Промовирани огласи »

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2024 година, изнесувала 41.585 денари и во одно на септември лани е повисока за 9,8 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (12.6 %), Преработувачка индустрија (11.7 %) и Уметност,забава и рекреација (11.4 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (5.8 %), Административни и помошни услужни дејности (5.0 %) и Преработувачка индустрија (2.8 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, пак, во септември 2024 година, изнесувала 62.573 денари.

Промовирани огласи »

Успешното онлајн интервју бара подготвеност, техничка сигурност и добро претставување.

Еве ги клучните чекори за да го извлечете најдоброто од ова искуство:

1. Подгответе ја технологијата

  • Проверете ја опремата: Осигурајте дека вашиот лаптоп или компјутер, камера и микрофон функционираат правилно.
  • Интернет конекција: Стабилен интернет е од суштинско значење. Ако имате слаб сигнал, користете жичен интернет за поголема сигурност.
  • Платформа за интервју: Претходно инсталирајте ја апликацијата (Zoom, Microsoft Teams, Google Meet и сл.) и тестирајте ја.

2. Изберете професионална средина

  • Позадина: Користете едноставна, организирана позадина за да оставите добар впечаток.
  • Осветлување: Осигурајте дека светлината доаѓа од напред, а не одзади, за вашиот лик да биде јасно видлив.
  • Намалете ги прекините: Исклучете ги звуците на телефонот и известувањата на уредите, и информирајте ги членовите на семејството за времето на интервјуто.

3. Подгответе се содржински

  • Истражете ја компанијата: Дознајте повеќе за нивните вредности, мисија и култура.
  • Подгответе одговори: Имајте спремни примери за вашите вештини, искуство и постигнувања.
  • Прашања до интервјуерот: Покажете интерес за улогата и компанијата со внимателно подготвени прашања.

4. Облекување и изглед

  • Носете професионална облека, исто како за физичко интервју. Облекувањето влијае и на вашето самодоверие.
  • Избегнувајте светкави бои и ексцентрични дизајни кои можат да го одвлечат вниманието.

5. Техники за комуникација

  • Контакт со очи: Гледајте директно во камерата, а не на екранот, за да изгледате фокусирано.
  • Говор на тело: Седете исправено и избегнувајте нервозни движења.
  • Јасност и тон: Говорете јасно, со умерено темпо и самоуверен тон.

6. Вежбајте пред интервјуто

  • Направете тест-интервју со пријател или користете снимка за да го анализирате вашиот настап.
  • Вежбањето ќе ве направи порелаксирани и спремни за вистинскиот момент.

7. На крајот на интервјуто

  • Заблагодарете му се на интервјуерот за времето.
  • Прашајте за следните чекори во процесот.
  • Пратете краток е-маил за благодарност по интервјуто, нагласувајќи го вашиот интерес за позицијата.

Онлајн интервјуата се одлична можност за покажување на вашите способности од удобноста на вашиот дом. Со добро планирање и вежбање, ќе бидете подготвени да се претставите на најдобар можен начин.

Промовирани огласи »

Американскиот милијардер Илон Маск и претприемачот и поранешен претседателски кандидат Вивек Рамасвами, кои беа номинирани од новоизбраниот претседател Доналд Трамп да го водат новоформираниот Оддел за владина ефикасност, соопштија дека го поддржуваат предлогот вработените во федералните органи на власта да работат од канцеларија пет дена во неделата.

Повеќе од половина од 2,3 милиони вработени во американската влада во моментов не работат од далечина поради спецификите на нивните позиции, кои бараат присуство на лице место за следење на квалитетот на работата, а останатите поминуваат околу 61 отсто од своето работно време во канцеларија, информира Волстрит Џурнал повикувајќи се на извештај на Канцеларијата за управување и буџет.

Предлогот доаѓа како дел од широката ревизија на државната администрација, а најавената промена може да доведе до „бран доброволни откази што го поздравуваме“, напишаа Маск и Рамасвами во колумна за Волстрит Џурнал.

Ако федералните службеници не сакаат да се појават на работа, американските даночни обврзници не треба да им плаќаат за привилегијата од Ковид ерата да останат дома, велат тие во колумната, истакнувајќи дека ова се некои од првите цели на одделот, за кој Трамп рече дека ќе дејствува надвор од владата и ќе им понуди придонес на федералните службеници.

Во рамките на законот, претседателот има право да воспостави правила со кои се регулира работата на државните службеници со цел да се ограничи административниот апарат.

Маск вети дека ќе елиминира два трилиони долари од годишниот буџет на Соединетите Американски Држави и рече дека на владата и требаат само 99 агенции, не повеќе од 400.

Вкоренетата и растечка бирократија е егзистенцијална закана за нашата земја, а политичарите предолго ја поддржуваа. Затоа ние ги правиме работите поинаку. Ние сме претприемачи, а не политичари. Ќе служиме како надворешни волонтери, а не како федерални службеници или вработени. За разлика од владините комисии или советодавните одбори, нема само да пишуваме извештаи или да сечеме ленсти. Ќе ги намалиме трошоците, велат Маск и Рамасвами.

Тие наведоа дека посебно ќе се фокусираат на иницирање промени преку извршна акција врз основа на постојното законодавство, наместо да се носат нови закони. Што се однесува до најавеното намалување на бројот на федерални регулативи, целта е да се обезбеди „здрава индустриска логика за масовно намалување на бројот на вработени во сојузната администрација“, се посочува во колумната.

Зборувајќи за потребата да се намалат трошоците за државните службеници, Маск и Рамасвами го привлекоа вниманието на законодавните мерки насочени кон заштита на службениците од отпуштање по налог на претседателот и лицата што тој ги назначува.

Истовремено, потсетија претприемачите, целта на законот е да се заштити од персонализирана политичка одмазда, додека претседателот го задржува правото да отпушти вработени без да именува конкретни лица. Според извор запознаен со плановите за спроведување на оваа иницијатива, американските власти би можеле да направат таков чекор што е можно поскоро по инаугурацијата на новата администрација, која ќе се одржи на 20 јануари, пишува Волстрит Џурнал.

Претставниците на синдикалното движење се спротивставија на најавените реформи и порачаа дека за промената на условите за работа треба да се разговара преку колективно преговарање. Во моментов, синдикатот, кој обединува околу 110.000 државни службеници, се консултира со адвокати, рече лидерот на синдикатот Ренди Ервин.

Промовирани огласи »

Apple потврди безбедносна ранливост во своите уреди, што дозволува извршување на малициозен код преку веб-базирани JavaScript напади. Оваа ранливост може да ги изложи корисниците на ризик од кражба на криптовалути и други податоци. Ранливоста влијае на Intel-базираните Mac компјутери, како и на iPhone и iPad уредите, дозволувајќи напаѓачите да добијат контрола врз уредите преку злонамерни веб-страници.

Apple повикува корисниците веднаш да ги ажурираат JavaScriptCore и WebKit компонентите. Експлоатот, откриен од истражувачи на Google, може да доведе до „cross-site scripting“ напади и крадење на приватни податоци, како што се лозинки и приватни клучеви. Корисниците се предупредени да го преземат ажурирањето за да спречат понатамошни проблеми.

Истражувачите идентификувале ранливост на овие чипови што овозможува крадење криптографски клучеви преку процесот „prefetching“. Овој тип на ранливост не може да се реши со софтверско ажурирање, туку само со намалување на перформансите за зголемување на безбедноста. Корисниците се советуваат внимателно да ги следат препораките за заштита.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »