Промовирани огласи »

Министерството за социјална политика, демографија и млади соопштува дека согласно со Законот за празниците на РM („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), 09 септември (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, поради тоа што 8 септември – Денот на независноста на Републиката е во недела.

Министерството за социјална политика, демографија и млади на сите граѓани им го честита Денот на независноста.

Промовирани огласи »

За околу три евра поевтино ќе биде патувањето со автомобил меѓу Солун и Атина со намалувањето на цените на пет патарини во централна Грција, што вчера го соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Намалувањето на цените за 17 отсто за лесните возила и пет проценти за тешките, што ќе трае 15 месеци, ќе стапи во сила на 1 октомври, а ќе важи до крајот на 2025 година, е резултат на искористување на 15,8 милиони евра, што произлегле од рефинансирањето на договорот за концесија на конкретниот дел на автопатот.

Поконкретно за автомобилите, по промената на цените, за петте патарини до крајот на годинава, граѓаните ќе плаќаат 13,7 евра, наспроти 16,5 колку што е сега, а во 2025 година, цените ќе бидат за три евра пониски, односно од 17,4 на 14,4 евра.

Петте патарини се во централниот дел на Грција, во близина на градовите Катерини, Лариса, Волос и Ламија. 

Грчкиот премиер објасни дека со намалувањето на каматните стапки од рефинансирањето на договорот за концесија на делот од автопатот, државата е со придобивка од нешто помалку од 16 милиони евра, по што решиле, конкретните средства, наместо да бидат вклучени во државниот буџет како вонреден приход, „да ги вратат на локалното население“.

Сметаме дека е фер да можеме да ги вратиме парите во локалната заедница, но не само тоа, ова значи дека секој што ќе патува од Атина во Солун преку автопатот ќе ја има оваа придобивка. Нагласувам дека ова е од 1 октомври до 31 декември 2025 година, што во суштина го покрива периодот кога сметаме дека сè уште ќе има притисоци во однос на инфлацијата, дури и да се намалува, рече Мицотакис. 

Промовирани огласи »

Во светот на бизнисот, често се вели дека најголемото богатство на една компанија не се нејзините производи или услуги, туку нејзините луѓе. Вработените се оние кои го носат секојдневниот товар, ја движат компанијата кон нејзините цели и ја дефинираат културата на работното место.

Нивната мотивација, вештини и посветеност можат да бидат одлучувачки фактори за успех или неуспех на компанијата.

  • Вработените како катализатори на подем

Кога вработените се задоволни, мотивирани и посветени на својата работа, тие стануваат катализатори на успехот на компанијата. Задоволните вработени произведуваат поквалитетни производи и услуги, што води кон зголемена продуктивност и профитабилност. Вработените кои се чувствуваат вреднувани и поддржани, се подготвени да го дадат својот максимум и да придонесат со нови идеи и иновации. Таквите вработени создаваат позитивна работна средина, што дополнително ја зголемува привлечноста на компанијата како посакуван работодавец.

  • Вработените како причина за пад

Од друга страна, недоволно мотивираните и незадоволни вработени можат да бидат причина за пад на компанијата. Кога вработените не се чувствуваат вреднувани или се соочуваат со негативна работна средина, нивната продуктивност и креативност опаѓаат. Ова може да резултира со зголемен број на грешки, незадоволни клиенти и, на крајот, загуба на профит. Понатаму, високиот процент на тек на вработени носи дополнителни трошоци за регрутирање и обука на нови кадри, што дополнително ја ослабува компанијата.

Вработените се основата на секоја успешна компанија. Нивната мотивација и задоволство се клучни за постигнување на долгорочен успех. Затоа, компаниите треба да инвестираат во развојот и благосостојбата на своите вработени, да создаваат позитивна работна средина и да ги поттикнуваат на професионален раст. Само на тој начин може да се осигура дека вработените ќе бидат вистински клуч за подем, а не причина за пад на компанијата.

Промовирани огласи »

Сите граѓани кои имаат возачки дозволи со старото име на државава да пристапат кон обновување на истата, апелираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, потсетувајќи дека старите возачки дозволи ќе важат до крајот на оваа година. 

Досега се издадени 750 000 возачки дозволи со новото уставно име. Потребно е да се издадат уште околу милион возачки дозволи со новото име. Ги замолувам во наредниот период од неколку месеци сите оние кои имаат возачки дозволи со старото име да пристапат кон обновување на истата, затоа што согласно измените на законот, старите возачки дозволи ќе важат до крајот на оваа година, рече Тошковски по денешната посета на пунктот за промена на лични документи „Пролет“ во Скопје.

Министерот информираше и дека издавањето на лични документи е вратено во нормала. 

Од оваа недела натаму секој граѓанин кој што ќе поднесе барање за да се стекне со нова патна исправа, возачка дозвола, лична карта, ќе може да ги оствари во рамки на законското право во рок од 15 дена, посочи тој.

На прашањето дали ќе се зголемат капацитетите од аспект на машини за изработка доколку во иднина настане слична ситуација, тој одговори дека работат на трајно решавање на проблемот. 

За разлика од тие претходно, ние решаваме проблеми и гледаме колку што е можно да ја поедноставиме целата постапка, не само во однос на лични документи, туку во однос на секое право кое што има да го стекне македонскиот граѓанин. Во иднина ќе се фокусираме на развластување од аспект на дискрециони права, сето она што го говориме за дигитализација во рамки на работењето на МВР ќе биде насочено исклучиво во таа насока, рече Тошковски.

Дополни дека пунктот „Пролет“ ќе се користи одреден временски период потребен за реновирање на просториите во Македонската радио телевизија кое, како што рече, ќе започне за месец и половина.

Целта е да создадеме нормални услови за работа на полициските службеници и нормални услови каде што на граѓаните нема да им е срам да пристапат кон одредени објекти, дополни министерот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »