Промовирани огласи »

Нови цени на горивата од полноќ

Ова се новите цени

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за еден денар по литар, а цената на бензините и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,33 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95  ќе изнесува 80 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 82, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 74, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 73,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,802 денари за килограм се намалува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 47,209 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,961 отсто, кај дизелот за 2,131 и кај екстра лесното масло за 2,031 отсто, додека кај мазутот има намалување за 2,27 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка, пак, е повисок за 0,0097 отсто.

Тагови: цени на горивата

Промовирани огласи »

Битиќи: СДСМ поднесе закон за намалување на ДДВ за струја од 18% на 5% и укинување на ДДВ на храната

Индексот на трошоците на животот во јануари 2025 година, во однос на истиот месец минатата година, бележи зголемување од 4.9%, додека индексот на цените на мало пораснал за 5.2 отсто, изјави Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ.

Животот во Северна Македонија станува сè поскап, а граѓаните сè потешко ги задоволуваат основните животни потреби. Индексот на трошоците на животот во јануари 2025 година, во однос на истиот месец минатата година, бележи зголемување од 4.9%, додека индексот на цените на мало пораснал за 5.2%, вели Фатмир Бииќи, пратеник на СДСМ.

Цените на основните прехранбени производи растат без контрола, а семејните буџети се под постојан притисок. Но тоа не е се, граѓаните веќе плаќаат и повисоки сметки за струја. Само во јануари тие се зголемија од 20% до 30%, што претставува уште еден тежок удар врз животниот стандард. Во овие услови, каде што растот на цените го надминува зголемувањато на приходи, сè повеќе семејства се соочуваат со финансиски тешкотии, а за многумина, месечната плата веќе не е доволна ниту за најосновните трошоци. Наместо Владата да интервенира и да ја заузда кризата, гледаме незаинтересираност, одолговлекување и целосно отсуство на мерки што ќе ја заштитат куповната моќ. Денес, како одговорна опозиција, предлагаме конкретни законски измени кои ќе доведат до заштита и подобрување на животниот стандард. Пратеничката група на СДСМ и коалицијата поднесоа Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за ДДВ, со кој бараме намалување на данокот за електричната енергија од 18% на 5%, но и укинување на ДДВ за основните прехранбени производи, односно негово намалување од 5% на 0%. Со овие предлог-измени, бараме системска реализацијата на две од седумте економски мерки на СДСМ, посочува Битиќи.

Според него, намалувањето на ДДВ за електричната енергија ќе значи 13% пониски сметки, односно поевтина струја за над 600 илјади домаќинства.

За сметка од 3.000 денари, граѓаните ќе заштедат околу 400 денари – износ што, наместо да оди во државниот буџет, ќе остане во семејните буџети. Додека пак, укинувањето на ДДВ за основните прехранбени производи ќе донесе до поевтинување на храната, односно намалување на цените на основните прехранбени производи за 5%. И покрај тоа што со месеци ветуваа мерки за намалување на цените, гледаме целосен дебакл на владините политики. Т.н. „антикризни празнични кошнички“ доживеаја фијаско! Најавеното замрзнување на маржите сè уште не е донесено! Додека Владата да реагира за цените на храната, граѓаните почнаа да плаќаат и повеќе за струја. Се формираше Министерство за енергетика, но минатата година тоа реализираше само 50% од планираните капитални инвестиции. Домашното производство на енергија не расте, што нè прави уште позависни од скап увоз. Во ноември, планираниот увоз на струја од соседните земји беше 0 GWh, но реално беа увезени 351,3 GWh. Истото се повтори во декември, кога планираниот увоз повторно беше 0 GWh, а се увезоа 425,7 GWh, истакна тој и додаде:

Она што Владата упорно одбива да го направи, СДСМ и коалицијата преземаат конкретни чекори да го спроведат. Со поднесувањето на овој Предлог-закон по скратена постапка, започнуваме процес за системска реализација на мерките што директно ќе го олеснат финансискиот товар на граѓаните. Ако ВМРО-ДПМНЕ навистина се грижи за животниот стандард, ќе го поддржи овој предлог. Секое одолговлекување значи нов удар врз семејните буџети. Секој глас „ЗА“ ќе биде глас за реални, опипливи решенија. Владејачкото мнозинство досега ја претвори скратената постапка во своја омилена политичка алатка – кога треба да се протурка закон за вонинституционално договорени партиските шеми. Но, денес, за првпат, им се дава можност да ја искористат оваа брза трака за нешто што навистина ќе го почувствуваат сите граѓани – за пониски сметки за струја и поевтина храна.

Промовирани огласи »

Најнови огласи за работа во државна администрација!

Огласи за работа во државна администрација!

Државната администрација нуди одлични можности за работа и кариера, а порталот KARIERA.mk е идеално место за најдобрите кандидати да ги пронајдат огласите за отворените позиции. 

На платформата ќе најдете различни работни места во јавниот сектор, од најниските до највисоките позиции во разни министерства, агенции и други државни институции.

Моментално отворени позиции:

Помлад соработник за координација на активностите и протоколарни работи на градоначалникот, Одделение за координација на активностите на градоначалникот, Сектор за поддршка на градоначалникот

Соработник за спортски активности, Одделение за култура и спорт, Сектор за образование, култура, спорт, здравство, социјална и детска заштита

Помошник раководител на сектор за образование, култура, спорт, здравство, социјална и детска заштита

Помлад соработник за обработка на податоци за реализирани договори, Одделение за јавни набавки, Сектор за општи работи и јавни набавки

Помлад соработник за административна поддршка на меѓународна соработка, Одделение за интеграција во ЕУ меѓународна соработка, Сектор за интеграција во ЕУ и меѓународна соработка

Сите останати позиции за во државна администрација можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Ко-основачот на Alibaba, Џек Ма, меѓу врвните технолошки шефови на состанок со кинескиот лидер Си Џинпинг

Кинеските технолошки титани, меѓу кои и Џек Ма, се сретнаа со Си Џинпинг во Пекинг. Состанокот означува нова ера на поддршка за приватниот сектор по години строги регулативи.

Кинескиот лидер Си Џинпинг го пречека соосновачот на Alibaba, Џек Ма, и врвните извршни директори на технолошки компании во Пекинг на состанок кој укажува на можен повраток кон про-бизнис политики по долготрајната регулаторна акција.

Покрај Ма, на настанот присуствуваа и основачот на Huawei, Рен Женгфеи, извршниот директор на BYD, Ванг Чуанфу, извршниот директор на CATL, Зенг Јукун и извршниот директор на Xiaomi, Леи Џун, како што беше објавено од државната телевизија CCTV.

Оваа симпозија се одржа само неколку недели по успехот на кинескиот стартап DeepSeek, чиј модел за вештачка интелигенција привлече внимание на глобалниот пазар за својата ефикасност. Тој успех внесе нова надеж за кинескиот технолошки сектор, кој сè уште закрепнува од повеќегодишната регулаторна кампања.

Потеклото на оваа кампања датира од крајот на 2020 година, кога Ма остро ги критикуваше кинеските финансиски регулатори, што доведе до најширока регулаторна акција во историјата на корпоративен Кина. Неговото присуство на состанокот со Си укажува на тоа дека властите се подготвуваат да завршат со најстрогата регулаторна фаза.

Состанокот ја истакнува важноста на приватниот сектор кој учествува со над 60% во домашниот БДП и овозможува над 80% од вработувањата, што ја прави оваа поддршка особено значајна за економскиот раст и враќање на довербата на претприемачите.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »