Промовирани огласи »

Популарноста на Трамп 2.0: Новите анкети откриваат интересни трендови за вториот мандат

Погледнете како перцепцијата на Американците за Доналд Трамп еволуираше осум години подоцна.

Вашингтон - Откако победи на изборите во 2024 година со разлика од 1,5 проценти, претседателот Доналд Трамп прогласи „непрекинат и моќен мандат“ за враќање на довербата, богатството, демократијата, и слободата на народот. Во првите три недели од неговиот втор мандат, тој енергично ја спроведува својата агенда.

Но, како гледаат Американците на неговото лидерство засега? Првичните анкети покажуваат значителни трендови во ставовите за вториот мандат на Трамп.

Рекордна оценка во анкетите, но сѐ уште е под просекот на претходните претседатели

Најновото истражување на CBS News/YouGov, спроведено од 5 до 7 февруари, покажува дека 53% од Американците одобруваат како Трамп ја врши функцијата. Меѓутоа, оваа бројка е сѐ уште помала од просекот од 61% за новоизбрани претседатели од Ејзенхауер наваму. Важно е да се забележи дека иако неговата поддршка е поголема кај републиканците, Трамп сѐ уште се соочува со висок процент на неодобрување, според останатите истражувања на Галуп и Пју Рисрч Центар.

Промовирани огласи »

УНИБанка АД Скопје и Развојна банка на Р.С. Македонија потпишаа Рамковен договор за учество во кредитната линија за финансирање на инвестиции и развој на приватни трговски друштва, т.н. Унгарска кредитна линија

УНИБанка Скопје е една од банките во земјата преку која клиентите, правни лица, ќе може да аплицираат за поволен кредит за финансирање на инвестиции и развој на приватни трговски друштва.

УНИБанка Скопје е една од банките во земјата преку која клиентите, правни лица, ќе може да аплицираат за поволен кредит за финансирање на инвестиции и развој на приватни трговски друштва.

Сметаме дека оваа кредитна линија има силна развојна и инвестициска компонента, и ќе допринесе за поттикнување на нови инвестиции во основни средства и поддршка на економскиот развој, иновации и инвестиции. Истите позитивно ќе влијаат врз економијата и ќе донесат нови вработувања, раст на БДП и сеопфатен економски раст и развој во државата.

Договорот потпишан со Развојна банка на Р.С. Македонија ќе ни овозможи пласман на кредитната линија согласно дефинираните критериуми на Владата.

Нашата соработка со Развојна банка на Р.С. Македонија, со оваа, како и со претходни кредитни линии, секогаш е во насока на зајакнување на македонската економија.

Со кредитната поддршка на нови инвестиции во основни средства преку оваа линија придонесуваме кон јакнење на капацитетот на домашните субјекти, кон зголемување на позитивните ефекти од нивното работење, создавајќи долгорочен придонес за економски развој на земјата.

Целта е подобрување на вкупните перформанси, зголемена економска продуктивност и поголема конкурентност на претпријатијата. Веруваме дека во земјава има компании со голем економски потенцијал, со проекти кои можат да бидат конкурентни на светскиот пазар, истакна Милка Тодорова, Претседател на Управен Одбор на УНИБанка Скопје.

Кредитот е со намена за нови инвестиции во основни средства, со фиксна каматна стапка од 1.95%, а максималниот износ на кредит изнесува 615.000.000 МКД при што се зема предвид и изложеноста кон поврзани лица. Кредитот е со максимален рок до 15 години, со вклучен грејс период до 3 години, без надомест за одобрување, управување и предвремена отплата.

Тагови: УНИ БАНКА АД

Промовирани огласи »

Љубов на Нептун начин

Псссссс! Љубовни попусти во Нептун Македонија!

Секој сака подароци. Нема ништо подобро од тоа да го направиш среќен оној што го сакаш. Но, доколку сте во дилема и не знаете што да им подарите на саканите, посетете ги Нептун продавниците или веб-страната на www.neptun.mk за да најдете голем број на производи по одлични цени, бројни попусти, оригинални подароци и супер идеи токму по повод 14 Февруари, Денот на вљубените.

Овој убав, неформален празник е вистинско време за подарување, а во Нептун ќе најдете епилатори, фенови, пегли за коса и тримери од врвни брендови за вашите дами. Издвојуваме и врвни модели на мобилни телефони по одлични цени, што без исклучок ќе израдуваат секого.  Ако вашата љубов е технолошки фан, убедени сме дека ќе го израдуваат матични плочи, графички картички, процесори и дискови. А ако не можете да се одлучите, во продавниците на Нептун секогаш ќе наидете на поддршка од едуцирани, професионални и обучени продажни асистенти за стручна помош при изборот.

Паметен часовник е наш фаворит за подарок и за него и за неа, бидејќи моќната технологија што ја поседуваат, овозможува безброј поволности и удобности за секого. Опремата за игри е исто така одличен подарок за сите гејмери, предлог е гејмерска опрема со врвни перформанси и функционалности. За добра атмосфера потребен ви е добар звучник, не можете да згрешите, а во Нептун ќе најдете модели за сечиј буџет.

Псссссс! Нептун Македонија имаат и сензуални подароци за парови, за вас имаме уште неколку смели предлози со кои може да го зачините овогодинешниот Ден на вљубените. Понудата е огромна, цените пристапни, а доставата дискретна. Зачинете ја вашата врска и уживајте во љубовта и сензуалноста.

Љубовните попусти во Нептун Македонија траат до 23.02.2025 и важат во сите продавници и на веб-страната на Нептун.

А за да заштедите време, ја препорачуваме мобилната апликација на Нептун Македонија, која го прави купувањето уште побрзо, поедноставно и побезбедно. Достапна е за сите мобилни уреди, и е совршен асистент за паметно купување. Само поставете си нотификации и известувања за попусти и сигурни сме дека ќе најдете многу решенија за вашите љубовни проблеми.

Тагови: Нептун Македонија

Промовирани огласи »

Овие 3 града денес имаат најлош воздух во Македонија

Според последните мерења, највисокото ниво на ПМ10 честички е забележано во Кавадарци, Тетово и Гостивар. Во тие градови, концентрацијата е многу повисока од нормалното.

Според утринските мерења, трите најзагадени града во Македонија денес се Кавадарци со 78 ПМ10 честички, Тетово со 74 и Гостивар со 72 честички. Овие нивоа на загаденост се значително над нормалните вредности, што укажува на потенцијални ризици за здравјето на локалните жители.

Концентрацијата на честички во други градови, како Скопје и Битола, е во границите на нормалното, со измерени 52 и 48 честички, соодветно. Сепак, жителите се повикуваат на претпазливост и мерки за заштита, особено во општините каде загаденоста е поголема.

Концентрација на ПМ10 честички во воздухот измерена во 05ч. Дозволена количина 50 µg/m³.

Скопје

17µg/m3Лисиче
7µg/m3Миладиновци
7µg/m3Ректорат
4µg/m3Центар
4µg/m3Гази Баба
3µg/m3Карпош

Македонија

14µg/m3Тетово
10µg/m3Кичево
10µg/m3Гостивар
10µg/m3Струмица
9µg/m3Битола
8µg/m3Гевгелија
8µg/m3Охрид
8µg/m3Велес
6µg/m3Кавадарци
4µg/m3Лазарополе
2µg/m3Куманово
Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »