Промовирани огласи »

Инвестирањето за збогатување на вашето портфолио бара добро планирање, диверзификација и стратешки пристап.

Еве неколку совети како да го направите тоа:

1. Диверзификација

  • Широк спектар на класи на средства: Вложувајте во различни класи на средства како акции, обврзници, недвижности, злато и други суровини.
  • Географска диверзификација: Вложувајте на различни пазари, како домашни и меѓународни, за да ги минимизирате ризиците поврзани со специфични региони.

2. Регуларни инвестиции

Наместо да вложувате големи суми одеднаш, може да ја користите стратегијата на доларско просекување. Тоа значи дека ќе вложувате редовно, без оглед на цените на пазарот, што ќе помогне да се израмнат осцилациите.

3. Истражување на пазарот

  • Разбирањето на тековните трендови е клучно за носење на паметни инвестиции. Следете ги економските индикатори и истражувајте различни индустрии.

4. Инвестирајте во што знаете

  • Кога се работи за специфични компании или индустрии, обидете се да вложувате во области каде што имате познавања и разбирање.

5. Долгорочна перспектива

  • Инвестирањето е маратон, а не спринт. Обидете се да одржите долгорочна визија и не дозволувајте краткорочните осцилации да ве извадат од ритам.

6. Регулирање на ризикот

  • Важно е да го разберете вашиот личен толеранс на ризик и да инвестирате соодветно на тоа. Ако сакате стабилност, може да се насочите повеќе кон обврзници и други помалку ризични средства.

7. Реинвестирање на добивките

  • Реинвестирањето на дивидендите или заработените средства може значително да го зголеми вашиот портфолио преку компаундирање на заработката.

Со добра стратегија и постојан мониторинг на вашето портфолио, ќе бидете во подобра позиција за негов раст и збогатување.

Промовирани огласи »

На 28.09.2024 година компанијата Кромберг & Шуберт Македонија Бт ДООЕЛ организираше уникатен настан -  „Детски Крошу Фестивал”, во склоп на фабриката, само за децата на своите вработени.

Целта на настанот беше на забавен и креативен начин да се запознаат децата со производниот процес и со фабриката каде што работат нивните родители.

За денот да им биде незаборавен, компанијата ги покани популарните „Светот на Биби и Боби“ заедно со „Тин Камп”, кои предизвикаа неизмерна среќа и искрени насмевки кај секое дете.

Сите присутни гласно пееја, играа, се дружеа, цртаа и се вратија во најубавите години од животот.

За забавата да добие целосен "шмек" беа задолжени нивните соработниците „Де Ниро” Кетеринг кои ги припремија највкусните закуски и пијалоци за најмалите и „Миг Травел” за навремениот и безбеден транспорт на сите дечиња.

Како вистински домаќини, подготвија подарок за секое дете, им посакаа среќен почеток на новата учебна година и ги посоветуваа да останат деца секогаш во срцата бидејќи само на тој начин ќе продолжат да ги гледаат убавините околу нас.

Бидејќи децата се нишките со кои ја чуваме иднината, од компанијата изјавија дека сакаат да ги научат идните генерации на најважните животни вредности како што се: да се однесуваат со внимание и почит спрема секого, дека треба да го кажат своето мислење, но и да го почитуваат мислењето на своето другарче и се обидуваат да ги мотивираат да ги остварат своите соништа.

Кромберг & Шуберт Македонија Бт ДООЕЛ нѐ советува да се однесуваме со внимание и почит спрема децата бидејќи тие се компасот коj ја покажува заедничката иднина.

Промовирани огласи »

Пензионерите во Македонија од денес добиваат зголемување на пензиите за 2500 денари. Според измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, околу 340.000 пензионери, кои имаат стекнато право на пензиско осигурување до 31 август, се вклучени во линеарното зголемување на пензиите, соопшти МТСП.

Овие законски измени предвидуваат линеарно зголемување на пензиите во м. Септември и м. Март. Поконкретно, на 1 Септември 2024 година, сите видови на пензии остварени согласно овој закон заклучно со 31 Август 2024 година, се зголемуваат за 2.500 денари и на 1 март 2025 година, сите видови на пензии остварени согласно со овој закон заклучно со 28 февруари 2025 година, се зголемуваат за 2.500 денари.

Целта на измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување е обезбедување на пораст на животниот стандард и подобар и поквалитетен живот за пензионерите.

„Линеарното зголемување на пензиите е едно од клучните исполнети предизборни ветувања на оваа Влада, која во фокусот на своето работење го има подобрувањето на економскиот статус на граѓаните и воопшто економската состојба на државата, се наведува во соопштението на МТСП.

Промовирани огласи »

Утре стартува десетиот месец во годината. Во октомври има еден продолжен викенд за работниците, но и еден неработен ден среде седмица. 

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија до крајот на 2024 година неработни денови за сите граѓани се: 

11 октомври (петок), Ден на народното востание

 23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба,

8 декември (недела), „Св. Климент Охридски“, односно 09 декември (понеделник) 

За граѓаните од католичка вероисповед неработен ден ќе биде 1. ноември (петок), Празникот на сите светци, како и 25 декември (среда), првиот ден на Божиќ.

За граѓаните припадници на албанската заедница неработен ден ќе биде 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука. 

За граѓаните припадници на еврејската заедница неработен ден ќе биде 12 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.

За граѓаните припадници на бошњачката заедница - 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците.

За граѓаните припадници на турската заедница неработен ден ќе биде 21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »