Промовирани огласи »

ЈП Паркинзи на општина Центар и општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје изминатата седмица санкционираа 250 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 29.01. до 04.02.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 135 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 115 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, известуваат од ЈП Паркинзи на општина Центар.

Од ЈП ПОЦ и општина Центар велат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на општина Центар. 

Промовирани огласи »

Хрватски автопати (ХАЦ) објавија дека ја избрале понудата на заедницата на понудувачи, меѓу кои беа и словачкиот SkyToll и чешкиот TollNet, кои понудија цена од 79,9 милиони евра (без ДДВ) како изведувач на новиот систем за наплата и набавката на резервна опрема до истекот на две години од склучувањето на договорот.

Во процесот на преглед и евалуација, економски најповолната понуда на Здружението на понудувачи SkyToll, a. с. Братислава, Словачка и TollNet a.s., Прага, Чешка, со понудена цена без ДДВ во износ од 79,91 милиони евра со рок од 24 месеци од склучувањето на договорот“, се наведува во соопштението, пренесуваат хрватските медиуми.

Инаку, ХАЦ распиша тендер на почетокот на минатата година.

Ќе се користат две технологии

HAC потсетува дека новиот систем за наплата на патарина ќе користи две постоечки и светски докажани технологии - DSRC технологија (радио комуникација на 5,8 GHz) за наплата од корисниците на ENC уредите, како и ALPR технологија (Vehicle Number Plate Recognition) за наплата на повремени корисници за лесни возила и следење на плаќањето патарина на сите возила.

Новиот систем за наплата се заснова на слободен проток на возила, односно нема застанувања на наплатата, што ја зголемува пропусната моќ, посочуваат од HAC.

Луѓето кои живеат во Германија и немаат германско државјанство ќе можат полесно да го стекнат во иднина.

Бундесратот, односно парламентарниот Сојузен совет во кој се застапени германските покраини, го одобри законот што претходно го изгласаа пратениците во Бундестагот.

Реформата на законот за државјанство значи и дека кога луѓето ќе добијат германски, ќе можат да го задржат пасошот на земјата од која дошле, пренесува dpa.

Премиерот на покраината Порајње-Фалачка, социјалдемократскиот политичар Малу Драјер, ја бранеше реформата. Христијанско-демократскиот премиер на Баден-Виртемберг Томас Штробл го опиша како „погрешен пат“.

Во иднина, натурализацијата ќе биде можна по само пет години поминати во Германија - до сега требаше да биде осум.

Германското државјанство ќе биде возможно и по три години доколку некое лице покажало „посебни достигнувања во интеграцијата“. Ова е, на пример, особено добри перформанси на училиште или на работа или граѓански ангажман.

Децата на странски родители ќе добијат државјанство при раѓање, ако едниот родител легално живее во Германија пет години, а не осум како досега.

Секој што дошол во Германија како гастарбајтер или во поранешна Источна Германија (ГДР) како договорен работник треба само да докаже усно познавање на германскиот јазик за да биде натурализиран - повеќе не мора да полага тест.

Реформите носат и одредени ограничувања, така што секој што сака германски пасош мора да може да се издржува себеси и зависните роднини.

Досега, луѓето кои беа зависни од социјална помош не по своја вина беа ослободени од некои барања за државјанство. Сега ќе има исклучоци само за одредени групи и случаи.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »