Промовирани огласи »

Центарот за управување со кризи (ЦУК) продолжува да ги следи технолошките напредоци и да го надградува системот за итни повици, а новитетите вклучуваат автоматски повици од „паметни часовници“. Според ЦУК, ова е дел од постојаното подобрување на единствениот број за итни случаи 112, кој веќе е достапен на целата територија на државата.

Во март 2022 година беше пуштен во употреба системот 112, кој нуди повеќе предности за граѓаните. Како дел од неговите нови можности, најновата надградба овозможува автоматски повик до 112 преку „паметен часовник“, при детекција на губење на пулс. Ова значи дека, ако некој падне или има сериозни здравствени проблеми, часовникот веднаш ќе алармира ЦУК и ќе го достави точниот GPS локациски податок, без потреба од интервентно повикување.

Системот на 112, кој е интегриран со различни служби за итни случаи како полицијата, противпожарната заштита и итната медицинска помош, обезбедува побрзо време за одговор, што е од клучно значење во случаи на животна опасност, велат од ЦУК.

ЦУК исто така нагласува дека системот е способен да прима и праќа текстуални пораки со координати (GPS) од мобилни уреди, како и да врши директна врска со возила опремени со „и-кол“ модул, кој автоматски ќе алармира ЦУК при сериозни сообраќајни несреќи, истовремено испраќајќи координати на локацијата.

Покрај тоа, системот е осмислен за да биде што повеќе достапен и за лица со посебни потреби, како што се глувонемите лица, кои ќе можат да испраќаат текстуални пораки со координати, наместо да зборуваат.

Како што додаваат од Центарот, со овој систем, кој постојано се надоградува, граѓаните ќе можат да добијат навремена и точна помош во секој случај на итност.

Промовирани огласи »

Македонската економија годинава ќе порасне 2,9% и ќе се стабилизира на околу 3% до 2027 година – посочува кредитната агенција „Стандард и Пурс“, која го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ- со стабилни изгледи. Ова е спротивно на очекувањата на Владата дека економијата годинава ќе расте со 3,7%. Од Агенцијата посочуваат дека е можен притисок за остварување на буџетскиот дефицит кој за годинава е проектиран на 4 проценти од БДП.

Притисок врз остварување на проектираниот буџетски дефицит може да претставуваат меѓу другото остварувањето на пониски стапки на раст од проектираното, помалата наплата на даноците, сивата економијата, како и зголемување на трошоците за инвестициите, велат од „Стандард и пурс“.

Агенцијата очекува стапката на инфлација да остане во просек од 3,5% како резултат на растот на цените на храната.

Посочуваат дека е потребна засилена фискална консолидација и спроведување на структурните реформи кои може да донесат значителен напредок за земјата.

И универзитетскиот професор Борче Треновски во емисијата Бизнис 21 посочи дека Државната развојна стратегија покажува дека без спроведување на структурните реформи нема напредок.

Но она што е особено важно се покажа дека ако не направиме промени нашиот раст ќе се движи од 2 до 2,5 проценти. Значи ако останеме во тековната ситуација. Се разбира ако има инвестициони циклуси, вбризгување на средства ќе мрдне, меѓутоа долгорочниот развој зборуваме нема. Ако ги направиме овие промени тој се дуплира, ако ги вклучиме сите овие столбови кои се дефинирани тука. Значи имате дуплиран развој, имаме зголемување на 30 до 40 проценти на јавните приходи на буџетот, она што го зборувавме. Значи и буџетот и развојот човеков и очекуваното траење на животот ќе се зголеми за неколку години. Дури тоа се мери и дека луѓето ќе живеат подобрo, рече Треновски.

Македонската економија годинава ќе порасне 2,9% и ќе се стабилизира на околу 3% до 2027 година – посочува кредитната агенција „Стандард и Пурс“, која го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ- со стабилни изгледи. Ова е спротивно на очекувањата на Владата дека економијата годинава ќе расте со 3,7%. Од Агенцијата посочуваат дека е можен притисок за остварување на буџетскиот дефицит кој за годинава е проектиран на 4 проценти од БДП.

Притисок врз остварување на проектираниот буџетски дефицит може да претставуваат меѓу другото остварувањето на пониски стапки на раст од проектираното, помалата наплата на даноците, сивата економијата, како и зголемување на трошоците за инвестициите, велат од „Стандард и пурс“.

Агенцијата очекува стапката на инфлација да остане во просек од 3,5% како резултат на растот на цените на храната.

Посочуваат дека е потребна засилена фискална консолидација и спроведување на структурните реформи кои може да донесат значителен напредок за земјата.

И универзитетскиот професор Борче Треновски во емисијата Бизнис 21 посочи дека Државната развојна стратегија покажува дека без спроведување на структурните реформи нема напредок.

Но она што е особено важно се покажа дека ако не направиме промени нашиот раст ќе се движи од 2 до 2,5 проценти. Значи ако останеме во тековната ситуација. Се разбира ако има инвестициони циклуси, вбризгување на средства ќе мрдне, меѓутоа долгорочниот развој зборуваме нема. Ако ги направиме овие промени тој се дуплира, ако ги вклучиме сите овие столбови кои се дефинирани тука. Значи имате дуплиран развој, имаме зголемување на 30 до 40 проценти на јавните приходи на буџетот, она што го зборувавме. Значи и буџетот и развојот човеков и очекуваното траење на животот ќе се зголеми за неколку години. Дури тоа се мери и дека луѓето ќе живеат подобро, рече Треновски.

Промовирани огласи »

Биткоинот би можел да достигне неверојатни 700.000 долари доколку институционалните инвеститори одвојат помеѓу два и пет проценти од своите портфолија на криптовалутата, според Лари Финк, шеф на BlackRock, најголемата светска компанија за управување со средства.

Дигиталната монета забележа пораст на вредноста во последните месеци. Во текот на 2024 година, неговата цена скокна за 121 отсто на 108.135 долари во декември. Во понеделникот, по инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, Биткоинот достигна рекордно високо ниво од 109.225 долари.

Трамп претходно ги објави плановите да ги направи САД „крипто главен град“ на светот и да формира национална резерва за биткоин.

Финк му рече на Давос дека „верува“ во најголемата криптовалута во светот како инструмент, истакнувајќи го нејзиниот потенцијал.

Ако се плашите од девалвација на вашата валута или се плашите од економската или политичката стабилност на вашата земја, можете да имате инструмент на меѓународна основа наречен биткоин кој ќе ги надмине тие локални стравови, рече Финк.

Инвеститорот рече дека верува дека институционалното усвојување на криптовалутите е на пат.

Промовирани огласи »

Даночната управа на Хрватска попладнето објави нови податоци кои ги покажуваат резултатите од граѓанскиот бојкот на продавниците во земјата поради високите цени, организиран од здруженијата за заштита на купувачите.

Според вкупните податоци до 16 часот, прометот во хрватските маркети паднал за 29 отсто во однос на минатиот петок, додека износот на сметките исто така бил помал, и тоа за 31 отсто. Но, она што најдобро покажува како Хрватите реагирале на бојкотот на продавниците се податоците за активноста на трговијата на мало, кои покажуваат дека бројот на сметките паднал за 43 отсто во однос на минатиот петок, а износот на платените сметки – за цели 50 отсто.

Бојкотот на продавниците, малопродажните синџири и бензинските пумпи поради постојаните поскапувања, кој се прави на иницијатива која започна од фејсбук-групата „Ало, инспекторе“, поддржана од Европската Центар за извонредност на потрошувачите, е поддржан и од повеќе здруженија за заштита на потрошувачите, од синдикатите, политичките партии, па дури и од самиот министер за економија на земјата.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »