Американската компанија за е-трговија Amazon fresh објави дека ги намалува цените на илјадници прехранбени производи со цел да привлече клиенти.
Имено, клиентите ќе имаат дневни попусти до 30 отсто на 4.000 производи во продавниците и во онлајн продажбата.
Така во САД поевтинија месото, морските плодови, замрзнатата храна, млечните производи и сирењата, пијалоците, грицките и тестенините, како и производите на Амазон со приватна етикета, пишува CNN.
Компанијата на тој начин се приклучи на растечкиот број на малопродажни синџири, вклучувајќи ги Target и Walmart, кои ги намалуваат цените бидејќи се обидуваат да ги привлечат потрошувачите во продавниците. Целта на трговците е луѓето послободно да трошат на основни производи, како храна, како и за купување нова облека, украсни предмети, уметнички предмети и слично.
Во обид да привлече повеќе купувачи, Target ги намали цените на повеќе од 1.500 популарни производи оваа недела, од путер до детергент. Волмарт минатата недела објави дека ги намалил цените на речиси 7.000 производи во своите продавници.
Пословни.хр