Промовирани огласи »

Екипа на астрономи користејќи ги телескопите Чандра и Хабл ја откри најблиската двојка супермасивни црни дупки досега, оддалечени околу 300 светлосни години. Овие црни дупки, иако невидливи, сјаат силно бидејќи гасот и прашината што ги апсорбираат се загреваат. Црните дупки се наоѓаат во центарот на судирачки галаксии наречени MCG-03-34-64.

Астрономите првично ги откриле црните дупки преку три зраци на светлина во сјајниот гас на галаксијата, забележани од Хабл, а потоа преку Чандра во X-зракова светлина идентификувале два моќни извори на X-зраци. Понатамошните истражувања откриле дека двојката супермасивни црни дупки ослободува и радиобранови.

Двете супермасивни црни дупки некогаш биле центри на нивните галаксии, а по нивното спојување, ќе се соединат за околу 100 милиони години, создавајќи гравитациски бранови. Овие бранови би можеле да бидат откриени од идната мисија LISA на Европската вселенска агенција.

Промовирани огласи »

Државниот зваод за статистика објави дека во јули годинава се издадени 374 одобренија за градење, што е за 33,6  проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Најмногу оодбренија за градење се издадени во пелагонискиот регион, 89, по што следуваат Скопскиот и Југоисточниот со по 57,  Полошкиот, 55.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 119 331 000 денари, што е за 71,7  проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 207 (55,3  проценти) се наменети за објекти од високоградба, 75 (20,1 процент) за објекти од нискоградба и 92 (24,6  проценти) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 374 објекти, на 200 (53,5  проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 174 (46,5  проценти)  инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 808 станови, со вкупна корисна површина од 66 044 м2.

Најголем број станови ќе се градат Пелагонискиот регион, 207, по што следуваат Југозападниот, 191, Скопскиот, 119, источниот 115, Полошкиот, 110, во Југоисточниот 49, а Североистолнот повторно е со најмалку,  односно пет.

Во Пелагонискиот регион ќе се градат 122 стана во Прилеп и 84 во Битола, а во главниот град, најголем број од становите се во Центар, 37, Карпош, 23, Гази Баба и Сопиште, со по 21, Аеродром пет.

Промовирани огласи »

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на бензините се намалува од 0,5 до два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКE).

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,79 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 68,5, а на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) 67,5 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за половина денар по литар и ќе изнесува 74 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за два денара и ќе се продава за 76,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,273 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 43,507 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,569 отсто, кај дизелот за 3,217, кај екстра лесното масло за 3,812 и кај мазутот за 4,635 отсто.

Курсот на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка е понизок за 0,0124 отсто.

Промовирани огласи »

Инфлацијата во Македонија никако да попушти. Државниот завод за статистика објави дека инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во август во однос на јули годинава изнесува 0,5 проценти. Цените на мало во август  во однос на јули годинава се зголемени  за 0,5 проценти.

Трошоците на животот во август годинава, во однос на август минатата година, бележат зголемување од 2,2  проценти, а цените на мало од 3 проценти.

 Зголемувањето на инфлацијата во август 2024 година, во однос на јули 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во групите: храна и безалкохолни пијалаци за 1,2  проценти, рекреација и култура за 1,1  процент, здравје за 0,8  проценти, ресторани и хотели за 0,7  проценти, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,6  проценти, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата, комуникации за 0,5  проценти, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,1  процент.

Во август 2024 година, во однос на јули 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: транспорт за 2,2  проценти, облека и обувки, разновидни стоки и услуги за 0,3  процентиТрошоците на животот во групата образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »