Работа од дома е „тренд“ во Македонија: Германска компанија нуди 500 евра бонус за добредојде на новите вработени
Работењето од дома можеби за некого звучи незамисливо и чудно, но веќе некое време е синоним за модерното време и го претпочитаат сè поголем број луѓе. И додека многумина се уште се скептични за ова прашање, излегува дека работата од дома има бројни предности кои го менуваат не само начинот на работа, туку и начинот на живот.
Овој концепт е сè попопуларен денес, а тоа може да се забележи и по огласите за вработување за овој тип на работа коишто стануваат сè почести, а компаниите нудат сè поатрактивни услови за работа од дома, вклучително и бонус за добредојде – само за да започнете со работа.
Пример за тоа е Teleperformance, компанија која важи за еден од најголемите работодавци во BPO секторот. Во огласот објавен од компанијата се вели „секој што го зборува германскиот јазик, е добредојден да аплицира и да работи од дома од кое било место во Македонија, а за возврат ќе добие одлична плата, стабилна работа, солидни бонуси и бонус за добредојде од 500 евра“. На огласот може да се аплицира преку линкот www.TPSkopje.com.
Во моментов, повеќе од 700 вработени работат во Teleperformance, а дури 80% од вработените работат од дома. Од Teleperformance велат дека ваквиот начин на работа е win-win за двете страни. Од една страна, тоа ѝ овозможува на компанијата и натаму да расте во нашата земја, а од друга страна, им овозможува на кандидатите од другите градови да уживаат во подеднакво добрите услови за работа како и вработените во канцеларијата во Скопје.
Придобивки на работењето од дома
„Работниот ден ми започнува со кафе, кое најубаво си го правам јас - дома. Работењето од дома ми овозможува да бидам со моите деца за време на паузите и да се чувствувам продуктивно и среќно, додека помагам на клиентите да ги решат своите проблеми“, вели Билјана од Битола, која дознала за компанијата преку препорака од пријателка која работи таму.
„Работењето од дома не е ништо поразлично од работењето во канцеларија. Имам посебна соба каде што работам, а бидејќи сте дома, нормално е да ви е поудобно. Најмногу ми се допаѓа тоа што не морам секој ден да патувам до работа, а освен од временска, тоа е добро и од финансиска гледна точка. Ми се допаѓа и тоа што сте во вашиот дом и можете да си ја вршите работата непопречено“, смета Дарко, кој веќе три години работи од дома за компанијата Teleperformance.
„Кај работата од дома ми се допаѓа што работам ефективно 8 часа, без да губам време да патувам од дома до работното место. Тоа има позитивно влијание и врз мојот живот бидејќи имам подобар баланс и време за спортски активности и други обврски“, вели велешанецот Никола, кој се вработил во Teleperformance како повратник од Малта.
„Она што најмногу ми се допаѓа во мојата работа е тоа што не треба да брзам, не губам време во сообраќај и можам многу лесно да го организирам слободното време“, вели Марина, која додава дека можноста која ѝ ја овозможила Teleperformance има многу позитивни ефекти врз нејзиниот живот бидејќи ѝ овозможила да посвети повеќе време на семејството, додека паралелно се развива во својата професија и кариера.
Како започна трендот на работа од дома
Подемот на работата од дома започна за време на пандемијата на коронавирусот кога вработените и компаниите за првпат беа масовно приморани да се на новиот начин на работа. Кај некои тоа уште при првата помисла предизвика чувство на вознемиреност, осаменост и уште поголемо отуѓување од надворешниот свет.
Сепак, се покажа дека многумина беа изненадени од тоа колку брзо се прилагодивме на овој начин на работа, воспоставувајќи уште подобра врска со своите колеги и деловни партнери, а притоа заштедувајќи време и ресурси за да се пристигне на работното место.
Се разбира, големо олеснување беше и самата технологија којашто значително помогна да се извршуваат сите должности и задачи без тешкотии. Така, апликациите за видео повици, групни разговори и виртуелни „соби за состаноци“ станаа нова реалност и алатки кои продолжија да се користат и до ден денес.
Дали „работниците од далечина“ се попродуктивни и посреќни?
Едно истражување на оваа тема ја испитуваше и продуктивноста и задоволството на работниците од далечина. Консултантската компанија за човечки ресурси Мерсер анкетирала 800 работодавци, а 94% од нив рекле дека нивната продуктивност е иста или повисока откако вработените почнале да работат од дома.
Како најчести причини за поголема продуктивност се наведуваат отсуството на патување до работа, помалку или никакви разговори за време на работното време, помалку одвлекување на вниманието и повеќе време за семејни и лични обврски, што за некои го подобрила и балансот помеѓу работата и приватниот живот.
Исто така, истражувањето спроведено од Owl labs сугерира дека вработените од далечина се посреќни и подолго остануваат на своите работни места. Работниците кои работеле од дома изјавиле дека се 22% посреќни од работниците кои секогаш останувале во канцеларија. Затоа, јасно е дека овој растечки тренд може да биде клучен за задржување на вработените.
Summa summarum - кои се предностите од работењето од дома?
Најголемата предност е секако флексибилноста и фактот што работниците од далечина можат да ги приспособат своите работни обврски на нивните потреби. Тоа значи дека можете да го изберете местото за работа - без разлика дали сте дома или на патување, да бидете во поудобна облека и да создадете ритам кој најмногу ви одговара.
Заштедата на време и пари е уште една клучна предност. Иако можеби ќе ги пропуштите паузите за кафе и „муабетот“ со пријателите во канцеларија, факт е дека на овој начин можете да го заштедите времето што го поминувате патувајќи до работа. Поминувате помалку време во сообраќај, што ви дава можност да отспиете, да го започнете денот попозитивно и да пристапите на работата со поголем ентузијазам и да имате повеќе време за себе.
Работејќи од дома, заштедувате и пари - од парите што би ги потрошиле за превоз или паркирање, до парите што би ги потрошиле додека јадете или пиете на работа.
Овој начин на работа на многу луѓе им нуди можност да развијат самодисциплина и организациски вештини, додека намаленото чувство на постојано присуство на претпоставените и „канцеларискиот стрес“ може да ја подобри и креативноста на личноста.
Ако зборувате германски и сакате да работите 100% од дома, од кое било место во Македонија, аплицирајте веднаш на www.TPSkopje.com и добијте 500 евра бонус за добредојде во Teleperformance.