавниот градски ќе продолжи нормално да функционира како во деновите наназад. по завршувањето на вонредната седница на Советот на Град Скопје на која беше донесена одлуката за доделување собвенции на јавното градско сообраќајно претпријатие.

Благодарност до луѓево позади, 500 луѓе што денеска ни дадоа голема поддршка и смрзнаа на овие минусни температури. Благодарност и до 25-те советници во Советот на Град Скопје кои се и од опозицискиот дел што веќе е донесена одлука целосната субвенција за 2024 година на ЈСП да се префрли дали одеднаш или како ќе се договорат за да бидеме мирни во 2024 година, изјави Стојановски по завршувањето на седницата.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »