Промовирани огласи »

Општина Карпош е прва општина која потпиша договор со колективен постапувач за отстранување на отпадни (хаварисани) возила. 

Општина Карпош на 11.11.2024 год склучи Договор за соработка со колективниот постапувач ДУО Греен Роад ДООЕЛ, Скопје за собирање, регулирање и отстранување на отпадни (хаварисани) возила на јавни површини на територија на локалната самоуправа.

Инспекторатот на Општина Карпош оваа акција освен со колективниот постапувач, ќе ја спроведе во заедничка соработка и со Министерството за внатрешни работи преку урбаните заедници со цел подигнување на свеста на граѓаните за рециклирање на отпадните моторни возила, како и за зачувување на здрава животна средина преку нивно отстранување од јавна
површина.

По донесување на Законот за управување на посебни текови на отпад (Сл. Весник на РСМ бр.216 и 195/22) и член 63 од Закон за безбедност на сообраќајот, според насоките од Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Карпош ГИ ИЗВЕСТУВА
граѓаните за следново:

ОТПАДНО ВОЗИЛО – е возило чија што употребна функција престанала и кое крајниот корисник го исфрла, има намера да го исфрли или од него се бара да го исфрли, вклучувајќи ги и сите негови составни делови и материјали кои во моментот на исфрлање претставуваат дел од отпадно возило…“ – чл. 7 од Закон за управување со дополнителни текови на отпад.

Возилата кои ги исполнуваат условите од горенаведената дефиниција почнувајќи од денеска ќе бидат мапирани и за нив ќе се води база на податоци.

За веќе мапираните отпадни возила ќе се доставува Изестување до МВР за добивање информации за сопственост на отпадното возило.

Според информациите од МВР, инспекциските служби ќе лепат Известувања во кои се дава рок од 10 (десет) дена за отстранување на возилото. Истовремено инспектор за животна средина/комунален инспектор ќе изготви Записник при што во прилог со писмено Известување до
сопственикот ќе бидат доставени на негова адреса.

По истекот на дадениот рок, доколку отпадното возило не е отстрането од страна на сопственикот, инспекциските служби носат Решение за опомена во времетраење од 5 (пет) дена до сопственикот на возилото, а доколку сопственикот на возилото не постапи по Решението до МВР се доставува известување за одјавување и отстранување на возилото.

По истекот на рокот од 5 (пет)дена, отпадните возила го превзема колективен постапувач кој ги дислоцира на соодветно собирно место.
Општина Карпош апелира  сите граѓани кои се сопственици на вакви отпадни моторни возила а се на јавна површина да ги дислоцираат/отстранат во најкус можен рок. Доколку не го сторат тоа, ќе се поведе инспекциска постапка со изрекување на казна – глоба во вредност од 250 евра според чл.67 од Закон за управување со дополнителни текови на отпад.

Телефони за контакт:
Сектор Инспекторат на Општина Карпош: 02 3055 931, 02 3055 929
Колективен постапувач: 071 288 846
ДУО Греен Роад ДООЕЛ 072 215 199

Промовирани огласи »

Граѓаните на Македонија можеби ќе добијат олеснување во патувањата во регионот – од Нова година, зелените картони најверојатно нема да бидат потребни за патување во Србија, Албанија и Молдавија.

Според Здравко Илиќ, експерт за трговија со услуги во Секретаријатот на ЦЕФТА во Брисел, овој трошок за граѓаните на Македонија, како и за другите членки на ЦЕФТА договорот, треба да биде укинат. Во моментов, поседувањето на овој документ е задолжително при влез на територијата на Русија, Белорусија, Украина, Турција, Израел, Иран, Тунис и Мароко.

Зелениот картон претставува доказ дека сопствениците на автомобили веќе имаат платено осигурување за своето возило. Тој не е посебен документ, туку потврда за уплатеното осигурување, за која се издвојуваат одредена сума пари.

Во Македонија, возачите во просек плаќаат околу 2.000 денари месечно или речиси 4.000 денари годишно за зелен картон.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,10 проценти во однос на одлуката од 8 ноември.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,675%, кај дизелот има намалување за 0,029%, кај екстра лесното масло има зголемување за 4,191% и кај мазутот зголемувањето е за 2,904%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,1794%.

Од 12.11.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,50 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 43,844 (денари/килограм)
  • Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
  • Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.
  • Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден/лит.
  • Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,859 ден/кг и сега ќе изнесува 43,844 ден/кг.

Ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 12.11.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Промовирани огласи »

На денешната прес-конференција, директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, го претстави новиот портал „е-услуги“, кој овозможува брз електронски пристап до 94 различни услуги од Катастарот. Станува збор за нов проект кој им овозможува на корисниците услугите да ги добијат веднаш по нарачката преку електронска пошта, што значително го скратува времето и го олеснува пристапот за граѓаните и правните лица.

Со активирањето на новиот портал e-uslugi.katastar.gov.mk, постојниот портал ossp.katastar.gov.mk, кој е веќе застарен, ќе биде во функција до 31 декември 2024 година, по што од 1 јануари 2025, корисниците ќе имаат пристап исклучиво преку новиот портал.

Агенцијата за катастар на недвижности е првата државна институција со над 100 целосно дигитализирани услуги достапни за граѓаните. Со оваа дигитализација се намалуваат административните процедури, се зголемува транспарентноста и се овозможува ефикасен пристап до услугите, правејќи ги подостапни, без непотребно чекање и со значително заштедено време за граѓаните.

Преку бројки во изминатиот период покажавме дека со соодветна организација можеме да одговориме на барањата на граѓаните. Ги решивме сите заостанати предмети, а тековно се решаваат сите активни барања доставени до нас. Дигитализацијата е еден чекор напред кон создавање модерна институција, која ќе продолжи да биде вистински сервис на граѓаните, истакна Живковски на прес-конференцијата.

Агенцијата продолжува со работата на целосната дигитализација и внатрешната реорганизација, со цел да ги подобри услугите и да ги приспособи кон потребите на своите корисници.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »