Промовирани огласи »

Повеќе од 200 британски компании трајно се префрлија на четиридневна работна недела без намалување на платите, што ја означува најновата пресвртница во кампањата за промена на начинот на работа на Британците.

Компаниите се движат од маркетинг агенции, ИТ фирми и консултантски куќи до оние во добротворниот сектор, а заедно вработуваат повеќе од 5.000 луѓе.

Џо Рајл, директор на кампањата на Фондацијата „4-дневна недела“, рече дека петдневната работна недела „е измислена пред 100 години и повеќе не е погодна за целта“. Наместо тоа, неговата организација се залага за четиридневна работна недела со иста плата и бенефиции како оние кои работат пет дена од седум.

Тој рече: „Како што веќе покажаа стотици британски компании и еден локален совет, четиридневната недела без намалување на платите може да биде добитна комбинација и за работниците и за работодавците.

Со 50 проценти повеќе слободно време, четиридневната недела им дава на луѓето слобода да живеат посреќни и поисполнети животи“.

списание Феникс/MD/Хина

Промовирани огласи »

Кај јужниот сосед ќе се зголеми старосната граница за пензионирање. Секоја година повеќе од 200.000 Грци одат во пензија, а од 2027 година ќе се зголеми старосната граница.

Според последните податоци на грчкиот Пензиски фонд, барањата за пензија во 2024 година достигнале 201.000. Toa е особено висока бројка, иако не го надмина рекордот од 2021 година, кога бea поднесени вкупно 212.151 барања. Но, треба да се истакне дека во последните пет години се пензионирале околу еден милион вработени (поднесени се вкупно 990.357 барања за технолошки вишок).

Подетално, во 2020 година се поднесени 175.705 барања за пензија, во 2021 година близу 212.151 барање, во 2022 година се поднесени 211.133 барања, во 2023 година се поднесени 190.368 барања за пензија и во 2024 година околу 201.00 барања. Тенденциите на осигурениците да заминат во пензија се засилуваат со сценарија за зголемување на старосната граница за пензионирање по 2027 година поради тешкото оптоварување на осигурителниот систем од демографскиот проблем. Постоечката легислатива веќе предвидува ревизија на старосната граница за пензионирање – од оваа година – во комбинација со очекуваниот животен век во нашата земја. Во јавната расправа веќе се појавија мерки како зголемување на општата старосна граница за пензионирање, продолжување на работниот и осигурителниот живот и намалување на стапките за замена. Изјавите на надлежните владини функционери ја оставаат отворена можноста за промени, кои, сепак, ги поставуваат по 2027 година, анализира То Вима.

Промени има и во други европски земји.  Од 1 јануари во Белгија ќе се оди во пензија со 66 години. Почнувајќи од 1 јануари 2025 година ќе стапат на сила значајните промени во пензискиот систем. Реформите ќе влијаат на возраста за пензионирање, бенефициите и минималните барања за пензија.

Се поместува старосната граница за пензионирање во Германија. 

Редовната старосна граница за старосна пензија постепено ќе се зголемува до 2031 година на 67 години. Право на редовна пензија ќе имаат родените 1960 година од 2025 година кога ќе наполнат 66 години и 4 месеци.

Промовирани огласи »

Црногорската невладина организација Институт алтернатива, по успешната акција во Хрватска, ги повика граѓаните на 31 јануари да ги бојкотираат супермаркетите и продавниците.

В петок повикуваме на бојкот на супермаркетите и продавниците во Црна Гора, на сите без исклучок, бидејќи тоа нема никаква врска со политика. Високите цени подеднакво ги погодуваат сите граѓани, се наведува во соопштението.

Организацијата наведува дека цените се екстремно високи и дека водечките трговски синџири ги договараат цените, поради што граѓаните да не го почувствувале зголемување на платите и пензиите.

Можеме ли политиката да ја оставиме настрана еден ден, да не се делиме, сите да бидеме едно, да им покажеме дека ние сме тие што одлучуваат, се посочува во соопштението на Институт Алтернатива.

На 31 јануари бојкот на трговските објекти е закажан и во Босна и Херцеговина.

Промовирани огласи »

Се прави сеопфатна анализа за потрошувачката на струја во јавните комунални претпријатија, болниците, школите, училиштата,… кои имаат енормни сметки, се размислува да се направи посебен пакет за нив со „понормална“ цена, а се работи и на формирање балансна група во која ќе бидат групирани. Деновиве не може да се каже кое ќе биде решението, но во почетокот на вториот квартал ќе има одговор, рече денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Како што напомена Божиновска, целта на Владата е да се направи системско решение.

Ние сме свесни за овој проблем. Уште кон крајот на минатата година почнавме да ги гледаме болниците, школите, училиштата, комуналните претпријатија кои имаат енормни сметки за струја. Тие можеби од незнаење или немање стручен кадар, на пример, ако не изберат снабдувач одат во снабдување со краен случај. И сами не се запознаени со последиците од непостапувањето. Тоа е една работа, а друга е дека се оставени на ризик на берзата. Тие се непрофитни и ние сега правиме сериозна и темелна анализа, да видиме колку енергија е тоа, колку мегават часови е вкупно, и ќе видиме да направиме пакет за нив, да видиме да имаат некоја друга, понормална цена, односно да има некои заштеди, рече министерката, одговорајќи на новинарски прашања пред настанот за домашната берза на електрична енергија.

Божиновска е децидна дека сега, утре или задутре не може да се даде одговор на прашањето дали утре на владина седница ќе им биде дозволена некаква цена или ќе бидат поучени како да набавуваат струја по пониска цена.

Владата е таа што ги плаќа сметките. Ние сме свесни. Сакаме да направиме системско решение. Сега е зима и најпрво треба да се погрижиме зимата да заврши и се да биде како што треба. Но, работиме на една балансна група во која ќе бидат сите овие претпријатија, ќе видиме какви се можностите и кои ќе бидат цените. Не можеме сега, утре или задутре да дадеме одговор, но во почетокот на вториот квартал ќе имаме повеќе сознанија и пресметки, истакна Божиновска.

Таа нема сознанија дали некој е повикан на одговорност или казнет зошто го надминува законскиот максимум три месеци да се снабдува со поскапа струја.
Немам такви сознанија и не знам што се случува, но точно е дека има некои што злоупотребуваат со непостапување. Ќе прашам и ќе видам што се случува, ние не сме надлежни за тоа, рече Божиновска.

Причината за зголемениот увоз на електрична енергија министерката ја гледа во ненаправените ремонти, но за ова прашање, сепак, ги упати новинарите одговор да побараат од ЕСМ.

Министерството има задача да прави и спроведува стратегија. За најпрецизен одгoвор, ова прашање треба да го упатите во ЕСМ. Јас можам само да кажам за тоа што беше затекнато – ненаправени ремонти и на тоа се должи увозот на струја. За подетални информации обратите се во ЕСМ, а и јас можам да ги контактирам за да имаме најточни информации што се случувало и зошто е толкав увозот на електрична енергија, истакна Божиновска.

Министерката потврди и дека криза во снабдувањето со гас нема.

Многу малку набавуваме за да бидеме фактори и за да имаме некоја криза со увоз на гас. Тоа е одлука на менаџмент, дали ќе набавува нешто долгорочно или краткорочно за оптимизација на трошоци, рече Божиновска.

На прашањето дали има недоразбирања со министерот за транспорт околу МЕПСО, одговори дека со никој не е скарана.

Со никој не сум скарана, се е според европските легислативи и природно е МЕПСО да потпадне под Министерсвото за енергетика, тоа е огласно европската регулатива и воопшто не е дискутабилно, децидна е Божиновска.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »